МакедонијаВладата донесе одлука за преименување на автопатот и аеродромот , се воведува единствен број за итни повици Е-112 На 53-тата седница на Владата е донесена одлука автопатот „Александар Македонски“ да биде преименуван во „Пријателство“; новото име на аеродромот „Александар Велики“ е „Аеродром Скопје“; усвоена е информацијата за потребата од воведување единствен број за итни повици Е-112; усвоен акцискиот план за вработување млади 2016-2020Владата на денешната 53-та седница донесе одлука автопатот А1 од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица, да се преименува во „Пријателство“. Исто така министрите на денешната владина седница ја прифатија одлуката аеродромот „Александар Велики“ од сега да го носи името Аеродром „Скопје“. „Овие две одлуки се одлична вест. Покажуваат дека оваа Влада е сериозна во носењето одлуки. Но, ја покажува и решеноста да најде решение за спорот со Грција“ – истакна амбасадорот ан Европската Унија, Самуел Жбогар. Тој денеска се обрати на редовната седница на Владата на Република Македонија. Презентирајќи ја стратегијата на Европската Унија за Западен Балкан, Жбогар истакна дека Република Македонија во последните неколку месеци бележи значителен прогрес. Меѓу другото, Жбогар рече дека проширувањето на ЕУ е во интерес на Унијата и дека таа ќе биде посилна ако е поголема. На денешната седница, министрите ја разгледаа и ја усвоија информацијата за надминување на проблемот со канцеларискиот простор и депото на државниот архив. Информацијата предвидува можни решенија за државниот архив на Македонија, односно дали и каде би се дислоцирал истиот за да се заштити архивската граѓа, но конечната одлука ќе се донесе во наредниов период. На седницата беше разгледана Информација за можноста за изменување на Законот за работни односи во насока на кратење или елиминирање на обврската за објава на оглас за вработување, според препораките на извештајот „Doing Business 2018“ на Светска банка, со што економијата на земјава би добила поголема функционалност. Но, Министерството за труд и социјална политика на владината седница го претстави негативното мислење за оваа мерка, бидејќи со евентуално кратење на роковите за пријавување на кандидати за работно место, ќе се доведе во прашање уставно утврденото право на секој човек, под еднакви услови да му е достапно секое работно место. Дополнително, во Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2018 година, предвидено е изготвување на нов Закон за работните односи, на кое ќе претходи анализа и ревизија на постоечките одредби во Законот. Притоа, во утврдувањето на содржината на новиот закон ќе бидат вклучени сите засегнати страни, односно организации на работодавачи, синдикати, професори, судии, адвокати, како и релевантни институции, со коишто ќе се спроведат широки консултации, а ќе се направи анализа и на оправданоста на препораката на Doing Bisiness, со цел крајниот резултат да биде закон со современи решенија и напредни трудови стандарди. Владата исто така ја усвои информацијата за потребата од воспоставување на единствен комуникациско – информативен систем со единствениот европски број за итни повици Е-112 во Република Македонија. Владата го задолжи Центарот за управување со кризи во наредниот период, заедно со неколку надлежни министерства, како и институции да најде начин за обезбедување финансиски средства потребни за реализација на активностите. Министрите на седницата ја прифатија и информацијата за проширување на листата на органи во состав на министерствата, односно јавни претпријатија, самостојни органи на државна управа основани од Владата на Република Македонија, самостојни органи на државна управа основани од Собранието на Република Македонија, правни лица со јавни овластувања, регулаторни тела основани од Собранието на Република Македонија, акционерски друштва во државна сопственост и единиците на локална самоуправа коишто треба да ја објават листата со 21 документи и акти на своите веб-страници. Владата на денешната седница ја прифати предлог-одлуката за формирање на Совет за управување со јавни финансии на предлог на Министерство за финансии, имајќи предвид дека овој совет е клучно тело од структурата за управување, координација, следење и известување за спроведувањето на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии. На предлог на министерството за труд и социјална политика, Владата ја разгледа и ја прифати информацијата со план за имплементација на Гаранција за млади (прва фаза 2018-2019 година), како и Акцискиот план за имплементација на Гаранција за млади во три пилот општини во 2018- та година. На предлог на истото министерство, Владата го усвои и акцискиот план за вработување на млади 2016-2020-та година. Со цел зголемување на капацитетот за опфаќање на децата со аутизам, Владата ја прифати информацијата на министерството за труд и социјална политика за изградба на центар за деца со аутизам. Истиот ќе биде во дворот на Заводот за рехабилитација за деца и младинци, во населбата Топанско Поле во Скопје. Владата ја разгледа и усвои информацијата за плановите на министерството за одбрана за понатамошен развој и промоција на „Криволак“ како меѓународен полигон за обука и извежбување. Министрите на денешната седница, ја прифатија предлог одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко – индустриската развојна зона Скопје 1, или ТИРЗ 1 со Друштвото за производство, трговија, промет и услуги ДОГАН ОТОМОТИВ ДОО увоз – извоз Скопје. Станува збор за компанија која произведува резервни делови за автомобилската индустрија. На денешната владина седница министрите исто така го разгледуваа и степенот на реализација на мерките предвидени со планот 3-6-9. На седницата владата го именуваше Љупчо Јаневски за в.д. директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, а Данаил Ден Дончев е реизбран на позицијата в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотИталија по 40 години и се враќа на нуклеарната енергија Четириесет години по затворањето на нуклеарните централи поради катастрофата во Чернобил, Италија се подготвува за нивно враќање. Владата на премиерката Џорџа Мелони сака да ја зајакне енергетската безбедност на земјата. Владата смета на поддршката од помладите генерации, кои на нуклеарната енергија гледаат како на извор на електрична енергија со ниска емисија на јаглерод, клучен за справување со климатските промени и за стабилизирање на снабдувањето. Аналитичарите проценуваат дека властите се надеваат оти поддршката од младите ќе го надмине отпорот на постарите генерации, кои биле сведоци на несреќата во 1986 година и гледаат со недоверба на атомската енергија. Италијанците веќе двапати гласале на референдуми против нуклеарните централи, пишува „Асошиејтед прес“. Се очекува Парламентот следната недела да ја одобри законската рамка за нуклеарни технологии од новата генерација. Потоа, Владата ќе има рок од 12 месеци да донесе прописи во врска со издавањето дозволи за реактори, безбедносните стандарди, одлагањето на отпадот и изборот на локации. Пред гласањето, Џилберто Пикето Фратин, министерот за животна средина и енергетска безбедност, изјави: „Должност на Владата во овој момент е да создаде услови за оние што на крајот ќе одлучуваат за постројките, да можат да го сторат тоа“. Дебатата во Италија се надоврзува на поширокиот европски тренд, бидејќи земји како Франција и Полска ја прошируваат или воведуваат нуклеарната енергија за да обезбедат енергетска сигурност и да ги исполнат климатските цели. Сепак, случајот со Италија е единствен, бидејќи вклучува обид за оживување на индустрија што јавноста претходно ја отфрлила. Италија некогаш беше европски лидер во областа на нуклеарната енергија. Нејзините четири реактори работеа сè до референдумот во 1987 година – одржан по катастрофата во Чернобил – со кој практично беше запрена програмата. Подоцнежниот обид за оживување на секторот беше прекинат во 2011 година по катастрофата во Фукушима, кога 94 отсто од гласачите се спротивставија на изградбата на нови реактори. Евентуалното враќање кон нуклеарната енергија би претставувало еден од најамбициозните енергетски пресврти во Европа. Владата на Џорџа Мелони својот план го оправдува со растечката побарувачка за електрична енергија, климатските цели и неизвесноста предизвикана од руската инвазија врз Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизРаперот Пи Диди завршил во самица поради тепачка во затвор Некогаш мегапопуларниот рапер Пи Диди заврши во самица поради тепачка во затвор. Раперот не престанува да прави проблеми по пресудата.Шон Диди Комбс, познат како Пи Диди, во октомври 2025 година беше осуден на 50 месеци затвор под обвинение за поттикнување или овозможување проституција. Познатиот музички магнат Шон „Диди“ оваа недела бил сместен во самица по тепачка со друг затвореник. Според TMZ, музичарот влегол во жестока расправија поради острите критики упатени кон него од друг затвореник, поради што „ја зел работата во свои раце“. Повеќе извори наведуваат дека затворениците во затворот „Форт Дикс“ се тепале и се туркале меѓусебно. Затворскиот персонал ги раздвоил мажите, а Комбс бил сместен во самица, велат изворите. Не е познато дали тој сè уште се наоѓа таму или дали конфликтот ќе влијае на датумот на неговото ослободување во 2028 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски и Трамп во Белата куќа. „Средбата беше добра“Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа за да разговараат за нови дипломатски напори за ставање крај на војната во Украина. Двајцата лидери разговараа и за можноста за лиценцирано производство на американски системи за противвоздушна одбрана, пренесува „Киев индепендент“ (The Kyiv Independent). По средбата, Зеленски изјави дека таа била „добра“. „Со претседателот разговаравме за лиценци за производство на пресретнувачи за системот ’Патриот‘ и за неколку други идеи што би можеле да помогнат“, рече Зеленски. „Исто така, се осврнавме и на дипломатијата. Важно е тој процес повторно да се активира, а нашите тимови ќе ја организираат понатамошната комуникација.“ Средбата започна во 9:47 часот по локално време, траеше околу еден час и се одржа зад затворени врати, потврди претставник на Белата куќа. Советниците на украинскиот претседател сметаат дека Трамп станал посклонен кон Украина и дека оваа средба е можност да се обезбеди неговата поддршка.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20