СЗО: Кардиоваскуларните болести се одговорни за 40 отсто од смртните случаи во Европа - Канал 5

СЗО: Кардиоваскуларните болести се одговорни за 40 отсто од смртните случаи во Европа

Кардиоваскуларните болести се одговорни за 40 отсто од смртните случаи во Европа, соопшти денеска Светската здравствена организација(СЗО), апелирајќи до Европејците да го намалат внесот на сол.

СЗО: Кардиоваскуларните болести се одговорни за 40 отсто од смртните случаи во Европа

Тоа изнесува 10.000 смртни случаи дневно, или четири милиони годишно.

„Спроведувањето насочени политики за намалување на внесот на сол за 25 отсто би можело да спаси околу 900.000 животи од кардиоваскуларни болести до 2030 година“, посочува Ханс Клуге, директор на европската филијала на СЗО.

Во Европа, секој трет возрасен човек на возраст од 30 до 79 години страда од хипертензија, често поради големо консумирање сол.

Педесет и една од 53 земји во европскиот регион на СЗО имаат просечен дневен внес на сол над препорачаниот максимум на СЗО од пет грама, или една кафена лажичка, главно поради преработената храна и грицките.

„Високиот внес на сол го зголемува крвниот притисок, кој е водечки фактор на ризик за кардиоваскуларни болести како што се срцев удар и мозочен удар“, соопшти СЗО.

Европа има највисока преваленца на крвен притисок во светот, се вели во извештајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции

„Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции“ .

Јанчев: Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции

„Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции“ — вака градоначалникот Митко Јанчев му одговори на советникот Круме Богевски од Левица, на обвинувањата на последната седница, за слаба буџетска реализација.

Најавени се нови трговски објекти и фабрички капацитети, како и проширување на Генералниот урбанистички план, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски.

Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски и истакна дека дека до крајот на годината, скопјани по 30 години чекање ќе добијат целосно завршен, модерен и безбеден булевар.

- За рекордно време, пред предвидениот рок, ставаме крај на децениската сообраќајна голгота на една од најважните скопски артерии. Дадов збор дека нема да дозволам мојот народ повеќе да живее со лажни ветувања. Денес, делата говорат. Повеќе од 100.000 граѓани ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар за полесно секојдневие, помалку метеж и повеќе време со своите семејства. Даден збор. Исполнето ветување – изјави Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветнаесет години без Тоше- Македонија и Балканот денеска тагуваат

Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески, кој пред 19 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Деветнаесет години без Тоше- Македонија и Балканот денеска тагуваат

Во животот има моменти за кои секогаѓ ќе паметиме каде сме биле и што сме правеле, и 19 години подоцна, таков момент за цели генерации е кога ја дознавме веста дека Тоше Проески повеќе не е меѓу нас, барем физички, бидејќи неговото присуство и натаму силно се чувствува, дури и кај оние кои се родиле по кобниот 16 октомври – 2007 година.

Во чест на човекот кој беше повеќе од глас и беше душа која допираше до секое срце, денеска се одбележаа бројни настани, а меѓу нив и оној од кој дел беа најмалечките на една од најубавите патеки до училиште во земјава – „Тоше Проески“, која води од школото „Лазо Ангеловски“.

„Тоше те сакаме сите“ – е насловен настанот, а патеката „Тоше Проески“ каде 24 часа 365 дена во годината одекнува неговата музика доби и нов парк. Иницијативата е на родителите. Напревен е велат со љубов, за неговата добрина и емоција, која треба да ја почувствуваат и најмалите.

За Тоше се кажани многу приказни, многу допрва ќе се кажуваат и прераскажуваат, но некои тие приказни лично ги доживеаја, со него ја делеа бината и на некој начин и животот.

На настанот, покрај аматерски, имаше и реномирани изведувачи – меѓу нив и пејачот Ламбе Алабакоски. Тоше вели бил еден од главните причини што и тој денеска се занимава со музика.

19та година по ред се одржува и ултрамаратонот за Тоше, кој стартуваше пред два дена од Нова Градишка. 13те маратонци, на кој им се приклучи и еден во Македонија, попладнево пристигнаа во родното Крушево на Проески.

Тоше загина во сообраќајна несреќа во 2007 година, токму кога одбележуваше 10 години успешна кариера и беше на прагот на меѓу народен пробив. Албумот „ The Hardest thin“, на англиски јазик, беше објавен постхумно.

Некои гласови се слушаат, а некои, остануваат да живеат со нас. Гласот на Тоше е еден од нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер