Влада: Донесена е одлука за кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, се затвора ски центарот Маврово и граничните премини Џепиште–Требиште и Блато кон Албанија

Владата на денешната 18-та седница го разгледа Записникот од Петтата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за Управување со кризи, одржана на 13 март .

Владата го разгледа Записникот од Петтата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за Управување со кризи, одржана на 13 март 2020 година, во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на Коронавирусот COVID-19 и согласно предлозите изнесени во расправата на седницата, со цел превенција и ширење на овој вирус, ги усвои следниве заклучоци:

1. Го усвои Записникот од Петтата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за Управување со кризи, одржана на 13 март 2020 година, односно го прифати предлогот и донесе Одлука за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија, заради спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19.

2. Периодот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, а со цел обезбедување заштита на здравјето на населението на подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, е најмногу до 30 дена.

3. Одлуката за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија, заради спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, да се достави до Претседателот и до Собранието .

4. За операционализација на Одлуката за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија, заради спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, Владата му предлага на Претседателот да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата (вид и број на сили и капацитети на армиските единици, намена и задачи за кои се бараат и времетраењето на активноста и ангажираноста на армиските единици), во справување со кризната состојба.

5. Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да започне со подготовка на акциски план за превенција и справување со настанатата ситуација на подрачјата на општините, со целосен преглед на расположливи човечки и материјално - технички ресурси и план на координирано дејствување во кризните подрачја.

6. Се задолжуваат Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за надворешни работи, Армијата , Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, со сите останати засегнати државни институции да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои може да се стават во функција на справување со настанатата состојба.

7. Се задолжуваат Министерството за здравство, Министерството за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи, до крајот на денот, да номинираат членови на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи.

8. Донесе Одлука за забрана и посебен режим на движење на дел од територијата на Македонија на подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, со која се уредува мерката забрана за движење, односно влез и излез од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, како и мерка за воведување посебен режим на движење на населението внатре во овие подрачја.

Посебниот режим на движење на населението внатре во овие подрачја да го утврди Главниот штаб при Центарот за управување со кризи во акцискиот план за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID – 19.

9. Се задолжува Министерството за здравство – Комисијата за заразни болести, да издаде препораки/протокол за тоа како и на кој начин да се одвиваат движењата на превозниците во и од Република Грција за дотур на нафта и нафтени деривати, како и во подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа на кои е прогласена кризна состојба, односно како и на кој начин преку соодветни мерки истите да се заштитат.

Дополнително, во протоколите/препораките од Комисијата за заразни болести да бидат опфатени сите превозници (гипс и гипсени производи, превоз на храна и други производи) кои ќе вршат дотур преку влез и излез на подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа.

10. Се задолжува Министерството за транспорт и врски и Царинската управа, на дневна основа да ја информираат јавноста кои гранични премини се отворени за премин.

11. Да се затворат граничниот премин Џепиште – Требиште и граничниот премин Блато, како и да се затвори Скијачкиот центар „Заре Лазаревски" – с. Маврово - Маврови Анови.

Согласно ова, Владата донесе Одлука за дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19.

12. Жителите од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа кои се надвор од територијата на овие општини, може да се вратат во своите домови на 13.3.2020 година до 00.00 часот на полноќ.

13. Се задолжуваат Државниот пазарен инспекторат и Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД да извршат координирани вонредни инспекциски надзори на сите економски оператори кои продаваат средства за заштита од Коронавирусот, согласно мерките, препораки и насоките на Владата.

14. Се задолжува Министерството за внатрешни работи да определи едно лице кое ќе биде задолжено во случај на потреба од интервенција при вршење на овие вонредни инспекциски надзори од страна на инспекторатите.

15. Се задолжува Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата , задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, редовно, на дневна основа, до 12.00 часот да го информира претседателот на Владата за извршените инспекциски надзори од страна на сите инспекторати.

16. Се задолжува Секторот за односи со јавност на Владата овие заклучоци, мерки и препораки веднаш да ги објави на веб страницата на Владата и истите да ги достави до сите пишани и електронски медиуми, со цел редовно информирање на граѓаните."

Дневен хороскоп за 18. мај 2024 година

Дневен хороскоп за сабота, 18. мај 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе се двоумите околу еден приватен однос. ќе ви недостигаат вистински мотиви или самодоверба . Размислете.

Кариера

Ќе се разработи нов канал за заработување пари.Можно е да се работи за нешто хонорарно , но исплатливо.

Здравје и совет

Имате причини и за радост и за тага.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Со партнерот денеска речиси телепатски ќе си разменувате идеи. Ќе биде тоа особено искуство.

Кариера

Че поработите на поврзувањето со деловните партнери од странство. Таквата работа многу ветува.

Здравје и совет

Подобрување.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои се во врска денеска би можеле да доживеат многу убаво и незаборавно еротско искуство. Осамените ќе бидат многу привлечни.

Кариера

Ќе најдете начин да повлечете пари од други луѓе. Формулата на успехот ќе биде во тоа што ќе им се вовлечете под кожа.

Здравје и совет

Денеска имате влијание врз другите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Подготвени сте на компромиси и соработка. Тоа е паметно , а ќе ви донесе и подобрување на личните односи.

Кариера

Не се занесувајте со големи дела , иако сте свесни дека работите посериозно од многумина. Такви се и резултатите, успешни.

Здравје и совет

Продолжете понатаму без нервоза.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска би можеле да се ангажирате околу член на вашето семејство . Ќе мора да му обрнете особено внимание.

Кариера

Ќе решавате за тоа како конечно да завршите еден проект или работа. Ќе бидете подготвени да пресечете и да одите на ново место.

Здравје и совет

Можни се мали проблеми со видот.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

На убав начин ќе ја идеализирате саканата личност. Ќе биде задоволна иако тоа нема да биде многу реално.

Кариера

Ќе барате простор за своите идеи. Некои ќе се потпираат на своето стручно знаење со кое ќе си ги отвораат патиштата.

Здравје и совет

Имате сила за двајца.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некој од вас двајцата ќе се обиде по секоја цена да го наметне своето мислење. Веројатно дека тоа ќе бидете вие.

Кариера

На повидок е судир или недоразбирање со претпоставените. Иако бргу ќе помине , подобро воопшто да не влегувате во расправија.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе тактизирате за да ја придобиете другата страна. Ќе бидете делумно успешни , но не се занесувајте премногу.

Кариера

Освен што ќе бидете на услуга и таму каде што нема да биде неопходно, ќе сметате дека ви припаѓа повеќе отколку што заработувате.

Здравје и совет

Не споредувајте се со другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во комуникацијата со лицата од спротивниот пол , денеска ќе бидете брутално искрени , но тоа ќе ви помогне некого и да придобиете.

Кариера

Ви претстои впечатливо службено патување или состанок на кој нема да се избираат зборови.На многумина им е преку глава.

Здравје и совет

Вие сте добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе ви недостига она зрно на лудост , што го прави волшебен љубовниот однос.Опуштете се и дозволете си мала откаченост.

Кариера

И денеска ќе бидете преокупирани со пари и прашањата на заработувачката. Како да немате мир додека не ја поправите финансиската состојба.

Здравје и совет

Не е се во материјалното.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Сеуште нема цврсто да стоите на земја.Ќе имате успех кај спротивниот пол , но бидете што можете пореални.

Кариера

Ни за што на светот не би пропуштиле добра дискусија . Сепак , овој пат треба да ги одмерувате своите зборови.

Здравје и совет

Бидете јасни и недвосмислени.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Неврзаност, отвореност , потреба за слобода дури и кога може да повредите други- тоа е суштината на вашите односи денеска.

Кариера

Не сте свесни за своите грешки. Потребно е да проверите што сте работеле , како сте ги поставиле работите и каде има пропуст.

Здравје и совет

Бидете објективни.

Побеснет бик фрла жена како да е кукла- ја молеле да не му приоѓа, не ги послушала (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи застрашувачко видео снимено на плажата Ла Фортуна, во близина на мексиканскиот град Сан Лукас.

Туристка се обидела да ги собере работите, кога бик опасно ѝ се приближил. Луѓето се обиделе да ја предупредат, но таа не послушала.

На почетокот, жената во црн фустан ги собира работите од песокот, додека бикот ги мириса. Слушаме како луѓето ја предупредуваат да побегне.

„Премногу си играте со него. Ве молам, немојте да го правите тоа“, рекол еден маж.

Меѓутоа, жената не се откажала и ја ставила раката на главата на животното, како да го турка.

„Ве молам, не го правете тоа“, продолжил да се моли човекот.

Опасното животно молскавично реагирало и ја удрило жената со рогови. Сведоците на инцидентот почнале да врескаат, пренесува Daily Mail.

Туристката успеала да стане, но бикот повторно ја соборил на песокот. Се кренала прашина, а никој не се осмелил да ѝ пријде и да ѝ помогне на несреќната жена.

„Се обидувавме да ви кажеме“, се слушаат извици.

Останува нејасно од каде дошол бикот на плажата и зошто ѝ пришол на жената. Во исто време не се знае нејзиниот идентитет и со какви повреди се здобила или дали е жива.

Аватари на починати за 46.000 евра- дигитална реинкарнација преку вештачка интелигенција

Враќањето на мртвите во живот преку технологија до неодамна беше поврзано само со филмови, но со напредокот на вештачката интелигенција - вакво нешто повеќе не е само прашање на фикција.

Технолошкиот сектор за тага, познат и како „технологија на смртта“, сега се проценува на повеќе од 100 милијарди фунти на глобално ниво, според веб-страницата за технолошки вести TechRound.

- Го клонираме изгледот на една личност до 96,5% сличност со оригиналната личност - вели Мајкл Јунг, финансиски директор на DeepBrain, една од компаниите кои фиктивно ги враќаат луѓето во живот.

Компанијата верува дека овој вид технологија може да биде важен за развојот на културата на „добра смрт“, каде што однапред се подготвуваме за смртта на најблиските, оставајќи ја семејната историја, приказни и спомени како дел од наследството.

Сепак, процесот не е евтин и корисниците не можат сами да креираат аватар. Наместо тоа, тие треба да ѝ платат на фирмата до 50.000 долари. И покрај оваа висока цена, некои инвеститори се уверени дека ќе биде популарна, а DeepBrain собра 44 милиони долари во својот најнов круг на финансирање.

Психологот Лаверн Антробус предупредува дека треба да се биде многу внимателен кога се користат такви „технологии на тага“ во периоди на силни емоции.

- Загубата е нешто што нѐ изненадува. Може да мислите дека сте прилично блиску до тоа да бидете добро, а потоа нешто може да ве врати назад – вели таа, а пренесува Би-би-си.

Антробус додава дека луѓето не треба да брзаат да го користат четботот на изгубената сакана личност.

- Треба да се чувствувате прилично цврсто пред да користите вакво нешто. Сфатете ги работите многу, многу бавно.

Таа исто така, предупредува дека не постои замена за човечката поддршка кога станува збор за надминување на тагата.

- Навистина не можам да замислам дека технологијата ќе ги преземе традиционалните аспекти на жалоста, кои се однесуваат на чувството на блискост со луѓето, чувството на грижа за нив, чувството на благодарност.

притисни ентер