Влезниците за натпреварот Македонија - Косово пуштени во продажба

Почна продажбата на билетите за фудбалскиот натпреварот Македонија - Косово од плеј - оф фазата во Лигата на нации  за пласман на Европското првенство 2020.

Полуфиналниот натпревар од Лига на нации се игра на 26. Март на националната арена „Тодор Проески“.

Влезниците за јужната и северната трибина ќе се продаваат по цена од 300. и 400. денари, а едно лице може да купи еден билет со приложување на документ за идентификација (важечка лична карта или патна исправа).

Секој билет ќе биде персонализиран.

Од ФФМ предупредуваат навивачите да не купуваат влезници на т.н. „црн пазар“ со други податоци на влезниците, бидејќи нема да им биде дозволен влез на стадионот.

притисни ентер