МакедонијаВладата да не ги игнорира добрите здравствени политики на СДСМВладата да не ги игнорира добрите здравствени политики на СДСМ, за здраво општество потребна е одговорна власт.По повод Светскиот ден на здравјето, Форумот на жени на СДСМ организираше панел дискусија на тема „Здрави почетоци, силно општество“, посветена на актуелната состојба на здравствениот систем и значењето на здравите почетоци за секоја држава. Специјалистите и експертите на панелот, меѓу кои и проф. д-р Маја Мојсова Миовска, проф. д-р Ана Данева Маркова и проф. д-р Маја Манолева, споделија свои искуства како и постигнувањата во здравствениот сектор за време на владеењето на СДСМ. Проф. д-р Ана Данева Маркова посочи дека со доаѓањето на власт на СДСМ во 2017 година, здравствениот систем беше во критична состојба, со катастрофални показатели за перинаталната и неонаталната смртност. Преку вложување во мајките и новороденчињата, и преку донесување на стратегија за подобрување на здравствената грижа, постигнати се значајни резултати. Перинаталната смртност е намалена трипати, а неонаталната смртност од 9 на 0,9 за 2023 година. Проф. д-р Маја Манолева истакна дека добрите здравствени политики на СДСМ не се само инвестирање во здравјето, туку и во иднината на општеството. „Здравиот почеток не е привилегија, туку право на секој новороденчен, а здравото општество започнува со грижа за најмладите,“ додаде Манолева. Денес многу од овие политики и напори не се продолжени или дури запоставени од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. И покрај значајните резултати кои ги постигневме за унапредување на здравствената грижа, скоро година дена здраствениот систем е во застој. Владата не покажува истата посветеност и континуитет во имплементацијата на клучните политики кои придонесоа за намалување на смртноста и подобрување на условите за здравје на мајките и новороденчињата, но и за основни потреби на лицата со инсулинска терапија кои последнава година се соочуваат со недостаток на инсулин. Д-р Маја Мојсова Миовска истакна дека трансплантацијата е врниот дел од медицината коишто укажува дека здравствениот систем има достигнато ниво за да се видат ефектите од трансплантациската медицина, која за жал уште е само како програма во Министерството за здравство, иако пред 5 години стигнавме до некое ниво кога беше првото срце трансплантирано во Македонија, со кое се подигна и свеста кај граѓаните. „Стигнавме до одредено ниво и за жал не успеавме да го довршиме тоа. Не гледам дека нешто се поместува во моментот, не треба да се напуштат претходните добри политики на СДСМ и веќе обучените кадри и тимови, нивното знаење треба да се искористи и системот кој веќе го воспостави СДСМ треба да продолжи“, додаде д-р Мојсова Миовска. СДСМ ќе продолжи да предлага конкретни мерки за развој и унапредување на здравствениот систем, систем кој инвестира во здравјето на луѓето и кој има за цел да обезбеди здраво и силно општество. Граѓаните заслужуваат нормални и достоинствени услови за здравствена грижа, а тоа не може да се постигне без конкретни политички решенија и отсутност на визија. СДСМ - Центар за комуникации со јавностаТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
МакедонијаНиколоски: ВМРО-ДПМНЕ е обединето и силно, во постојана координација и комуникација со членствотоВчерашниот ден го завршивме со состанок со општинскиот комитет во Неготино.ВМРО-ДПМНЕ е обединето и силно, во постојана координација и комуникација со членството. Во директна комуникација со членовите разговаравме за развојни проекти, нови политики кои ќе донесат уште поголем развој на државата. фб објава на Александар Николоски, вицепремиер и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЧупиќ ги распиша претседателските избори во СрбијаПретседателот на српскиот Парламент, Александар Чупиќ, денес ги распиша вонредните претседателски избори, кои ќе се одржат во недела, на 27 декември. Чупиќ ја потпиша одлуката за распишување на изборите напладне во Домот на Народното собрание. „Почитувани граѓани, во согласност со член 114, ги распишувам изборите за претседател на Србија, кои ќе се одржат на 27 декември.„Се надевам дека ќе имаме тежок избор помеѓу водечките кандидати и нивните програми, нека јавните дебати и демократскиот изборен процес бидат покана за голема излезност“, рече претседателот на Народното собрание и продолжи: „Ги повикувам граѓаните да бидат одговорни и да излезат на гласачките места на 27 декември. Нека јавните дебати бидат повик за голема излезност. Ги повикувам граѓаните да бидат одговорни за волјата да роди претседател со силен интегритет. Да живее Србија.“ изјави Александар Чупиќ. „Оваа одлука стапува на сила од денот на објавувањето во Службен весник“, рече Чупиќ на прес-конференцијата. Роковите за спроведување на изборните дејствија почнуваат од денот на распишување на изборите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоради процесот Брдо-Бриони во Охрид и Струга посебен режим на сообраќајПоради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што денес и утре ќе се одржи во Охрид, од денеска во Охрид и Струга, на сила се засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај, информираат од МВР.Станува збор за активности насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците, објектите и локациите опфатени со протоколот за посета. Полициските станици за безбедност во патниот сообраќај во Охрид и Струга, на трасите предвидени за движење на возилата под придружба, интензивно спроведуваат мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот во двата града, особено по булеварот „Туристичка“ во Охрид, на дел од автопатот Охрид-Кичево, во централното градско подрачје во Струга, по регионалниот пат Струга Струга-Дебар, како и по други улици и сообраќајници каде што нема да биде дозволено запирање и паркирање моторни возила. Тука, предвидени се краткотрајни застои во сообраќајот кои ќе трааат до поминување на возилата со кои се превезуваат учесниците на средбата. Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности на терен, СВР Охрид навремено воспостави контакти и координација со службите на локалната самоуправа, со правните субјекти задолжени за одржување на патиштата и улиците, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици во општините Охрид и Струга, јавните претпријатија и други релевантни институции. Апелираме до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила, да ги почитуваат насоките на полициските службеници на терен, со цел непречено одвивање на сообраќајот и безбедноста на сите учесници а своите возила, да ги користат само во неопходни случаи во периодот на спроведување на мерките, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter