Повторно хаос во Истанбул: Улиците како езера, заробени возила- се предупредува на ризик од торнадо (ВИДЕО)
1Повторно хаос во Истанбул: Улиците како езера, заробени возила- се предупредува на ризик од торнадо (ВИДЕО)
Научниците докажаа дека полифенолите од боровинките и брусниците го забавуваат стареењето на клетките
2Научниците докажаа дека полифенолите од боровинките и брусниците го забавуваат стареењето на клетките
ЗдравјеВкупно 72 пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во странствоВкупно 72 пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во странство благодарение на меѓународната поддршка Вкупно 72 пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се лекуваат надвор од државата, откако во текот на вчерашниот ден беа испратени уште 21 пациент. Во Скопје на лекување остануваат 98 пациенти. Во текот на вчерашниот ден, според информациите од Министерство за здравство пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа на Клиничкиот центар во Скопје – 52 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ – 17 пациенти, Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 12 пациенти, Клиника за токсикологија – 10 пациенти, Аџибадем Систина – 7 пациенти. Надвор од државата во текот на вчерашниот ден на лекување биле упатени 21 пациент и тоа во Литванија – 4 пациенти, Австрија – 2 пациенти, Словенија – 2 пациенти, Република Србија – 12 пациенти и Република Бугарија – 1 пациент. Министерот за здравство Арбен Таравари вчера информираше дека пациентите генерално се во стабилна состојба, освен 20 пациенти, за кои рече дека се во критична состојба, притоа, нагласи дека сите пациенти кои биле во Кочани и Штип, се сместени во Скопје за третман на ниво на терцијарно здравство. Министерот испрати апел до сите оние кои присуствувале на трагичниот настан во Кочани каде загинаа 59 лица, и не се пријавиле на лекар, да се пријават кај нивните матични лекари во болниците во Кочани или Штип, или пак во трите болници во Скопје. – Да бидеме внимателни и да им се даде максимална медицинска поддршка. Тоа што зависи од нас е направено комплетно. Се надевам дека и земјите кои ни се пријатели и сакаат да ни помагаат ќе дадат максимум од себе. Болниците во Кочани и Штип остануваат без пациенти, како што беше стратегијата да ги повлечеме во Скопје за третман на ниво на терцијарно здравство, рече Таравари. Околу 15 специјалисти од Белград и од Чешка нагласи дека се пристигнати во државава да помогнат за лекување на повредените во катастрофалниот пожар, а очекува да пристигнат и специјалисти од Израел кои ќе бидат распоредени по клиниките каде има потреба. Од пациентите кои се во критична состојба, во текот на вчерашниот ден Таравари рече дека четворица ќе бидат испратени во Словенија, четворица во Хрватска, шестмина во Австрија и 12 во Србија. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, пак, вчера соопшти дека 51 лице од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство. Деветмина пациенти биле испратени во Турција - шестмина во Анкара, а тројца во Истанбул, во Бугарија - 14, од кои осуммина во Софија, а по тројца во Варна и Пловдив, петмина пациенти во Грција, 17 пациенти во Србија, четворица во Литванија кои биле транспортирани со авион обезбеден од Романија и двајца пациенти во Унгарија. – Очекуваме уште неколку пациенти да бидат упатени надвор од државата. Во Словенија денеска сигурно двајца ќе одат, до подоцна можеби уште двајца или утре ќе остане. За Хрватска или денеска или утре ќе појдат уште четворица пациенти. Во Австрија ќе бидат трипати по двајца пациенти. Тројца во Виена, тројца во Грац, вкупно шестмина. Уште 12 пациенти со авион ќе бидат испратени во Белград, информираше Муцунски. Во секоја земја каде се испратени пациентите, додаде Муцунски, во МНРНТ има определено контакт лице кое е достапно 24 часа за родителите и пациентите за каква било помош или поддршка, а контакт листата е јавно објавена на веб страницата на Министерството. Тој најави дека ќе предложи од страна на СОЗР да бидат покриени трошоците за пат и престој во странство за членови на семејствата на македонските пациенти што се лекуваат во странство. Како што јави дописникот на МИА од Белград, дванаесетте повредени лица вчера биле префлени со воен авион на српската армија. Четворица од нив се на Воено-медицинската академија во Белград, односно три девојки и едно момче, кои според првичните сознанија се во стабилна состојба и префрлени се Клиниката за пластична хирургија, а останатите се префрлени во Ургентниот центар во Белград. Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, претходно изјави дека 17 пациенти од земјава се згрижени во четири здравствени домови во Србија, односно Клиничкиот центар на Србија, ВМА, Воената болница во Ниш и Клиничкиот центар Ниш, нагласувајќи дека Србија ќе направи се за да им помогне на повредените, но повредите се исклучително сериозни. – Се прави дијагностика и терапија, се прават преврски. Повредите се сериозни. На располагање им се нашите капацитети. Ги покриваме ние сите трошоци, помагаме и се ќе прифатиме. Повредите се исклучително сериозни и пациентите ќе добијат се, исто како и во најдобрите клиники во светот, изјави Лончар. Претседателот на Србија Александар Вучиќ, пак, при вчерашната посета на повредените кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија, рече дека во здравствените установи во државата ќе примат вкупно 29 повредени лица. Дописничката на МИА од Атина, вчера информираше дека со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство од Скопје во Атина се пренесени тројца повредени кои ќе се лекуваат во грчката престолнина и според информациите, Според информациите, транспортниот авион со медицински персонал на службата за итна помош вчера полетал од атинскиот воен аеродром за Скопје и откако ги зел повредените веднаш се вратил во Атина. Повредените се хоспитализирани во Општата воена болница 401, каде што има Оддел за повредени со изгореници. Во две болници во Солун, во општата болница Папаниколау и воената болница 424 веќе се на лекување пет лица кои во пожарот се здобиле со изгореници. Портпаролката на Европската комисија за социјални права и вештини, подготвеност, еднаквост, култура и здравство Ева Хрнчирова, вчера изјави дека Европската унија ја покажува својата солидарност по трагичниот пожар во Кочани и одговори на барањето на Северна Македонија за активирање на Механизмот за цивилна заштита. – Ние веднаш реагиравме и понудивме да евакуираме пациенти со тешки изгореници. Девет европски земји – Хрватска, Грција, Романија, Словенија, Шведска, Литванија, Луксембург, Унгарија и Норвешка, веднаш понудија помош, а би можела да следи и дополнителна помош, изјави Хрнчирова. Според неа, листата на земји кои имаат понудено помош за Северна Македонија не е конечна и е направена во одреден временски период. Во одговор на прашање на бугарски новинар зошто меѓу државите што и пружиле помош на земјава по пожарот во Кочани, кои таа претходно ги соопшти не ја спомена и Бугарија, Хрнчирова рече „примивме понуди и од други земји и можам да кажам дека на Северна Македонија веќе и понудивме и поголема помош од онаа што ја побара“ и истакна дека на барањето на земјава се уште се одговара „што не значи дека Бугарија не понудила ништо“. Хрнчирова претходно информира дека девет европски земји веднаш понудиле помош по пожарот во Кочани, споменувајќи ги Хрватска, Грција, Романија, Словенија, Шведска, Литванија, Луксембург, Унгарија и Норвешка, но не и Бугарија. – Листата на земји кои понудија помош за Северна Македонија не е конечна и таа е направена во одреден временски период, а станува збор за процес што е во тек, рече Хрнчирова. Главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо додаде дека листата на земји што и пружиле помош на државава што претходно ја соопшти Хрнчирова, не е конечна и ќе биде дополнета со оние што ќе понудат поддршка. Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаТојота се бори со Тесла и со Кина во трката со хуманоидни роботи Тојота е фокусирана на тоа да стане глобална сила во роботиката, бидејќи најголемиот светски производител на автомобили ги модернизира своите производствени линии за да се натпреварува со Кина.Тојота е фокусирана на тоа да стане глобална сила во роботиката, бидејќи најголемиот светски производител на автомобили ги модернизира своите производствени линии за да се натпреварува со Кина и да го диверзифицира својот бизнис надвор од автомобилската индустрија, објави Financial Times. Нејзините врвни раководители го зголемуваат глобалниот интерес на инвеститорите за нејзината стратегија за роботика, вклучувајќи ги и плановите за распоредување 400.000 роботи како дел од годишен инвестициски план од 6,4 милијарди долари за автоматизирање на фабриките и за воспоставување на посветен тим за роботика предводен од главниот директор за производство. Во Тојота Арена Токио во април, производителот на автомобили даде увид во своите роботски можности. Неговиот црно-црвен хуманоиден робот со вештачка интелигенција (ВИ), Cue7, дриблаше кошаркарска топка околу теренот и ја фрли во обрачот, предизвикувајќи овации од публиката. Друг знак за тоа колку се сериозни дојде во јули кога Walden Robotics, стартапот за ВИ роботика на Тојота, излезе од прикриен режим, собирајќи 300 милиони долари со проценка од 1,1 милијарда долари. Аналитичарите на Бернштајн го нарекоа стартапот „скапоцен камен“ на неговиот екосистем за роботика, а неговите роботи за општа намена веќе се распоредени во фабриките на Тојота во Северна Америка. Возбудата кај инвеститорите расте поради сè поголемите докази дека Тојота користи две децении истражување и развој на роботика за комерцијализација на интелигентни роботи и конкуренција со Тесла, Експенг и Хјундаи. „Мислам дека Тојота би можела да биде најголемата компанија за хуманоидни роботи на планетата, тие само треба да се смират“, рече Карл Вајн, инвеститор на Тојота во M&G. „Кој и да го контролира нивото на софтвер, ќе го контролира глобалното производство. Тојота развива свои големи модели на однесување... и тие имаат огромни количини на податоци внатрешно поради самата големина на нивниот бизнис. Тоа се клучните состојки.“ Аналитичарите на Голдман Сакс се согласуваат, проценувајќи дека технолошката моќ на Тојота и експертизата за масовно производство би можеле да ѝ овозможат да освои од 3 до 8 проценти од пазарот на хуманоидни роботи до 2035 година, што е еквивалентно на 190.000 до 540.000 единици. И покрај неодамнешниот оптимизам, други акционери предупредуваат дека Тојота има голем број други иновации, од автомобили на водород и сопствена софтверска платформа до батерии во цврста состојба, кои не успеаја или сè уште не ги исполнија очекувањата. Јапонија беше речиси синоним за роботи во 2000-тите и 2010-тите, од Asimo на Honda до Pepper на SoftBank. Но, порастот на вештачката интелигенција и виралните видеа на кинески хуманоиди кои танцуваат и се борат во кунг-фу стил ја зајакнаа идејата дека Јапонија заостанува зад САД и Кина. Тојота заостанува во развојот на својата визија за роботи, бидејќи конкурентските производители на автомобили, исто така, го насочија своето внимание кон роботиката за да ги намалат трошоците за производство на возила и да најдат нови извори на приходи. Кон крајот на минатата година, Хјундаи објави планови да инвестира 86 милијарди долари во Јужна Кореја до крајот на деценијата, со големи инвестиции фокусирани на вештачка интелигенција и роботика. Корејската група, која го купи „Бостон Дајнамикс“ кон крајот на 2020 година, има за цел да го произведува „Атлас“, хуманоидниот робот на американската компанија, до 2028 година во својата фабрика во Џорџија, со годишен капацитет од 30.000 единици. Илон Маск, исто така, даде смели тврдења дека неговиот робот „Оптимус“ ќе „биде најголемиот производ досега“ за „Тесла“, со долгорочна цел за производство на еден милион единици годишно. Но, масовното производство сè уште не е започнато. Луѓе блиски до „Тојота“ велат дека ненадејниот притисок за промоција на нејзините амбиции за роботика, под водство на новиот извршен директор Кента Кон, е поттикнат од сфаќањето дека мора да ги засили напорите за да се натпреварува со Кина и во фабричкиот капацитет и во технологијата. „Тојота“ ќе има шанса да воведе роботика кога нејзината нова фабрика за склопување возила во близина на Нагоја, прва од ваков вид во Јапонија од 2012 година, ќе започне со работа на почетокот на 2030-тите. „Луѓето на чело речиси престанаа да размислуваат за нова технологија за производство на автомобили“, рече поранешен извршен директор на „Тојота“. „Производствениот систем сега е еден од клучните елементи во натпреварувањето со Кина. Роботите се едно парче од сложувалката за тоа како да се натпреварува со кинеското производство.“ Тојота беше претпазлива во јавното објавување на своите амбиции за роботи од страв дека вработените би можеле да се плашат да ги изгубат своите работни места. Но, со недостиг на работна сила во Јапонија и другите големи економии, ваквите ограничувања сега се олеснуваат. Планот не е само да се развијат роботи за да се подобри сопствениот производствен капацитет. Тојота најави трансформација во компанија за „мобилност“, со цел да генерира приходи надвор од традиционалното производство на автомобили. Од 400.000 роботи што Тојота планира да ги распореди, околу 250.000 се за групните компании и нивните добавувачи. „Тие велат дека ќе започнат со роботи за автоматизација на фабриките и решавање на недостигот на работна сила“, рече друг инвеститор во Тојота. „Но, тие сега ги демонстрираат своите вештини, што би можело да биде модел, тест случај, за чекор понатаму.“ Ентузијазмот на инвеститорите за хуманоидни роботи расте во време кога автомобилскиот пазар нуди помалку простор за раст, а цената на хуманоиден робот се очекува да биде значително повисока од цената на нов автомобил. Масахиро Акита, аналитичар во Бернштајн, рече дека главната предност на Тојота би можела да биде „интеграцијата на роботите, вештачката интелигенција и производствените процеси во супериорен оперативен систем“, наместо развојот на самите напредни роботи. Нејзината подружница со седиште во Калифорнија, Институтот за истражување на Тојота, разви основен модел што ги преведува сложените одлуки во прецизни физички дејства и контрола на движењето во реално време, што веќе се користи во хуманоидот Атлас на Бостон Дајнамикс. Хуманоидот на компанијата, Ели, од 50 килограми (110 фунти), исто така ќе го користи овој основен модел за да учи нови задачи преку набљудување на фабричките работници, особено задачи што бараат фини моторни вештини, како што е поместување делови меѓу кутии. Но, други се „ладат“ од идејата роботиката да стане целосен бизнис за Тојота, тврдејќи дека главната цел на роботиката е единствено да се подобри производството на 10 милиони автомобили што ги произведува годишно. Томохиро Номи, раководител на истражувањето за хуманоидна роботика во Тојота, изјави во презентација претходно оваа година: „Ние даваме највисок приоритет на воведување роботи во нашите фабрики, каде што има реална потреба и каде што може да се контролира животната средина“. Поранешен извршен директор на Тојота рече дека моќниот претседател Акио Тојода е „човек за автомобили - а не човек-робот“ и дека примарниот фокус останува на зајакнување на автомобилскиот бизнис, кој останува светски лидер. „Тие не треба сега да се оддалечуваат од автомобилскиот бизнис“. Еден од инвеститорите на Тојота со седиште во Азија изјави дека продажбата на 200.000 хуманоидни роботи би била „незначителна во споредба со нивното основно производство од 10 милиони автомобили“, под претпоставка дека економските услови се слични. „Тоа е нешто што се наградува ако основниот автомобилски бизнис на Тојота оди добро, а се отфрла како губење на фокусот ако автомобилскиот бизнис страда“.Тагови: тојота хуманоидни роботи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПовторно хаос во Истанбул: Улиците како езера, заробени возила- се предупредува на ризик од торнадо (ВИДЕО)Обилните дождови што го погодија Истанбул преку ноќ и се интензивираа во утринските часови предизвикаа поплави на улиците и патиштата, додека некои подвозници се претворија во езера. Сообраќајот во метрополата беше сериозно забавен во утринските часови, а според градската администрација, метежот достигна дури 80 проценти околу 8:55 часот наутро. Турската Генерална дирекција за метеорологија (MGM) издаде портокалово и жолто предупредување за 11 провинции поради очекуваните обилни врнежи од дожд. Портокалово временско предупредување е на сила во Мугла, додека жолто ниво на предупредување е прогласено за Анталија, Баликешир, Бурса, Чанаккале, Денизли, Истанбул, Измир, Коџаели, Текирдаг и Јалова. Граѓаните се повикани да бидат претпазливи поради можни ненадејни поплави, удари од гром, силни ветрови и прекини во сообраќајот. Дождот го погоди речиси целиот Истанбул во текот на утрото, отежнувајќи им на граѓаните да патуваат до работа и училиште. Додека некои се засолнија под чадори, други чекаа дождот да престане. Најмногу проблеми се пријавени во источните делови на градот, особено во областите Тузла и Пендик, каде што големи количини вода се излеаја на улиците и патиштата во раните утрински часови. Некои подвозници беа целосно поплавени, а возилата останаа заглавени во водата. İstanbul Pendik 😳 https://t.co/1C8nW4EDrB — Hava Forum (@HavaForum) October 27, 2026 Проблеми се пријавени и на автопатот ТЕМ во Бајрампаша, како и на некои улици и патишта во Аташехир. Обилните дождови предизвикаа големи сообраќајни метежи на главните патишта, вклучувајќи ги автопатите ТЕМ и Д-100. Возилата се движеа бавно, со чести запирања, додека сообраќајните несреќи дополнително го отежнаа протокот на сообраќај. Меѓу оние кои се најдоа во проблеми поради невремето беше и Џенгиз Бекташ, чиј автомобил заглави додека се обидуваше да помине низ поплавен подвозник во населбата Чамчешме во округот Пендик. Тој ја возел својата ќерка на универзитет кога автомобилот одеднаш престана да работи. Бекташ и неговата ќерка беа заглавени, но со помош на минувачите, успеаја да излезат од автомобилот. „Сите минуваа утрово, вклучувајќи ги и комбињата што превезуваа патници. Додека минував, автомобилот одеднаш застана. Едвај се спасивме. Ја возев ќерка ми на универзитет. Ни помогнаа да излеземе од тука. Ја повикав влечната кола и ја чекам“, рече Бекташ. SON DAKİKA | ŞİLE'DEN ENDİŞE VERİCİ GÖRÜNTÜLER GELİYOR Geçtiğimiz günlerde sel felaketinin yaşandığı Şile, yeniden şiddetli yağışın etkisi altında. İlçede etkisini artıran sağanak yağış nedeniyle endişe verici görüntüler kaydedildi. 📹 Şile'den gelen son görüntüleri derledik. — İstanbul Büyükşehir Haber (@ibbhaberr) October 27, 2026 Метеорологот предупредува: Можни се нови поплави во Истанбул Професорот по метеорологија д-р Орхан Шен предупреди за време на гостувањето на CNN Türk дека постои ризик од нови поплави, особено во делови од Истанбул кои веќе беа погодени од претходните врнежи од дожд. Тој објасни дека земјата е веќе заситена со вода од минатонеделниот дожд, што може да предизвика нови врнежи од дожд што ќе предизвикаат поплави на патиштата и станбените области. „Дождот почна да ги погодува западните делови од земјата. Во Истанбул, тој стигна и до северните области, како што се Шиле, Саријер и Бејкоз. Ќе се движи кон европската страна на градот околу пладне, а пообилни врнежи се очекуваат во областите Башакшехир и Арнавуткој“, рече Шен. Според него, иако не се очекува дождот да биде толку обилен како минатата недела, натопената земја може да доведе до истекување на површински води и нови поплави. Постои посебен ризик во областите што веќе се поплавени, особено ако одводите и каналите не се исчистат и не се опремат за да примат нови количини вода. Шен рече дека врнежите во Истанбул треба да се намалат во текот на попладнето, а дождот ќе престане околу 15 часот. Сепак, се очекува ново влошување во наредните денови, а во четврток градот повторно би можел да доживее нешто пообилни врнежи. Меѓу областите што би можеле да бидат особено погодени, тој ги издвои Башакшехир, Арнавуткој, Ајазгаг и Саријер. Според неговата проценка, во некои делови би можеле да наврнат околу 50 литри дожд на квадратен метар. Предупредување и за Анталија Метеорологот предупреди и за обилни врнежи од дожд по должината на јужниот брег на Турција, особено во областа на Анталија, каде што се очекуваат неповолни временски услови во наредните денови. Според него, ризикот од обилни врнежи од дожд во Анталија останува висок барем до петок. Шен, исто така, ја посочи можноста за пијавици, или торнада, над морето и во крајбрежните области, поради високите температури на морската вода. Како што изјави, ризикот од овие феномени би можел да продолжи до крајот на ноември. Метеоролошките служби ги повикаа граѓаните да ги следат официјалните предупредувања и да бидат особено внимателни во областите склони кон поплави, како и на патиштата каде што брзо се акумулира вода.Тагови: Истанбул Торнадо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКрум Ефремов ја презема функцијата амбасадор на Македонија во СофијаНовоименуваниот амбасадор, Крум Ефремов ја презема функцијата во Софија, откако бугарската заменик министерка за надворешни работи, Иванка Ташева ги прими копиите од акредитивните писма.. Како што пренесува бугарското МНР, за време на разговорот Ефремов изразил очекување за развој на билатералните односи преку конструктивен дијалог и продлабочување на секторската соработка.. Ташева од своја страна, ја потврдила поддршката за европската интеграција на Македонија, но како што нагласила, преку целосно спроведување на договорот за добрососедство и на европскиот консензус од 2022-ра година..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12