Витлеем е празен овие божиќни празници, наликува на град на духови - Канал 5

Витлеем е празен овие божиќни празници, наликува на град на духови

Вообичаено раздвиженото библиско место на раѓањето на Исус денеска наликува на град на духови, бидејќи прославите на Бадник во Витлеем беа откажани поради војната меѓу Израел и Хамас.

Витлеем е празен овие божиќни празници, наликува на град на духови

На плоштадот Мангер нема празнични светилки и елка, ниту гужви од странски туристи кои пристигнуваат секоја година, јавува Франс 24.

Палестинските безбедносни сили патролираат на празниот плоштад.

Продавниците за подароци се двоумеле дали да се отворат на Бадник, иако некои се отвориле откако дождот престанал. Но, имаше малку посетители.

„Оваа година, без новогодишна елка и без светилки, има само темнина“, изјави францисканецот Џон Вин од Виетнам. Веќе шест години живее во Ерусалим.

Тој рече дека секогаш доаѓа во Витлеем за да го прослави Божик, но оваа година било особено отрезнувачки кога гледал во јаслите на плоштадот Мангер со бебето Исус завиткано во бела ткаенина, што потсетува на стотиците деца убиени во борбите во Газа. Околу и во креветчето има остатоци и бодликава жица.

„Не можеме да го оправдаме поставувањето елка и славење како сè да е нормално, бидејќи некои луѓе (во Газа) немаат ни куќи во кои можат да одат“, рече Ала Саламе, сопственик на ресторанот Афтеем, семеен ресторан на само неколку чекори од плоштадот.

Саламе посочува дека Бадник обично е најпрометниот ден во годината. „Обично не можете да најдете ниту едно слободно столче, полни сме од утро до полноќ“, вели Саламе. Годинава само една маса беше зафатена - новинари таму се засолниле од дождот.

Саламе рече дека неговиот ресторан работи со околу 15 отсто од нормалниот капацитет и не може да ги покрие оперативните трошоци. Тој оцени дека и по завршувањето на војната ќе биде потребна најмалку уште една година туризмот во Витлеем да се врати во нормала.

Откажувањето на божиќните прослави е тежок удар за економијата на Витлеем. Се проценува дека туризмот сочинува 70 отсто од приходот на Витлеем, а речиси целиот се генерира за време на божиќната сезона.

Бидејќи многу големи авиокомпании ги откажаа летовите за Израел, не доаѓаат многу странци. Локалните власти соопштија дека повеќе од 70 хотели во Витлеем биле принудени да затворат, оставајќи илјадници луѓе без работа.

Над 20.000 Палестинци се убиени, а повеќе од 50.000 ранети во израелската воздушна и копнена офанзива против Хамас во Газа, според тамошните здравствени власти.

Околу 85 отсто од 2,3 милиони жители на таа енклава се раселени.

Војната започна со смртоносниот напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, во кој милитантите убија околу 1.200 луѓе, од кои повеќето цивили, а киднапираа околу 240 луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи.

Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

Филипче со Заев го променија името на државата и ветуваа членство во ЕУ, а добивме само слика од авион.

Филипче и Заев ветуваа бесплатно здравство, а добивме провизии за вакцини, провизии за модуларни болници и провизии за тендери и набавки.

Филипче вели дека Македонија не била за продажба, а има потпишан бланко лист за барањата на Бугарите.

Со ова Филипче е директно против Македонија.

На Филипче му смета успехот на Македонија. Затоа е против дата центри, рудници и фабрики. Ама не е против бугарски фирми, златни визи и акции во индиски авиокомпани.

Исто така, на Филипче му пречи Дејвид Гета, ама не му пречи Харис Џиновиќ.

Тоа се двојните стандарди на Филипче и СДС. Затоа и ќе бидат вечна маргинална опозиција.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стоматолог од Тетово пријавен за сексуално вознемирување од млада пациентка

23-годишна девојка од Тетово пријавила во полиција дека била сексуално вознемирувана од стоматолог во приватна ординација во градот.

Стоматолог од Тетово пријавен за сексуално вознемирување од  млада пациентка

Според пријавата, на 14 и 18 септември 2026 година, додека пациентката престојувала во ординацијата за медицинска интервенција, стоматологот наводно ја вознемирувал.

Случајот, според пријавеното, продолжил и надвор од ординацијата. Девојката навела дека стоматологот подоцна преку мобилна апликација ѝ испраќал пораки со несоодветна содржина.

Настанот бил пријавен синоќа во 22:40 часот во СВР Тетово.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јамал за односот со Бускетс: „Ме фати и ми одржа лекција“

Бисерот на светскиот фудбал, тинејџерот на Барселона, Ламин Јамал раскажа што му се случило во Барселона кога  легендарниот Серхио Бускетс го фатил и му одржал лекција што ќе ја памети.

Јамал за односот со Бускетс: „Ме фати и ми одржа лекција“

Еден од најдобрите светски фудбалери во моментов, 19 годишниот ас на Барселона, Ламин Јамал призна дека се исплашил додека ги слушал зборовите на своите соиграчи.

Ламин Јамал денес е еден од најдобрите фудбалери во светот и еден од кандидатите за освојување на „Златната топка“.

Неговиот талент е неспорен, тој игра одлично и за Барселона и за шпанската репрезентација. Бележи големи успеси и со клубот и со националниот тим, но и самиот е свесен дека можеби тоа немаше да се случи доколку Серхио Бускетс не му одржал лекција на почетокот од неговата кариера.

„Бев суспендиран од репрезентацијата на три недели бидејќи, како и сите деца, направив нешто многу глупаво. Денот кога отидов на првиот тренинг со сениорскиот тим, Бускетс ме фати и ме праша: 'Што направи во репрезентацијата?'. Имаше многу сериозен израз на лицето“, ја започна приказната Јамал.

Тој и двајца соиграчи предизвикаа хаос во националниот тим кога имаа 15 години.

Официјалната причина никогаш не е соопштена; тогаш беше објавено само дека „биле исфрлени поради недисциплина и дека таквото однесување нема да се толерира во националниот тим, без разлика за кого станува збор“.

„Бев само дете и признавам дека се исплашив. Му кажав што се случило. Тој ми рече: 'Сега си во Барселона, сите знаат кој си и без разлика колку добар играч си, мораш да знаеш како да се однесуваш'.“

Ламин Јамал призна дека тој разговор со легендарниот фудбалер на Барселона многу му помогнал во кариерата. „Од тој момент, променив сè во мојот живот и целосно му се посветив на фудбалот. Престанав да излегувам. Одам на тренинг, одмарам, ја посетувам мајка ми и потоа почнувам одново. Целосно се посветив само на фудбалот. Фудбал, фудбал и фудбал“, заклучи Ламин Јамал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер