Владата очекува корегирање на одлуката за царините од САД - Канал 5

Владата очекува корегирање на одлуката за царините од САД

На два дена пред стапување на сила на новите царини кои американскиот претседател Доналд Трмап ги најави а со кој е опфатена и земјава, премиерот Христијан Мицкоски очекува наскоро ваква одлука да биде корегирана 

Владата очекува корегирање на одлуката за царините од САД

На два дена пред стапување на сила на новите царини кои американскиот претседател Доналд Трмап ги најави а со кој е опфатена и земјава, премиерот Христијан Мицкоски очекува наскоро ваква одлука да биде корегирана бидејќи како што рече, станува збор за грешка или погрешна информација. Вели Македонија е во постојана комуникација со САД, се прават анализи, се споредуваат податоци. Ставот дека се работи за грешка Мицкоски го темели врз податоците за трговската размена со САД во 2024 година, кога земјава е во дефицит од околу 70 милиони евра.

„Ние сме во работиме со нашиот партнер САД и очекувам да се корегира ова што очигледно е резулатат на некаква грешка или погрешна информација. Имајќи предвид дека нашата трговска размена со САД во 2024 година е во негатива односно сме во дефицит, а тие држави што се во дефицит немаат вакво зголемување на давачките.“-изјави Христијан Мицкоски – претседател на Владата.

Детали што за тоа што точно се преговара со САД засега нема бидејќи според премиерот процесот бил сензитивен, а по најавите на дел од соседните земји за преговори на ниво на земјите од блаканот премиерот вели засега таква опција не е на маса. Смета дека од зголемените царини секундарните ефектите врз македонската економија ќе бидат поголеми, отколку диркетните.

„Процесот е сензитивен и затоа не би откривал ништо во јавноста додека не се заврши договорот затоа што пристапот е таков, додека се не се заврши немаме ништо кога се ќе се заврши тогаш ќе излеземе во јавноста со детелни информации... “-изјави Христијан Мицкоски – претседател на Владата.

Инаку новите царини за земјава ќе изнесуваат 33%, што Трамп го претстави како одговор на македонски, кој според нивните калкулации изнесуваат 65%, но не е јасно како е стигнато до оваа пресметка. Според информациите од македонската царина минатата година нема увоз на производи од САД со повисока царинска стапка од 15 %, а според податоците на заводот за статистика извозот на македонски производи во САД изнасувал речиси 110 милиони евра, додека увозот 180, што значи дека земјава имала околу 70 милиони евра дефицит во трговската размена.

Направил грешка во кујната- докторите од стомакот му извлекле живо суштество

Бизарна приказна е забележана минатиот месец во Индија, откако неименуван маж се појавил во болница жалејќи се на проблеми со мокрењето.

Направил грешка во кујната- докторите од стомакот му извлекле живо суштество

Лекарите побарале ултразвук на абдоменот, не знаејќи каков ужас ќе откријат, објавува „Дејли стар“.

Што пронајдоа?

32-годишниот маж рекол дека проблемите започнале неодамна со болки во стомакот, додека УВ скенирањето пронашло црв од 30 сантиметри во неговиот мочен меур.

Станува збор за паразит наречен dioctophyma renale, попознат како џиновски бубрежен црв, па затоа беше наредена итна хируршка интервенција.

Лекарите успешно го отстраниле живиот црв, а фотографијата од него во метален сад предизвика загриженост кај многу корисници на социјалните мрежи.

Каде погрешил?

Пациентот имал среќа што џиновскиот црв бил мажјак, бидејќи женките достигнуваат должина од 100 сантиметри.

Тој призна дека неодамна јадел сурова риба и дека тоа не било прв пат. Докторите веруваат дека на овој начин го вовел паразитот во своето тело.

Овој вид на болест е многу редок, а студија од 2019 година објави дека во медицинската литература се евидентирани само 37 случаи.

Драма на аеродромот во Бергамо: Маж се сокрил меѓу тркалата на авионот (ВИДЕО)

Необичниот инцидент е снимен на меѓународниот аеродром Орио ал Серио Бергамо во понеделникот, 21 април, откако персоналот пронашол непознат маж како се крие меѓу тркалата на авион.

Драма на аеродромот во Бергамо: Маж се сокрил меѓу тркалата на авионот (ВИДЕО)

Властите веднаш ја известиле полицијата, која го привела мажот за идентификација, објавува „Дејли меил“.

Полициската истрага е во тек

Службениците на аеродромот во Бергамо изјавија дека по апсењето на мажот, „сите системи за надзор биле итно проверени, со што се потврдува нивното правилно функционирање“.

YouTube video

Полицијата ќе утврди како мажот успеал незабележано да се скрие во слетувачкиот систем на паркиран авион. Во него се вели дека инцидентот „не влијаел врз оперативните активности на аеродромот, ниту ги довел во опасност патниците и персоналот“.

Доколку не бил откриен, човекот лесно можело да загине откако авионот ќе полеташе. Кабината за тркала не е под притисок ниту загреана, а температурите на височината на летање се далеку под нулата.

Синот на заменичката на директорот на ЦИА загина во Украина, борејќи се на страната на Русија

Дваесет и едногодишниот Американец Мајкл Александар Глос потпишал договор со руското Министерство за одбрана и загинал борејќи се во војната против Украина во 2024 година, објави рускиот независен истражувачки портал IStories.

Синот на заменичката на директорот на ЦИА загина во Украина, борејќи се на страната на Русија

Она што ја прави неговата приказна уште поневеројатна е фактот дека неговата мајка, Џулијан Галина Глос, е заменик-директор за дигитални иновации на ЦИА.

Глос потпишал договор со руската војска на 5 септември 2023 година, според протечените податоци од Московскиот систем за управување со медицински информации (EMIAS).

Бил погребан во САД осум месеци по неговата смрт.

Во системот го внеле вработените во центарот за регрутирање на војници по договор во Москва, а како адреса на живеење - како и кај стотици други странски волонтери - ја наведоа адресата на самиот центар. Патем, во таа просторија се врши и лекарскиот преглед на кандидатите за регрутирање.

Според извор близок до Глос, американскиот државјанин бил распореден во единици за напад во декември 2023 година. Во тоа време, 137-от полк дејствувал северозападно од Соледар во регионот Донецк. Глос починал на 4 април 2024 година, како што е потврдено во некрологот објавен од неговото семејство. Точните детали за неговата смрт не се познати. Според погребалниот дом, тој бил погребан во Соединетите Држави дури осум месеци по неговата смрт.

Мајкл Глос е еден од повеќе од 1.500 странски државјани кои поминале низ московскиот центар за регрутирање за време на војната во Украина, чиј идентитет го открил IStories. Според порталот, платеници од вкупно 48 земји, вклучувајќи ги и членки на Европската Унија и САД, се приклучиле на руската страна во војната.

притисни ентер