3Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
МакедонијаВладата усвои информација за пораст на минималната плата од 1.812 денариВладата денеска на седница усвои информација за утврдување на минималната плата за 2025 применувајќи ги законски утврдените критериуми.Владата денеска на седница усвои информација за утврдување на минималната плата за 2025 применувајќи ги законски утврдените критериуми, каде минималната плата за 2025 година ќе бележи пораст од 2.685 денари во бруто износ, односно 1.812 денари во нето износ, соопшти владината прес-служба. Оттаму потенцираат дека Владата континуирано продолжува да го подобрува животниот стандард на граѓаните преку стабилен раст на економијата. Претходно премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање рече дека од април ќе се исплаќа законски предвидениот минималец или околу 2 200 денари повеќе од сегашната минимална плата и најави дека доколку следните месеци дојде до договор меѓу работниците и работодавачите за повисок износ, ќе се направат законски измени и дополнително нивелирање. - Денеска имаме владина седница, разговарав со министерот за економија, ќе поминеме информација. Согласно Законот мислам дека минималната плата ќе се зголеми на ниво од 24 400, така е според Законот. Немаме репрезентативен синдикат во Економско-социјалниот совет, се формираше Комисија која ќе ја утврди репрезентативноста. Се надевам дека наскоро тие што ќе бидат репрезентативни претставници на работниците заедно со работодавачите ќе постигнат консензус, а ние тој консензус ќе го почитуваме. Ако се договарат за поголема сума, ќе го промениме Законот и ќе навлеземе во дополнително нивелирање, рече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен-темелникот на мега-паркот во Радишани. Како што најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, до крајот на месецов треба да се направат пресметките и да се утврди висината на минималната платата. Во таа насока веќе е формирана Комисијата за утврдување на репрезентативноста на синдикатите и минатата недела е изгласана на седница на Владата. -Тие почнаа да работат за да одберат кој синдикат исполнува услови за да биде репрезентативен. По утврдувањето на репрезентативноста веднаш ќе го свикаме Економско социјалниот совет на кој ќе ја отвориме како тема минималната плата. Доколку работодавачите и синдикатите се договорат за друг начин на утврдување или друга вредност на минималната плата ние ќе бидеме таму за да им помогнеме на двете страни, рече Дурмиши на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата. Дурмиши очекува Комисијата многу брзо да ја утврди репрезентативноста на синдикатите. - Имаат многу работа затоа што треба да проверат многу документи, но таа комисија веќе е формирана и веќе работат на тоа. Сепак, сега за сега согласно законот кој е во сила до крајот на месецов треба да се утврди вредноста на минималната плата и покрај тоа што имаме ситуација без репрезентативност на синдикатите, појасни Дурмиши. Тагови: минимална плата влада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Македонија„Ниту една повеќе“ не сака политичари и партиски членови на нивните протестиНеформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ објави на социјалните мрежи дека „им забранува на сите партиски членови, сегашни и поранешни министри и премиери да доаѓаат на протестите што тие ги организираат против фемицидот .Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ објави на социјалните мрежи дека „им забранува на сите партиски членови, сегашни и поранешни министри и премиери да доаѓаат на протестите што тие ги организираат против фемицидот и како што велат, да го претвораат феминистичкиот отпор во квази-партиски декор за сопствената политичка беда“. Истовремено од граѓанската организација ги повикуваат сите изневерени, обесправени, понижени, повредени граѓани и граѓанки да излезат заедно со нив на улица и да побараат одговорност и правда. Нивната реакција следи откако на протестот кој се одржа завчера во скопје беа забележани поранешни политичари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Други спортовиШок во светот на Мото ГП: Марк Маркез ја завршува кариерата Шампионатот во Мото ГП останува без еден од своите најуспешни и најпрепознатливи возачи.Марк Маркез одлучи да ја заврши својата професионална кариера и ќе го има својот последен настап на патеката за време на викендот на трката за Големата награда на Валенсија, потврди неговиот тим. Веста за одлуката на шпанскиот мотоциклист беше објавена на социјалните мрежи на тимот, со порака што ги изненади фановите на овој спорт. „Официјално е - Марк Маркез одлучи да се пензионира од Мото ГП шампионатот, а Големата награда на Валенсија ќе биде неговата последна трка како професионален возач за тимот на Дукати Леново“. Маркез има кариера исполнета со рекорди, титули и враќања по сериозни повреди. Десет пати го освоил светското првенство во мотоциклизам, а со неодамнешниот триумф во Портимао стигна до осмата титула во најсилната категорија. Со тоа, се изедначи со легендарниот Џакомо Агостини, кој му подари златна кацига за време на прославата. Дукати сè уште не дале официјално објаснување зошто Маркез одлучил да се пензионира. Долгорочните физички проблеми се споменуваат како една од можните причини, првенствено повреди на раката и рамото. Шпанецот треба да се обрати на претставниците на медиумите напладне и подетално да ја објасни својата одлука. Неговиот пат до врвот започна во најниската класа. Својата прва светска титула ја освои во 2010 година, во категоријата до 125 кубни сантиметри, за време на неговата трета сезона во шампионатот. Потоа следеше преселба во Мото2, каде што му беа потребни две години за да освои нов трофеј, по што му беше дадено место во фабричкиот тим на Хонда и можност да се тестира меѓу најдобрите. Уште за време на неговото деби во кралската класа, тој покажа дека е возач од посебен калибар. Во 2013 година, Маркез стана првиот почетник што ја освои титулата во Мото ГП по Кени Робертс во 1978 година, а на само 20 години постави рекорд како најмлад шампион во историјата на натпреварувањето. Следната сезона, тој повторно беше најдобар, и тоа на импресивен начин - поголемиот дел од работата заврши со серија од десет последователни победи. Во 2015 година, тој мораше да му го предаде тронот на Хорхе Лоренцо, но веќе следниот ден започна нова ера на доминација. Од 2016 до 2019 година, Маркез освои четири последователни титули и го потврди својот статус на водечки возач на својата генерација. А потоа дојде период што сериозно ја загрози неговата кариера. View this post on Instagram A post shared by MotoGP™ (@motogp) Тежок пад во Херез во текот на летото 2020 година доведе до скршена рака и дури четири операции. Закрепнувањето траеше долго, и иако се враќаше на патеката и успеваше да победи, Хондата повеќе не беше толку конкурентна како порано, додека на Маркез му беше сè потешко да го извлече максимумот од моторот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТинејџер во мотел во Белград криел снајпер, бомби и над 100 килограми дрогаСрпската полиција вчера во Белград уапси 17-годишник, откако во просториите на мотелот што тој ги користел беа пронајдени снајперска пушка со пригушувач, пет рачни бомби и повеќе од 107 килограми супстанца за која постои сомневање дека е дрога.Малолетникот, кој е од околината на Петровац на Млави, е уапсен од припадници на полицијата од Нови Сад, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Пожаревац, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија. Што е пронајдено при претресот При претрес на апартманот и другите простории во мотелот, полицијата пронашла околу 100 килограми супстанца што наликува на марихуана, 3,5 килограми супстанца што наликува на кокаин и четири килограми супстанца што наликува на хероин, наведува српската полиција. Исто така, запленети се две дигитални ваги и пет куршуми за пушката. Малолетникот се сомничи за неовластено производство и трговија со дрога, како и за недозволено производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи. По апсењето, тој бил изведен пред судија за малолетници при Вишиот суд во Пожаревац. Полицијата не објави информации за потеклото на оружјето, ниту за тоа кој требало да ја добие дрогата. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39