Витори Турбио- хиперспортски автомобил со V12 мотор, вреден 2,5 милиони долари (ФОТО) - Канал 5

Витори Турбио- хиперспортски автомобил со V12 мотор, вреден 2,5 милиони долари (ФОТО)

Вештачка интелигенција го создаде дизајнот, а „ние“ го создадовме моќниот V12 мотор со 1100 КС. Ова е Витори Турбио.

Витори Турбио- хиперспортски автомобил со V12 мотор, вреден 2,5 милиони долари (ФОТО)

Овој хипер спортски автомобил со V12 мотор е дизајниран со помош на вештачка интелигенција и ќе се согласите, изгледа многу добро.

Американска компанија, европски изглед

Американскиот стартап Витори го претстави својот прв хипер спортски автомобил, кој има хибриден V12 мотор со дури 1.100 коњски сили под хаубата составен со помош на AI технологијата и искуството на Пининфарина. Станува збор за моделот Турбио, кој не само што изгледа импресивно, туку и докажува дека вештачката интелигенција во дизајнот на автомобили не е нужно лоша вест.

Во последниве години, вештачката интелигенција стана централна тема во речиси секоја индустрија, но нејзината примена во автомобилската индустрија е сè уште ограничена. Некои брендови, како Алпин, веќе експериментираа со користење на AI за да го забрзаат процесот на дизајнирање, но досега ниту еден автомобил не е целосно „дизајниран“ од вештачка интелигенција. Кога се појави веста за стартапот Vittori, кој нагласува употреба на вештачка интелигенција во дизајнот на својот хиперавтомобил, многумина беа скептични. Првичните цртежи изгледаа ветувачки, но тешко е да се поверува дека програмата може да ја надмине креативноста и чувството што го носат искусните дизајнери.

Витори го претстави својот нов модел Turbio во Мајами, а реакциите се, изненадувачки, многу позитивни. Иако компанијата сега ретко го споменува терминот „ВЕ“ во официјалните материјали, портпаролот потврди дека „во дизајнот на возилото е користено одредено ниво на помош од вештачка интелигенција“.

Во изјава за Motor1, Витори појасни:

„Целта на дизајнирањето, создавањето и производството на овој автомобил, со користење на најсовремена технологија, беше да се создаде автомобил што ја слави убавината, движењето, звукот и енергијата на класичните историски автомобили. Нашата цел е да создадеме нешто што ќе го издржи тестот на времето“.

Автомобилот е развиен во соработка со легендарниот Pininfarina. Конечниот резултат визуелно потсетува на McLaren GT, особено во предната и страничната силуета. Шестоаголната решетка со големи отвори за воздух под многу тесните фарови сè уште изгледа доволно уникатно.

Задниот дел од автомобилот е значително подраматичен. Острите агли на светлата ги врамуваат четирите издувни цевки лоцирани во центарот на браникот. Огромен дифузер со акцентирани бронзени детали се протега до задните светла.

А ентериерот исто така потсетува на McLaren, со вертикално поставен централен екран, два отвори за воздух над него и јасна преграда помеѓу возачот и патникот. Пред возачот има дигитална инструмент табла.

Хибриден V12 со 1100 КС

Витори наведува дека неговиот хиперавтомобил користи погонски систем развиен од италијанското инженерско студио Italtecnica, познато по развојот на екстремни мотори. Во овој случај, станува збор за 6,8-литарски V12 хибрид со еден електричен мотор на предната оска.

Вкупната моќност е 1.100 коњски сили, а забрзувањето до 100 км/ч трае само 2,5 секунди. Иако максималната брзина сè уште не е позната, Витори вели дека ќе биде „достоен за хиперавтомобил“.

Цена и производство

Првиот прототип на Turbia е веќе целосно функционален, што значи дека е поблиску до производство од многу други стартап проекти. Производството треба да започне следната година во Италија, а планирани се само 50 примероци низ целиот свет.

Цената? 2,5 милиони долари за американскиот пазар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер