Вкупно 55 години затвор за масовното нелегално прислушување

Казна затвор од 55 години и десет години условни казни, односно вкупно 65 години, им изрече на 11 лица вчера Основниот кривичен суд Скопје за случајот за масовното прислушување во периодот од 2008 до 2015 година .

Судот, при изрекување на пресудата, потенцира дека со неа упатува порака дека во иднина никогаш повеќе било кој висок функционер на власта, особено во безбедносните структури, да не се осмели да стори вакво кривично дело – масовно незаконито прислушување преку системите и опрема за следење на комуникациите на УБК со единствен движечки мотив и цел да се воспостави целосна контрола врз општествениот, политичкиот и економскиот живот во државата.

Обвинителката Ленче Ристовска рече дека во целина Обвинителството е задоволно од изречените осудителни пресуди во случајот „Таргет Тврдина", пред се поради тоа што со тоа се потврдиле сите наводи на Обвинителството, но, оти од висината на казните за дел се, а за дел не се задоволни.

Од друга страна, адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски смета дека казната за неговиот клинетот е драконска и најави дека ќе се жалат кога ќе ја добијат пресудата, како и на решението за затворски притвор.

-Сметам дека казната е драконска. Да се даде максимум за секое поединечно кривично дело каде што е поднесен обвинителен предлог навистина е правен преседан. Нема да најдете во аналите на правосудството ниедна пресуда каде што за обвинителен предлог е дадена максимална казна затвор, изјави Шврговски денеска пред Кривичниот суд по објавата на пресудата за „Таргет-Тврдина".

Пресудата ја донесе судечки совет составен од судиите Џенета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ, како и тројца поротници, а на изрекувањето на пресудата присуствуваа сите обвинети, освен Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои се пребегани во Грција.

Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд.

На поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков Судот му изрече единствена казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување", „злоупотреба на службената положба и овластување" и „примање награда за противзаконито влијание". На поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, во отсуство судот им изрече казна затвор од по 15 години.

Поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска доби четири години казна затвор за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување", поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски е осуден на шест години затвор за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување" и „фалсификување службена исправа", а началничката Надица Николиќ доби казна во траење од три години затвор за кривично дело „злосторничко здружување" и „злоупотреба на службената положба и овластување".

Судот им изрече условни затворска казна од две години на обвинетите Владимир Варелов, Маријан Шумуликовски, Силвана Златкова и Васил Исаковски, за сторено кривично дело „злосторничко здружување" и „злоупотреба на службената положба и овластување".

За обвинетата Валентина Симоновска Судот изрече условна казна затвор од две години за кривичнoто делo „фалсификување службена исправа".

Судскиот процес започна на 22.12.2017 година против 11 лица. Во текот на постапката се одржани 53 рочишта, на кои се сослушано 123 сведоци, изведени 887 материјални докази и пет вештачења. Сослушани се и голем дел од над 200 оштетени лица.

Судот го прифати предлогот на Обвинителството, за укинување на мерката куќен притвор и му одреди ефективен притвор во траење од најмногу 60 дена, до правосилност на пресудата на Сашо Мијалков. Тој е спроведен во КПУ Затвор Скопје.

Пред изрекување на пресудата Сашо Мијалков исчезна во неделата попладне на 21 февруари. Полицијата три дена трагаше по него, беше распишана национална, потоа и меѓународна потерница. Тој во вторникот попладне на 23 февруари се појави пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, каде тврдеше дека не избегал, туку се повлекол во изолација поради здравствени причини, имал висока температура и симптоми на корона.

Сашо Мијалков е обвинет во уште неколку предмети отворени од поранешното СЈО – „Трезор", „Титаник 2" и „Тортура".

Судењето за „Таргет-Тврдина" започна на 22 декември 2017 година, а застапник на обвинението беше поранешното Специјално јавно обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети.

Од предметите кои ги отвори поранешното СЈО досега правосилни пресуди има за случаите „Тенк", „Тифани", „Труст" и „Триста", додека неправосилни пресуди има за „Тарифа", „Титаник 3", „Транспортер" и „Насилства пред Општина Центар". Неправосилни пресуди има и за предметите „Тревник" – ослободителна и „Титаник 2" – осудителна, но тие се вратени на повторно судење. /МИА

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер