Владата се откажа од две реформи, ЕК сепак задоволна од македонското темпо? - Канал 5

Владата се откажа од две реформи, ЕК сепак задоволна од македонското темпо?

Иако Владата се откажа од исполнување на два чекора од Реформската агенда, а за дел од реформските чекори според Министерот за европски прашања – Беким Сали, има реален ризик од доцнење, тој е на ставот дека ЕУ сепак е задоволна .

Владата се откажа од две реформи, ЕК сепак задоволна од македонското темпо?

Иако Владата се откажа од исполнување на два чекора од Реформската агенда, а за дел од реформските чекори според Министерот за европски прашања – Беким Сали, има реален ризик од доцнење, тој е на ставот дека ЕУ сепак е задоволна со темпото на исполнување на реформите па дури и размислува дел од неискористените средства на соседните држави да ги пренасочи спрема државава.

„Имаме признание и од делегацијата на ЕУ овде и од ЕК дека нашето темпо е многу побрзо растечко од другите држави во регионот. Сметаме дека сме втора држава, се бориме со Црна Гора да бидеме „фронтранерс„. / Се бориме средствата кои ќе останат неискористени од Србија, Косово и БиХ да се пренасочат спрема нас како фронтранерс држави. Дискутабилно е во ЕУ дали тоа ќе бидат првите 2 или 3 држави, тука се уште нема одлука.“

Како што потенцираше ресорниот министер, Македонија располага со над 1,3 милијарда евра европска поддршка од кои 750 милиони евра се преку Планот за раст и Реформската агенда за периодот од 2024–2027, а од вкупно 44 реформски чекори - 21 од нив се веќе поврзани со исплата од над 92 милиони евра. Сепак, Сали потенцираше дека искористеноста на добиените средства е многу ниска.

„Од тие 750 милиони евра, се околу 112 искористени, тоа би дошло околу 15-16%. Тоа е доволен знак да ни покаже дека ние сме многу бавни во привлекување на директната помош која што ни е на располагање и треба многу да работиме со институциите, особено со локалната самоуправа.“

Како што веќе потврди премиерот Христијан Мицкоски, едниот реформски чекор кој Владата се откажа да го спроведува се однесува на барањето од ЕУ државата да не обезбедува 100% електрична енергија бидејќи тоа ќе ги зголеми сметките за струја на домаќинствата за минимум 25%. Додека пак, вториот чекор кој нема да биде исполнет е носењето на новиот Изборен законик бидејќи како што изјави премиерот - со одлуката на опозициската СДСМ да замине од работната група - нема конзенсуз што значи дека не може да се донесе во Собранието.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Секси водителка ги откри тетоважите-„Се гледаат само кога сум без облека“

Атрактивната водителка ги откри своите тетоважи: „Имам многу, видливи се само кога не сум облечена“.

Фото: Секси водителка ги откри тетоважите-„Се гледаат само кога сум без облека“

Маја Џама го откри скриеното значење на својата тајна тетоважа на арапски јазик, која се протега преку нејзиниот бут и која ја направила кога имала само 15 години.

Шармантната водителка Маја Џама често е во центарот на медиумското внимание поради својот атрактивен изглед, но и поради малку бурниот љубовен живот. Таа неодамна раскина со фудбалерот Рубен Дијаз и се чини дека ужива во тоа што е сама.

Во кратко интервју, таа зборуваше за бројните тетоважи на своето тело, кои сепак не се толку лесно забележливи. За некои од нив го откри и нивното значење.

„Мојата прва тетоважа е оваа на бутот, веднаш над линијата на бикини-зоната. Ријана имаше тетоважа на тоа место и имам впечаток дека сите девојки веднаш побрзаа да го направат истото. Но, боже мој, имав 15 години кога со пријателките отидовме кај една жена во Бристол, а низ собата ѝ леташе папагал. Веројатно не ѝ било дозволено законски да нè тетовира, но сепак нè истетовира сите“, изјави таа.

-На мојата тетоважа на арапски јазик пишува: ‚Сакај како никогаш да не си бил повреден и танцувај како никој да не те гледа‘. Мислам дека навистина се водев според тоа. Тоа се двете работи што навистина ги правам! Имам доста тетоважи, но сфатив дека повеќето од нив се видливи само кога носам бикини или долна облека, бидејќи главно се наоѓаат на моите ребра, колкови и бутови“, додаде водителката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златко Далиќ си заминува од Хрватска: Веќе се појави името на новиот селектор

На денот кога хрватската репрезентација ќе се врати од Светското првенство, сосема е извесно дека Златко Далиќ ќе ја напушти селекторската позиција. 

Златко Далиќ си заминува од Хрватска: Веќе се појави името на новиот селектор

Најголем фаворит да го наследи е Славен Билиќ, објави порталот „24sata.hr“. Легендарниот хрватски дефанзивец, кој како играч освои бронзен медал на Светското првенство во 1998 година, веќе ги има предводено „Коцкестите“.

Во 2006 година, тој во првиот тим ги вклучи Лука Модриќ, Ведран Чорлука и Едуардо, со кои претходно соработуваше во младата селекција до 21 година.

Квалитетот, искуството и карактерот се издвојуваат како најголеми одлики на Билиќ, па се смета дека тој го поседува „целосниот пакет“ за да го преземе тимот што беше светски вицешампион во 2018 година и освојувач на бронза во Катар во 2022 година.

„Не помалку важно е тоа што Билиќ ја има поддршката од претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ, и од директорот на репрезентацијата, Стипе Плетикоса“, се наведува во текстот.

Под водство на Билиќ, Хрватска двапати ја победи Англија во квалификациите на патот до ЕУРО 2008, а драматично загуби во продолжението од Турција на завршниот турнир.

Тој ја водеше репрезентацијата шест години, а потоа беше тренер на Локомотив Москва, Бешикташ, Вест Хем, каде што беше и играч и успешен менаџер, бидејќи го освои седмото место во Премиер лигата, победувајќи ги Ливерпул и Манчестер Сити.

Во претходните години, Билиќ се занимаваше и со новинарство и ја водеше популарната емисија „Неуспехот на шампионите“, во која ги беше домаќин на најголемите спортисти од регионот, пред сè Новак Ѓоковиќ, Златан Ибраховиќ, Жељко Обрадовиќ и Лука Модриќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ивана Крол во „вратоврска и боди повторно ги „запали“ трибините,

На Светското првенство, најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол ги запали трибините со својот атрактивен изглед и минијатурна вратоврска. 

Фото: Ивана Крол во „вратоврска и боди повторно ги „запали“ трибините,

Хрватската фудбалска репрезентација со години ниже големи успеси, а на трибините секогаш ја следи најпознатата навивачка Ивана Кнол, која „освојуваше“ со својот стајлинг- вратоврска над намачканите бујни гради.

Но, вчера атрактивната Ивана не успеа да им помогне на своите соработници на зелениот терен да остварат успех во контроверзниот дуел во Португалија.

Хрватите доживеаја елиминација уште во осминафиналето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада – и тоа на крајно болен начин – а на тој натпревар присуствуваше Ивана Кнол.

Фоторепортерите ја следеа уште од моментот кога пристигна на стадионот во Торонто, неколку часа пред почетокот на натпреварот, а таа, како и секогаш, со задоволство позираше пред нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер