Власта и опозицијата усогласени околу потребата за одговор кон Бугарија- формата непозната

 Сите политички партии се согласиле да реагираат на бугарскките барања, вклучително и претседателот Пендаровски, но од владејачката партија велат дека не треба предизборно да се политизираат меѓусоседските односи.

По испорачаните бројни услови од бугарската Влада меѓу кои бараат бришење на македонскиот јазик од ЕУ документите и откажување од македонското малцинство во Бугарија, на маса на лидерската средба се најде и контра-декларација за одбрана на македонските права. Сите политички партии се согласиле да реагираат на бугарскките барања, вклучително и претседателот Пендаровски, но од владејачката партија велат дека не треба предизборно да се политизираат меѓусоседските односи.

Ова прашање го отворил претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој смета дека Бугарија не навредува и треба да се одбраниме со гаранција дека нема да се откажеме од македонскиот јазик и македонското малцинство.

- Со тоа ќе кажеме дека тое е огромна навреда и не води кон подобрување на добрососедски односи, туку напротив ги заострува. На некои од наредните состаноци јас верувам дека тоа прашање ќе се отвори. Инсистирам да се донесе една резулација која ќе биде одговор дека не ни паѓа на памет ниту имаме намера како политички партии да постапиме согласно барањата на нашиот источен сосед,изјави – Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Дали декларацијата ќе биде владина, меѓупартиска или собраниска се уште не се знае. Од партиите велат дека оставаат простор да се најде заедничко решение.

Инаку, од бугарската Влада велат дека не го попречуваат почетокот на преговорите на земјава во Европската Унија, туку овие услови ќе ги бараат од Македонија на секое преговарачко поглавје со Унијата.

Шилегов: Следната година ќе биде готов мостот кој ќе ги поврзува Аеродром и Гази Баба

Градежните активности на новиот мост „АСНОМ" кој треба да ги поврзе општините Аеродром и Гази Баба се одвиваат според предвиденото темпо и очекувањата се дека до средината на следната година ќе биде заокружен овој проект.

Мостот ќе ги поврзува улицата „Васко Карангелевски" во Аеродром со улицата „Индустриска" во населбата Ќерамидница во Гази Баба. Вкупната должина на трасата изнесува 400 метри. Мостот ќе биде долг 150 метри, со шест коловозни ленти, а ќе има и велосипедски и пешачки патеки од двете страни.

Вредноста на договорот за изведба на оваа фаза изнесува 365,6 милиони денари со вклучен ДДВ.

– Денеска вршиме увид на интензивните градежни активности за изградбата на новиот мост на булеварот АСНОМ, односно втората фаза од пробивањето на булеварот. Веќе се поставени темелите, а мостот ќе биде со габарит како мостот Гоце Делчев и ќе овозможиме нов сообраќаен коридор од општина Аеродорм кон општина Гази Баба, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, која заедно со Шилегов изврши увид во градежните активности, изрази задоволство што главниот архитект е жена.

-Јас сум сигурна дека градоначалникот ме покани на овој објект, не само да видиме до каде се овие градежни работи, туку заради тоа што главен архитект на овој круцијален мост во нашиот град е жена, главната архитектка којашто го следи и го гради овој објект. Жените во светот и во нашата држава градат мостови, но не само фигуративно, тука имаме и практично прикажување дека жените навистина може да градат вакви објекти, кои се од огромно значење, не само за градот, туку за целата нашата држава. На тој начин ја менуваме перцепцијата за тоа што е машка, што е женска професија, изјави Царовска.

Од Град Скопје посочуваат дека изградбата на ваков мост на реката Вардар во планската документација на Скопје постоела уште од 1965 година, но оти поради осуството на визија за развој на градот и немањето чувство за вистински приоритети, изградбата била одложувања.

По изградбата на мостот, како што посочува Град Скопје, граѓаните од Ново Лисиче до Судската палата со автомобил ќе се стигнуваат за пет минути, со автобус за 10 минути, со велосипед за 18 минути, а со пешачење за 35 минути.

Николовски : На 15 јули изборот е јасен, европска иднина и развој

Уште само пет дена не делат од 15 јули, денот кога конечно ќе расчистиме со остатоците на режимот на Никола Груевски. 

Во среда носиме голема и важна одлука, одлучуваме за сопствената иднина, за иднината на нашите најблиски и за иднината на земјата. Затоа е важно да се гласа.

Одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад!

Дали ќе растат платите за сите или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски?

Дали ќе се заштитиме од КОВИД или ќе оставиме неодговорни луѓе да донесат хаос, паника и закана за здравјето на сите?

Дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или Мицкоски ќе ги спасува Камчев и Груевски?

Дали после НАТО влегуваме во ЕУ или ќе им дозволиме да го поништуваат Договорот од Преспа и да не носат во провалија?

Затоа на 15 јули, на целосно безбедни избори, треба да гласате за СДСМ и за сигурноста што ја носи нашето домаќинско и одговорно работење.

Не смееме да дозволиме влада на ВМРО-ДПМНЕ која носи опасност!

Работата не е завршена!

Затоа треба сите да излеземе на гласање и да ја донесеме големата одлука за европска, безбедна иднина.

Да не дозволиме да ја прокоцкаме шансата што заедно ја создававме овие три години.

Сите оние што на 15 јули ќе останат дома, даваат придонес и шанса на власт да се врати Груевски.

Тоа не смееме да го дозволиме.

Нашата држава, нашите граѓани нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт. Тоа ќе донесе хаос во државата.

Замислете како ќе изгледаше справувањето со КОВИД ако ДПМНЕ ја водеше владата. Погледнете што се случува низ земјите во регионот и Европа.

На 15 јули вие одлучувате кој ќе ја води борбата со КОВИД.

Подготвени ли сте вашето здравје и здравјето на вашите најблиски да им го доверите на Мицкоски и неговите луѓе?

Затоа, на 15 јули, да дадеме масовна поддршка за Коалицијата Можеме, која носи сигурност и заштита на здравјето на граѓаните.

Ја бараме вашата поддршка, за нов чист мандат за да продолжиме напред уште побрзо, за конечно да станеме држава со вистински европски вредности, европски политики и европски стандард.

Се обврзуваме пред вас дека судскиот систем ќе биде првата работа која ќе биде реформирана во наредниот мандат.

Како што покажавме одлучност и патриотизам во решавањето на отворените прашања и во внесувањето на земјата во НАТО, со истата одлучност, страст и сила ќе донесеме правда и владеење на правото за сите.

Единствената шанса да ја завршиме работата до крај и да донесеме правда, е со нов мандат на Влада предводена од Зоран Заев.

Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3

Повторно прием на поштенски пратки за САД и одреден број држави од Европа

 Повторно е воспоставен прием на поштенски пратки за САД и одреден број држави од Европа, информира АД „Пошта на Македонија" – Скопје.

Оттаму истакнуваат дека се во постојан контакт со меѓународните поштенски оператори и превозници и оти своето меѓународно работење го прилагодуваат на постојната состојба откако пандемијата на Ковед-19 во државите ширум светот предизвика значителни промени и во меѓународното поштенско работење.

Пописот на држави за кои е овозможено испраќање на поштенски пратки може да се види на следниот линк: http://ДРЖАВИ за кои може да се праќаат поштенски пратки , а тој се ажурира согласно околностите во државите.

Од националната пошта ги повикуваат сите корисници пред испраќање на поштенски пратки во меѓународен поштенски сообраќај да го проверат редовно ажурираниот попис на држави за кои може да се испраќаат поштенски пратки.

Последната денешна ажурирана состојба покажува дека поштенски пратки може да се испраќат во Австрија, Албанија, Англијам Аргентинха, Белгија, Босна и Херцеговина, Бразил, Бугарија, Германија, Грција, Данска, Индија, Италија, Израел, Јапонија, Коосво, Летонија, Молдавија, Норвешка, Полска, Романија, Русија, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Франција, Холандија, Хонг Конг, Хрватска, Црна Гора, Чешка, Швајцарија, Шведска и Шпанија.

– АД „Пошта на Македонија"– Скопје нема прекин во доставувањето на пратки од меѓународниот поштенски сообраќај, односно сите пратки кои пристигнуваат во државата се доставуваат до крајните корисници односно примачи, стои во објавата на веб страницата на поштенското претпријатие.

притисни ентер