Манчестер сити го победи Тотенхем и дојде на чекор до трофејот во Премиер лигата - Канал 5

Манчестер сити го победи Тотенхем и дојде на чекор до трофејот во Премиер лигата

Манчестер сити синоќа на гостински терен го совлада Тотенхем со 2:0 во одложениот натпревар од 34. коло на Премиер лигата.

Манчестер сити го победи Тотенхем и дојде на чекор до трофејот во Премиер лигата

Двоен стрелец беше Ерлинг Халанд. Норвежанецот го отвори резултатот во 51. минута и реализираше пенал во првата минута од судиското надополнување.

Голманот на Манчестер сити, Едерсон се повреди на половина од вториот дел. Тој беше заменет со Стефан Ортега во 69. минута.

Манчестер сити со 88 бода се искачи на врвот на табелата во Премиер лигата престигнувајќи го Арсенал кој има 86 бода.

Во последното коло „Граѓаните“ на домашен терен ќе го пречекаат Вест Хем, а „Топџиите“ на домашен терен ќе играат со Евертон. Двата натпревари ќе се одиграат на 19 мај.

Тотенхем со 63 бода останува петти во поредокот. Во последното коло избраниците на Анже Постекоглу ќе се сретнат со Шефилд јунајтед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение за ограничениот престој во Шенген-зоната

Здруженијата на професионалните превозници од земјите од Западен Балкан денеска треба да одржат регионална средба во Скопје.

Превозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение  за ограничениот престој во Шенген-зоната

Здруженијата на професионалните превозници од земјите од Западен Балкан денеска треба да одржат регионална средба во Скопје, на која ќе разговараат за проблемот со кој се соочуваат во однос на ограничениот престој во земјите од Шенген-зоната на 90 дена во период од 180 дена.

На средбата, која по првпат се одржува во земјава, е најавено учество на раководствата на здруженијата на превозниците од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Превозниците веќе испратиле писмо до Европската унија со барање за директна средба со цел надминување на проблемот со кој се соочуваат.

Тие го поставија 10 август 2026 година како рок до кој очекуваат од брисел да каже како ќе се реши статусот на професионалните возачи, но засега останаа без конкретен одговор.

Министерот за транспор Николоски минатиот месец изјави дека проблемот со професионалните возачи земјава го решава самостојно преку билатерални разговори со држави од Европската унија, а не заедно со другите земји до Западен Балкан бидејќи, според него, ова прашање се злоупотребува од дел од нив за политички цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ дизелот поевтин за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар

Големо намалување на цените на дериватите.

Од полноќ дизелот поевтин за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар

По неколкунеделен пораст од полноќ цената на дизелот падна за осум денари. Со новата одлука на Регулаторна и оваа недела се намалува цената на бензините, и тоа за 4 денари за литар. Новите намалени цени се пресметани со пониските акцизи..

Новата цена на Еуросупер -95 од ноќеска на полноќ изнесува 87 денари додека на Еуросупер -98 е 89 денари за литар. Дизелот од полноќ се продава по цена од 91,5 денари за литар

Од владата за Канал 5 велат дека се додека на сила е кризната состојба акцизите ќе се нивелираат согласно закон. Во моментов во пресметките на Регулаторна и оваа недела се вкалкулирани намалени акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“

Пред точно 34 години на денешен ден,11 август 1992 година, неполна година по прогласувањето на независноста, Собранието ги утврди два од клучните државни симболи на Македонија – знамето и химната „Денес над Македонија“.

На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“

Со тогашниот Закон за знамето беше утврдена црвена основа со златно-жолто сонце составено од осум основни и осум споредни зраци, односно вкупно 16. Законот бил изгласан на 11 август, а објавен во „Службен весник“ следниот ден.

Тоа знаме стана еден од најпрепознатливите симболи на независна Македонија во првите години од нејзиното постоење, но неговата употреба траеше само до 1995 година. Тогаш беше воведено сегашното знаме – црвено со златно-жолто сонце и осум зраци кои се протегаат до рабовите.

За разлика од знамето, химната усвоена во 1992 година остана непроменета.

„Денес над Македонија“, со текст на Владо Малески и музика на Тодор Скаловски, и претходно се користела како химна на Македонија, а на 11 август 1992 година била потврдена како химна на независната држава.

Усвојувањето на државните симболи следуваше по референдумот за независност од 8 септември 1991 година и донесувањето на новиот Устав во ноември истата година

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер