Вистинскиот Кен, Бразилецот Келсо, почина од леукемија на 20 години - Канал 5

Вистинскиот Кен, Бразилецот Келсо, почина од леукемија на 20 години

Келсо Сантебанес почнал со пластични операции на 17 годишна возраст за да изгледа како партнерот на Барби, куклата Кен. И успеа во тоа по бројни операции и потрошени 60 000 долари. Изгледаше толку совршено што дури лансираше и своја линија на Кукли - Келсо! Но, кон крајот на минатата година младото момче доби лоша дијагноза - ретка форма на леукемија која му го одзеде животот.

Вистинскиот Кен, Бразилецот Келсо, почина од леукемија на 20 години
Уште како дако дете, Келсо Боргес Переира (што е негово вистинско име) бил исклучително убав. До 15 годишна возраст бил забележан од ловците по таленти. Победувал на натпреварувања за машки модели. На 16 го сменил презимето во Сантебанес. Еве како изгледал на 17, пред да започне со пластичните операции кои ќе го претворат во совршена машка кукла.

Before and after: Celso Santebañes quest to become a living Ken doll ended in tragedy, wh

Уште пред да почне со операциите луѓето го споредувале со Кен. Но тој бил опседнат со перфекција, и усните, лицето му изгледале „премногу природни“. Затоа решил да почне со пластчните операции. Набргу навистина заличел на вештачка куќа - своите појавувања по настани ги наплаќал по 20 000 долари.




Но, на патот на Келсо застанала подмолна болест. На крајот на минатата година откриено е дека боледува од ретка форма на леукемија. Келсо во јануари годинава изјави:

- Денеска почнувам нов круг во животот. Почнувам со хемотерапија и малку сум загрижен за споредните ефекти како паѓање на косата, како телото ќе ја прими терапијата, лошењето, но не се грижам за естетската страна на прашањето. За мене тоа воопшто не е важно. Она што е важно е моето здравје и ќе се борам за него!

Болеста многу бргу напредувала.



На 18 мај, во тешка состојба, Келсо последен пат зборуваше за неговата трагична потрага по физичка перфекција.

- Секој кој сака да е убав, кој сака да е перфектен, да привлече внимание на себе, веројатно надоместува недостиг од љубов, можеби.. - изјави Келсо за „Hoje Em Dia.“

Тогаш рече дека ако преживее, нема да направи ниту една пластична операција.

- Доста беше, што направив направив!

Сантебанес почина минатиот четврток откако заболе од пнеумониа. Имаше само 20 години. Беше погребан во текот на викендот, во неговото родно Сао Паоло. Неговиот татко Селиа Боргес за репортерите изјави: Токму кога почна да ги исполнува своите соништа, ја откри болеста и неговите соништа беа прекинати. Тој имаше планови, но Господ имаше поинакви.



/ извор: news.com.au

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавна расправа за Законот за семејството – нови решенија за пристап до податоците за посвојување

Со јавната расправа претседаваше членката на Комисијата, Олга Лозановска.

Јавна расправа за Законот за семејството – нови решенија за пристап до податоците за посвојување

Комисијата за социјална политика, демографија и млади, во рамките на денешната 26. Седница, одржа Јавна расправа по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за семејството, поднесен од пратениците Весна Бендевска, Даниела Белимова, Павле Арсоски, Бобан Карапејовски и Даниел Стојчевски.

Со јавната расправа претседаваше членката на Комисијата, Олга Лозановска, а Предлог-законот го образложи потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, во име на предлагачите. Во дискусијата учествуваа експерти од областа, претставници на здруженија, граѓански организации и институции, како и претставници на Министерството за социјална политика, демографија и млади, кои изнесоа свои мислења, забелешки и предлози во однос на предложеното законско решение.

Со Законот за семејството се уредува посвојувањето како и правата и обврските кои произлегуваат од него. Согласно постојното законско решение, податоците за посвојувањата претставуваат службена тајна. Целта на Предлог-законот е уредување на пристапот до податоците и списите на предметите за посвојување, преку воспоставување механизам за остварување на правото на полнолетниот посвоеник на увид во списите на предметот за неговото посвојување. Се уредуваат и постапувањето и одлучувањето по барањата за пристап, пристапот до податоци од медицински причини поврзани со здравјето на малолетниот посвоеник, како и пристапот на крвните сродници на полнолетниот посвоеник под условите утврдени со закон.

Потребата од законските измени произлегува и од пресудата на Европскиот суд за човекови права во предметот „Митревска против Северна Македонија“, со која е утврдена повреда на членот 8 од Европската конвенција за човекови права. Судот констатирал дека при одлучувањето по барањето на посвоеникот за пристап до информации за неговото потекло не била воспоставена соодветна рамнотежа меѓу различните интереси. Посочена е и потребата од предвидување исклучоци од начелото на тајност на податоците, особено во случаи кога пристапот до одредени информации е неопходен од медицински причини.

Во широка дискусија беше истакната сложеноста и чувствителноста на прашањето, како и потребата предложените решенија внимателно да се разгледаат од правен и практичен аспект. Учесниците посочија дека конечните законски решенија треба да бидат јасни и применливи, со прецизно утврдени правила и критериуми, кои ќе овозможат соодветно постапување и одлучување во зависност од околностите на секој конкретен случај.

Терминот за продолжување на оваа јавна расправа ќе биде дополнително утврден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 15 ноември до 15 март задолжително е поседувањето на зимска опрема во возилата

Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Од 15 ноември до 15 март задолжително е поседувањето на зимска опрема во возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одредбите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и „Службен весник на Република Македонија“бр. 302/20, 122/21, 33/24, 208/24, 193/25, 258/25, 58/26, 79/26 и 148/26), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира:

За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторни возила со погон на четири тркала (4x4):

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

За моторни возила кои надминува 3.500 кг:

- зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

- пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Учество на државниот секретар Петрушевски на Виенската миграциска конференција

Делегација од Министерството за внатрешни работи, предводена од државниот секретар Сашо Петрушевски, учествува на Виенската миграциска конференција, што се одржува од 16 до 17 ноември 2026 година во Австрија. 

Учество на државниот секретар Петрушевски на Виенската миграциска конференција

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, со претставници од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија исто така се учесници на овој многу значаен настан.

Годинешната конференција се одржува во услови на длабоки геополитички, економски и технолошки промени, со далекусежни последици за глобалната соработка, мобилноста и миграцијата. На конференцијата се одржаа неколку панели на кои учесниците ги разгледуваа модалитетите на управување со границите како одговор на безбедносните предизвици. Во фокусот на интересот на конференција е глобалниот пазар на трудот и импликациите врз мобилноста и генерално врз потребата на луѓето за миграција. Сесиите на конференција дополнително истражуваа како миграцијата се одвива низ сите рути и како новите правила, вклучително и Пактот на ЕУ за миграција и азил создаваат и поддржуваат отпорни миграциски системи.

Македонската делегација учествуваше на панелот посветен на влијанието на геополитички услови врз миграциските приоритети. За време на овој панел, беше презентирана различната реалност во повеќето европски земји, при што се заклучи дека европската миграциска соработка може да ги задоволи различните безбедносни национални потреби.

За време на конференцијата се одржа билатерална средба на македонската делегација со генералната директорка на Меѓународниот центар за развој на миграциските политики (ИСМПД) Сузан Раб. За време на билатералната средба се дискутираше за приоритетите и поддршката за државата. Беа посочени областите каде би се насочила советодавна и техничка помош заради зајакнување на институционалните капацитети, подобрување на меѓу-институционалната соработка и поддржување на имплементацијата на националните миграциски политики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер