Висок пораз на МЗТ Скопје на гостувањето кај Цедевита - Канал 5

Висок пораз на МЗТ Скопје на гостувањето кај Цедевита

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром претрпеа пораз со 95:61 синоќа на гостувањето кај хрватска Цедевита, пред се поради лошата игра во второто полувреме. Ова беше шести пораз за македонскиот шампион во исто толку натпревари од Еврокупот.

Висок пораз на МЗТ Скопје на гостувањето кај Цедевита
Јуре Лалиќ со 14 и Стефан Синовец со 10 поени беа единствени со двоцифрен ефект во гостинскиот состав кој настапи ослабен без Ксавиер Темс, кој задутре се враќа од САД и ќе биде во составот за следниот меч в недела против Будуќност на домашен терен во рамки на АБА-лигата.

Избраниците на тренерот Анте Назор одиграа солидно во првите две четвртини, но во третиот период нагло падна интензитетот во играта на „сино-белите“ што резултира со убедливи 27:9 за загрепчани.

На табелата водат Гран Канарија и Цедевита со по пет победи од шест, односно седум одиграни натпревари. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најдобрите фудбалери против Кипар за опстанок во Б дивизијата од Лигата на нации

Македонија оспатанокот во Б сегментот од Лигата на нации ќе се обиде да го избори во два меча против селекцијата на Кипар. 

Најдобрите фудбалери против Кипар за опстанок во Б дивизијата од Лигата на нации

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија попладнево денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион го дозна противникот во баражот за опстанок во Б-Лигата на нации.

„Црвено-жолтите“ по катастрофалниот настап и шесте порази на исто толку натпревари, за опстанок во овој сегмент за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Кипар.

Нашите најдобри фудбалери осптанокот во Б дизивијата ќе се обидат да го изборат на домашен терен, бидејќи првиот натпревар избраниците на Седлоски го играат на 25 март следната година на Кипар, а реваншот е закажан за 28 истиот месец во Скопје.

БАРАЖ ПАРОВИ:

КИПАР – МАКЕДОНИЈА

ЕСТОНИЈА – РОМАНИЈА

ФАРСКИ ОСТРОВИ – ГРУЗИЈА

БЕЛОРУСИЈА – ИЗРАЕЛ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене

Министерот за здравство Сашо Клековски и ректорот на Универзитетот Тракија од Едрене, проф. д-р Мустафа Хатиплер, денеска во Скопје потпишаа протокол за соработка во областа на здравството, со важност од пет години.

МЗ: Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене

Протоколот е потпишан во рамки на проектот „Мостови на братството“ — балканска соработка во здравството и обука во текот на работата, што Универзитетот Тракија го спроведува со поддршка на Министерството за здравство на Република Турција. Македонија е третата земја вклучена во проектот, по Косово и Бугарија.

Соработката предвидува:

стручни престои и практична обука на македонски здравствени работници на Медицинскиот факултет и во Универзитетската болница во Едрене;

размена на знаење и клиничко искуство меѓу стручните тимови;

заеднички научни истражувања и стручни настани;

институционална соработка што, покрај медицината, ги опфаќа и стоматологијата, фармацијата и здравствените науки.

Протоколот е продолжение на меморандумот за разбирање во областа на здравството што министерот Клековски го потпиша со министерот за здравство на Република Турција, проф. д-р Кемал Мемишоглу, во октомври годинава во Истанбул, каде што стручната размена и специјалистичката едукација беа определени како приоритетни области.

Во делегацијата на Универзитетот Тракија беа и проректорот и декан на Медицинскиот факултет проф. д-р Седат Устундаг, деканот на Факултетот за стоматологија проф. д-р Али Јилмаз и директорот на Универзитетската болница проф. д-р Алкин Чолак.

„Договорите вредат онолку колку што од нив ќе почувствува корист еден пациент. Со овој протокол нашите здравствени работници добиваат место каде ќе се доусовршуваат, а знаењето што ќе го донесат останува тука“, изјави министерот Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар на ортопедија во ГОБ 8 Септември

Пожар избувнал утрово во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје, на Одделот за ортопедија, поради што дел од пациетите морале да бидат евакуирани.

Пожар на ортопедија во ГОБ 8 Септември

Засега нема официјални информации каде точно избувнал пожарот, ниту која е причината за неговото настанување.

Пожарот е локализиран и, според информациите од надлежните служби, нема опасност од негово понатамошно ширење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер