Владата ќе ги зголеми глобите за маректите кои нема да го почитуваат законот за нефер трговски практики - Канал 5

Владата ќе ги зголеми глобите за маректите кои нема да го почитуваат законот за нефер трговски практики

Владата ќе ги зголеми глобите за маректите кои нема да го почитуваат законот за нефер трговски практики. 

Владата ќе ги зголеми глобите за маректите кои нема да го почитуваат законот за нефер трговски практики

Премиерот Христијан Мицкоски вели не може профитот да е пред граѓаните. Одговарајќи на новинарско прашање на отворањето на новата детска градинка во општина Сопиште, Мицкоски рече дека очекува во првиот квартал од годинава во Собрание да бидат доставени законските измени со кои ќе има драстично зголемување на паричните казни. Во моментов според сегашното законско решение, највисоката казна за непочитување на законот за нефер трговски практики е 20 илјади евра.

„Во перидоот кој следи се разгледува тоа но имаме и други приоритети кои веќе се во Собрание пред се реформската агенда така што очекувајте во овој прв квартал едно пошироко толкување да биде тоа во паралемтнтот.“ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Според Мицкоски, апелите и предупредувањата не дале резултат, и оредени трговци и натаму, вели го ставаат профитот пред граѓаните. Уште еднаш најави жестоки мерки за одредени трговски ланци, кои вели пробуваат да го изгираат законот.

„ Како Влада не сме љубители веднаш на репресивни мерки и секогаш во моите изјави се обидувам да испратам порака до тие кои се однесуват незрело, неодговорно и лакомо. На тој начин не може да се води бизнис - кога само едната страна добива. Тие сакаат да водат бизнис, тие да добиваат, а граѓаните да губат. Во овој случај, неколку ланци на маркети добиваат и бидејќи гледам дека сите наши апели не стигнуваат и се обидуваат да ги видоизменат тие нефер трговски пракси, тоа внимателно го документираме и следиме. Кога ќе бидеме целосно подготвени, а тоа мислам дека ќе биде наскоро, ќе преземеме жестоки мерки...“ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Очекувања се дека, податоците кои заводот за статистика ќе ги објави за неколку дена а ќе се однесуваат на инфалцијата во месец декември, ќе бидат во надолна линија. Додека Владата останува на ставот дека годишната инфалција според прокециите во 2026 та ќе се движи помеѓу 2 и 3 проценти.

Пред неколку дена министерот за економија Бесар Дурмиши рече дека во текот на следната недела ќе имаат анализа за тоа какви цени плаќале граѓаните за време на празниците и уште еднаш повтори нема да толерираат како што рече девијантно однесување, но што ќе покажат податоците и како ќе постапат надлежните – Дурмиши рече ќе се знае идната недела.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

На 03.10.2026 (сабота) со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Р.С.Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европски безбедносни служби: Русија подготвува бран саботажи во Европа

Европските безбедносни служби проценуваат дека Русија ќе ги засили актите на саботажа низ континентот во наредните месеци.

Европски безбедносни служби: Русија подготвува бран саботажи во Европа

Оваа информација произлегува од доверливи разговори што новинари од германскиот „Велт“ и британскиот „Телеграф“ ги воделе со безбедносни агенции. Висок функционер на НАТО потврди дека Алијансата очекува поагресивна реторика од Москва и зголемување на хибридните напади во Европа.

Според него, ова е реакција на Кремљ на зајакнувањето на одбранбените капацитети на Западот. „Сметаме дека Русија моментално е под огромен притисок – веројатно најголем од почетокот на војната и во текот на целиот мандат на Владимир Путин“, изјави функционерот.

Аналитичарите на германската влада исто така предвидуваат интензивирање на нападите. Како пример за овој општ тренд, тие го наведуваат неуспешниот напад со дрон врз украинскиот авион „Антонов“ на аеродромот во Лајпциг во август. Германските власти сметаат дека воената разузнавачка служба ГРУ е главниот двигател зад овие напади нарачани од Кремљ. Според извори од безбедносните служби, Русија првенствено е фокусирана на психолошкото влијание од ваквите акции.

Кизеветер: Можни се цивилни жртви

Москва има за цел да им сигнализира на европските општества дека поддршката за Украина носи ризици, обидувајќи се да влијае врз јавната дебата и да ја ослаби помошта за нападнатата земја, пренесува „Билд“. Ова вклучува директни закани и планирање напади врз раководители во компании од одбранбената индустрија кои ѝ помагаат на Украина. Германија, како еден од клучните сојузници, е особена цел.

Затоа, експертот за надворешна политика од ЦДУ, Родерих Кизеветер, очекува значително зголемување на руските саботажи и терористички напади. Тој смета дека Русија е подготвена да прифати и цивилни жртви.

„Нападите имаат јасна воена компонента. Русија смета дека е во војна со НАТО, Европската Унија и со нас“, рече Кизеветер. Тој побара воената помош за Украина „значително“ да се зголеми, на пример преку испорака на оружје со голем дострел, како што се крстосувачките ракети „Таурус“.

Експерти: Целта е ширење страв и слабеење на поддршката за Украина

Робин Вагенер од Партијата на зелените, заменик-член на парламентарната комисија за одбрана, вели дека „рускиот државен терор против членките на ЕУ служи за слабеење на Украина и на нашата волја за одбрана“. Тој предвидува понатамошна ескалација на оваа „војна во сенка“ и предупредува на широк спектар можни напади, од сајбер-напади и саботажи до атентати. Не ја исклучува можноста за воени провокации, на пример во Балтичкото Море. Вагенер смета дека е срамота што руската „флота од сенка“ непречено плови низ германските води и на тој начин обезбедува милијарди за воената каса на Путин.

И поранешниот шеф на австриската разузнавачка служба, Омар Хаџави-Пирхнер, гледа долгорочна стратегија во руските активности. Тој смета дека Кремљ го доживува односот со Европа како „системски конфликт“ и очекува повеќе летови со дронови и напади врз воената индустрија и критичната инфраструктура.

Песимистичка прогноза дава и поранешниот шеф на германската разузнавачка служба (БНД), Герхард Шиндлер. Тој тврди дека целта на хибридните напади е да се ослаби поддршката за Украина. „Населението треба да почувствува страв од директен воен конфликт и затоа да почне да се сомнева во смислата на помагањето на Украина“, објасни тој. Според Шиндлер, Путин има две клучни цели: воен успех во Украина и прекин на западната поддршка за Киев. „Затоа ќе ги интензивираат и двете – воениот притисок врз Украина и хибридниот притисок врз Западот“, заклучи Шиндлер.

Русија ги отфрла обвинувањата

На прашањето од „Велт ам Зонтаг“, руската амбасада ги отфрли „неоснованите обвинувања“ за наводната вмешаност на Русија во саботажни активности.

Германската индустрија бара подобра заштита од дронови

Од друга страна, политиката сака економијата во иднина посилно да се заштити од дронови. Според информациите на „Велт ам Зонтаг“, здружението на германската индустрија (БДИ) формирало работна група во која учествуваат речиси 100 компании. Надлежните органи моментално разгледуваат како компаниите можат подобро да ги заштитат своите капацитети и критичната инфраструктура од дронови. БДИ бара од владата прво да ги разјасни отворените прашања во врска со одговорноста за евентуални штети.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бела ноќ повторно во Скопје!

Во сабота /3 октомври/, од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.

Бела ноќ повторно во Скопје!

- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго.

За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври.

Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.

Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија.

Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност.

Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале.

Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат.

На 3 октомври, да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер