Влада: Иванов го прекрши Уставот, парламентарната демократија мора да функционира

Иванов беше должен да го потпише указот за прогласување на двата закони, а кога тој одлучува да го крши Уставот, неопходно е да се преземат мерки кои се во согласност со Уставот.

Донесувањето на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија и Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните (Договорот од Преспа), е во целосна надлежност на Собранието на Република Македонија, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Од Владата на Република Македонија ја поддржуваат одлуката двата закони да бидат објавени во „Службен весник на РМ" со потпис на претседателот на Собранието, имајќи го предвид прекршувањето на Уставот од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов.

-Иванов беше должен да го потпише указот за прогласување на двата закони, а кога тој одлучува да го крши Уставот, неопходно е да се преземат мерки кои се во согласност со Уставот за да продолжи да функционира парламентарната демократија, се наведува во соопштението од Владата.

Оттаму посочуваат дека, според член 51, став 2 од Уставот на РМ, секој е должен да ги почитува Уставот и законите и тоа е обврска и за претседателот на државата.

Членот 75, став 3 од Уставот на РМ, како што велат од Владата, е јасен „претседателот на државата е должен да го потпише указот за прогласување на законите што ги носи Собранието на Република Македонија, доколку тие по втор пат се донесат со потребното мнозинство во законодавниот дом, односно Собранието".

-И двата закона, Законот за употребата на јазиците во Република Македонија и Законот за ратификација на Договорот од Преспа, се усвоени по втор пат со потребното мнозинство во Собранието на Република Македонија. Законот за употреба на јазиците во март оваа година, а Законот за ратификација на Договорот од Преспа на 5 јули, исто така оваа година. Согласно уставните одредби, а поради неизвршување на обврските на претседателот на државата, на претседателот на Собранието на Република Македонија единствено што му преостана е да ја исполни должноста што произлегува од Членот 52 од Уставот, согласно кој законите што по втор пат се донесени со потребното мнозинство во законодавниот дом треба да бидат објавени во „Службен весник на РМ", 7 дена по нивото донесување, стои во соопштението.

Од Владата на Република Македонија сметаат дека со оваа постапка претседателот на Собранието на РМ ја запре тенденцијата една церемонијална постапка на претседателот на државата да се претвори во преседан кој се закануваше да го блокира функционирањето на системот и тоа со кршење на Уставот со оглед на фактот дека, според заедничкото читање на Член 75 и на Член 52 од Уставот, претседателот на државата е должен да потпише указ секогаш кога Собранието по втор пат одобрува донесување закон.

Владата на Република Македонија во соопштението потсетува дека претседателот на државата, не е законодавно тело, и дека тој бил повикан повеќе пати да го почитува Уставот и да постапи согласно законските обврски, и укажува дека иницијативата на претседателот на Собранието на РМ ги враќа постапките предвидени за вакви случаи назад во рамката што ја определува Уставот и законите.

Дарманин: Стотици, вклучително и полицајци повредени во немири во Нова Каледонија

Стотици луѓе, вклучувајќи околу 100 полицајци и жандарми се повредени во немирите во Нова Каледонија, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин.

Дарманин рече дека властите допрва треба да ги утврдат „околностите“ што доведоа до застрелување на едно лице во текот на ноќта . Тој додаде дека десетици домови и деловни објекти биле запалени за време на немирите поврзани со гневот поради уставните реформи.

-Повеќе од 130 лица се приведени во Нова Каледонија, француска прекуморска територија, по втората ноќ на насилни протести, соопштија денеска француските власти.

Немирите започнаа во понеделникот додека Франција расправаше за планираниот закон со кој на илјадници француски граѓани на јужниот пацифички архипелаг ќе им се даде право на глас, а со тоа и поголемо политичко влијание. Националното собрание во Париз преку ноќ ја усвои реформата со 351 глас за и 153 против.

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Весникот „Катимерини“ во текстот под наслов „Атина ја очекува новата Влада во Скопје“ го пренесува ставот на актуелната грчка Влада дека државата има континуитет и дека покрај нивното несогласување пред да се изгласа Договорот од Преспа, сега го поч

Ставовите од ЕУ и НАТО, но и внатрешните реакции во Грција, односно позициите на опозициските партии и секако на Владата во однос на Договорот од Преспа и понатаму се во фокусот на грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Весникот „Катимерини“ во текстот под наслов „Атина ја очекува новата Влада во Скопје“ го пренесува ставот на актуелната грчка Влада дека државата има континуитет и дека покрај нивното несогласување пред да се изгласа Договорот од Преспа, сега го почитуваат.

Истакнува дека следниот чекор што се очекува е формирањето на Владата кај нас на крајот на мај, кога ќе биде претставена програмата „што ќе покаже каде одат соседите“.

Грчката телевизија „Опен“ во прилогот од Скопје, пренесува ставови на граѓани кои ја истакнуваат важноста на европската перспектива на земјата, но и изјава на поранешниот премиер Зоран Заев, кој го коментира ставот на новата претседателка.

-Неусогласувањето носи одговорности и сериозни последици за државата што веднаш ќе се почувствуваат од граѓаните. Одговорноста не е само политичка, туку и правна. Па така, како носители на највисоките државни функции, ќе треба да ги почитуваат Уставот, меѓународниот Договор од Преспа и законите, вели Заев за телевизијата „Опен“.

Употребата на името „Македонија“ од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, предизвика и внатрешно-политички конфронтации во Грција меѓу Владата и опозициските партии, заедно со останатите актуелни грчки теми, со оглед на тоа дека земјата веќе е во предизборен период во пресрет на евроизборите на 9 јуни.

Трите меморандуми за соработка што сè уште не се ратификувани во грчкиот Парламент се во фокусот на меѓусебните препукувања на релација Нова демократија – СИРИЗА.

Грчката Влада вели дека ставот на Сиљановска Давкова ја оправдува нивната позиција за доцнење на ратификацијата, додека пак од СИРИЗА доцнењето сметаа дека не ѝ оди во прилог на Грција и најавуваат законска иницијатива за носење на меморандумите пред пратениците.

Самит Македонија 2025: Повик за мобилизирање на сите ресурси за економски развој

Потребна е интензивна и темелна акција во наредниот период. 

Напредокот е бавен и недоволен за да ги постигнеме нашите цели и неопходни се силни и решителни активности, порача на отворањето на 13. Самит „Македонија 2025“, Никица Мојсовска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025.

На повеќето меѓународни рангирања и извештаи, посочи, државава заостанува и зад земјите во регионот и зад аспиративните врсници. Предизвиците за Македонија покрај ниското ниво на економски развој се и големите геополитички промени кои влијаат на малите економии, како и големиот одлив на мозоци.

-Се чини дека нови линии на поделба континуирано се развиваат во земјата. Нискиот животен стандард и нискиот квалитет на живот дополнително ја влошуваат поделбата што доведува до битка за тоа кој ќе го зграби поголемиот дел од јавниот колач – јавни вработувања, тендери, злоупотреба на јавните ресурси итн. Етничката поделба е силна и се чини дека навлегува во секоја суштинска дискусија и јавна дебата. Долгата транзиција и отсуството на значаен напредок ги попречуваат нашите погледи кон реалноста и нашата способност да размислуваме долгорочно. Сегашните геополитички случувања дополнително наметнуваат сложеност и неизвесност на целокупното окружување и на расположивиот простор за реформи. Сето ова како и бавниот напредок во приближувањето кон животниот стандард на ЕУ нешто што е цел на секој еден граѓани во оваа држава повикува на интензивна и темелна акција во наредниот период, рече Мојсовска Блажевски.

Се осврна на изборните резултати на последните парламентарни и претседателски избори кои како што рече, дадоа силна поддршка за нова политилка опција и нова програма и идеологија. - Меѓутоа, свесни се дека предизвиците на патот се многу многу големи, потенцираше извршната директорка на „Македонија 2025“.

Го повтори повикот на „Македонија 2025“ за здружување на сите на патот до просперитет преку платформата „Една визија за збрзан раст“.

-Фундаментите на оваа визија се: нулта толеранција за корупција, континуиран раст на БДП над пет проценти, преку зголемени инвестиции во образование, деловни и регулаторни реформи, поддршка на извозот и намалување на сивата економија, квалитена и ефикасна јавна администрација и пристапување во Европската унија. Апелираме и ги повикуваме политички партии, бизнис заедницата, академската јавност и сите граѓани да ги здружиме напорите и ресурсите за создавање подобра иднина. Мора да ги мобилизираме сите наши ресурси денес за да ја обликуваме нашата иднина, рече Мојсовска Блажевски.

Најави дека „Македонија 2025 ќе ја активира целата своја мрежа и ресурси за да ги поддржи овие принципи кои се фундаментални за забрзан раст.

Во тек на Самитот ќе се одржат 12 панели со над 50 говорници кои ќе говорат пред 500 гости.

Идејата на основачите на „Македонија 2025“ е се поддржи развојот на Македонија со тоа што земјата до 2025 година би станала развиена земја, членка на евроатлантските интеграции, односно на НАТО и ЕУ.

Организацијата „Македонија 2025“ минатата година спровела 40 програми во кои биле вклучени над 1500 лица, средношколци, студенти, менаџери, компании. Од основањето на организацијата досега се спроведени програми за поддршка на економскиот развој во вредност од четири милиони долари.

притисни ентер