3Германија се соочува со сериозна закана, кажа Мерц откако бил пронајден уште еден вооружен дрон кај аеродромот во Лајпциг
1.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
21.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
РакометВисок пораз за македонските ракометарки од Исланд Македонската женска ракометна репрезентација вчеравечер загуби на гостувањето во Исланд со убедливи 33:23 и како последна ќе заврши во квалификациската група за пласман во баражот за СП 2015 година. Домаќинките беа фаворитки, иако нашите ракометарки заминаа со надеж дека ќе можат рамноправно да конкурираат, и да се надигруваат. Исланд брзо поведе со 4:0, потоа имаше и плус шест (9:3), а на полувреме резултатот беше 17:12. Вторите 30 минути почнаа со серија од 5-1 за Исланѓанките кои во 40.минута првпат имаа и двоцифрена предност (26:16) која ја задржаа до крајот на мечот. Робертина Мечевска со 6, Зорица Десподовска со 4 и Марија Штериова со 4 голови беа најефикасните во нашиот состав. Исланд со оваа победа го потврди баражот, а втора во групата ќе заврши Италија која двапати ја совлада Македонија и двапати загуби од Исланд. Последниот натпревар од групата е в сабота во Скопје меѓу Македонија и Исланд. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
КошаркаУспешно заврши тренерската клиника на КФМ – Врвни предавачи, актуелни теми и рекордна посетеностВо организација на Кошаркарската федерација на Македонија, на 24 и 25 август во Скопје се одржа тренерската клиника, која на едно место обедини реномирани кошаркарски стручњаци, тренери од македонските клубови, како и голем број љубители на кошаркатКлиниката се одржа во култната сала на Работнички, која со гордост го носи името на еден од најпознатите и најпризнати македонски кошаркарски стручњаци, нашиот покоен Лазар Лечиќ – човек кој остави неизбришлива трага во македонската и пошироко во југословенската кошарка. Во текот на двата дена присутните имаа можност да проследат исклучително квалитетна и разновидна програма, посветена на современите трендови во кошарката, развојот на младите играчи, односот тренер–родител–спортист, како и на најновите промени во кошаркарските правила. Посебна чест за македонската кошарка беше присуството на еден од најголемите европски тренерски авторитети, Светислав Пешиќ, кој своето огромно знаење и искуство го пренесе преку темите „Дефанзивна транзиција“ и „Позициона одбрана“. Селекторот на македонската сениорска репрезентација, Хосе Мариа Берокал, ја обработи темата „Офанзивна транзиција“, додека Саша Грујиќ преку две предавања се осврна на развојот на офанзивната тимска игра и индивидуалните офанзивни вештини во младинската кошарка, со посебен акцент на возраста од 10 до 18 години. Значаен сегмент од програмата беше посветен и на правилниот развој и самодовербата кај младите спортисти преку односот тренер–родител–спортист, а Судиската комисија при КФМ ги презентираше промените на официјалните кошаркарски правила кои стапуваат во сила од 1 октомври 2026 година. Квалитетот на клиниката беше неспорен, а најдобра потврда за тоа беше интересот и присуството на досега најголем број тренери од македонските клубови на еден ваков настан, како и на бројни други кошаркарски работници и љубители на играта. Особено радува фактот што во текот на двата дена салата „Лазар Лечиќ“ беше место на размена на знаење, искуства и идеи, но и место каде уште еднаш се почувствува силната поврзаност на македонската кошаркарска заедница. Кошаркарската федерација на Македонија упатува искрена благодарност до сите предавачи кои несебично го споделија своето знаење и искуство, како и до сите тренери, кошаркарски работници и посетители кои со своето присуство придонесоа оваа тренерска клиника да добие вистинско значење и вредност. Големата посетеност, вниманието со кое беа проследени предавањата и интересот за сите обработени теми се уште една потврда дека во Македонија постои силна желба за постојано учење, усовршување и следење на современите кошаркарски тенденции. Но, пред сè, тие се потврда на нешто што за нас има посебна вредност: Кошарката во Македонија се почитува, се сака и има луѓе кои се подготвени постојано да вложуваат во нејзината иднина. КФМ и во иднина ќе продолжи со организација и поддршка на вакви едукативни настани, со јасна цел – унапредување на тренерската струка, создавање подобри услови за развој на младите кошаркари и континуирано подигнување на квалитетот на македонската кошарка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Експлозија во руско-кинески комплекс вреден 10 милијарди долариЕден кинески работник загина, а повеќе од сто други се повредени во пожар што избувнал денес во Гасно-хемискиот комплекс „Амур“ (AGCC) на рускиот Далечен Исток. Компанијата ја потврди оваа информација. Комплексот „Амур“, лоциран во близина на градот Свободни во Амурската област, е заеднички проект вреден 10 милијарди долари меѓу рускиот петрохемиски гигант „Сибур“ и кинеската државна компанија „Синопек“. В Амурской области произошёл хлопок и началось возгорание на Амурском газохимическом комплексе возле поселения орков Свободный, у границы с Китаем. Его строят СИБУР и китайская Sinopec. Здесь собирались производить до 2,7 млн тонн полиэтилена и полипропилена в год. pic.twitter.com/Hn0Qck9k7X — распад и неуважение (@VictorKvert2008) August 25, 2026 Објектот е проектиран да стане еден од најголемите погони за производство на полимери во светот, а во моментот на несреќата се спроведуваа завршни испитувања. Почетокот на работата беше планиран за 2027 година. Според официјално соопштение, пожарот избувнал во помошен дел од постројката за пиролиза, но главната опрема не била оштетена. Деветнаесет работници биле хоспитализирани со повреди кои се движеле од умерени до тешки. Уште 104 работници добиле медицинска помош за полесни повреди, како што се исеченици и нагмечувања. A massive explosion and fire hit Russia’s Amur Gas Chemical Complex during commissioning works ahead of its planned launch. One worker has died, 19 were hospitalized and another 104 received medical treatment. The blast occurred around an auxiliary section of the pyrolysis unit.… pic.twitter.com/6lYOi5AQxt — Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) August 25, 2026 Компанијата исто така потврди смртен случај на својата веб-страница. „И покрај брзата медицинска помош, еден повреден работник – кинески државјанин ангажиран од подизведувач – не преживеа“, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
ЕкономијаДиректорот Гоце Димовски во работна посета на ТИРЗ Тетово и ТИРЗ КичевоВо рамки на активната комуникација со сите инвеститори и партнери, директорот Гоце Димовски денес беше во работна посета на ТИРЗ Тетово и ТИРЗ Кичево.Во рамки на активната комуникација со сите инвеститори и партнери, директорот Гоце Димовски денес беше во работна посета на ТИРЗ Тетово и ТИРЗ Кичево, каде беа остварени средби со приватниот партнер Нормак, менаџментот на компанијата Џаво Отомотив и менаџментот на компанијата Џојсон Сејфти Системс. Во ТИРЗ Тетово, директорот Димовски оствари средба со генералниот директор на Нормак, Александар Зарков, при што беа разгледани тековните активности во зоната, можностите за понатамошен развој на инфраструктурата, како и мерките за подобрување на условите за работа. По средбата со Нормак, директорот Димовски се сретна и со менаџментот на Џаво Отомотив. На средбата беа разгледани тековните активности поврзани со реализација на инвестицијата, како и следните чекори во развојот на компанијата во рамки на ТИРЗ Тетово. Посетата продолжи во ТИРЗ Кичево, каде директорот Димовски се сретна со менаџментот на Џојсон Сејфти Системс. На средбата се разговараше за досегашното работење на компанијата, тековните активности и плановите за понатамошен развој. Притоа, беа разгледани и можностите за дополнителна поддршка од страна на Дирекцијата во насока на олеснување на работењето и реализација на идните развојни планови на компанијата. Денешната посета на ТИРЗ Тетово и ТИРЗ Кичево е дел од континуираната определба на Дирекцијата за ТИРЗ за директна комуникација со инвеститорите и партнерите и следење на состојбите на терен. Главната цел и натаму останува навремено идентификување на потребите на компаниите, унапредување на условите за работа и создавање предуслови за нови инвестиции и отворање нови работни места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16