3Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“
СветВиски против вино: Трамп се заканува со царини од 200 отсто на алкохолот од ЕУАмериканскиот претседател Доналд Трамп се закани со тарифи од 200 отсто за алкохолот од земјите од Европската унија (ЕУ) доколку не ја укинат „царината од 50 отсто за вискито“.Би-Би-Си Њуз Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со тарифи од 200 отсто за алкохолот од земјите од Европската унија (ЕУ) доколку не ја укинат „царината од 50 отсто за вискито“. Ако не биде укината „веднаш“, додаде тој, контратарифата ќе биде насочена кон сите вина, шампањи и алкохолни производи кои доаѓаат од Франција и другите земји на ЕУ. -Тоа ќе биде одлично за работните места за производство на вино и шампањ во САД, рече американскиот претседател. Ова е нова фаза од глобалната трговска војна, која ескалира оваа недела со зголемување на царините за 25 отсто на увозот на челик и алуминиум од други земји во Соединетите држави (САД). ЕУ одговори со контратарифи за американски стоки, вклучувајќи чамци, бурбон и мотоцикли, во вредност од 26 милијарди евра, почнувајќи од април. -Длабоко жалиме за оваа мерка. Тарифите се даноци. Тие се лоши за бизнисот, а уште полоши за потрошувачите. „Тарифите ги нарушуваат синџирите на снабдување и внесуваат несигурност во економијата“, рече Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија. Тоа никому не му треба, ниту во Европската унија, ниту во САД, додаде таа. Тарифите се централен дел од целокупната економска визија на Трамп - тој се надева дека ќе го поттикне производството во САД и ќе ги заштити работните места, но критичарите велат дека тие наскоро ќе ги зголемат цените за американските потрошувачи. Тарифите се даноци што се наплаќаат на стоки увезени од други земји. Компаниите кои увезуваат стоки во земјата плаќаат даноци на владата. Европската унија не е единствена во наметнувањето царини за американскиот алкохол. Канада воведе царини за американскиот бурбон и веќе почна да го отстранува од полиците на продавниците. Контратарифите беа одговор на увозните даноци на Трамп за канадски производи. Извршниот директор на Браун-Форман, кој го продуцира познатиот „Џек Даниелс“, Лосон Вајтинг, минатата недела изјави дека канадскиот потег е „несразмерен одговор“. „Мислам, тоа е полошо од тарифата, бидејќи буквално ви ја одзема продажбата и целосно ги отстранува нашите производи од полиците“, рече Вајтинг. Што се случи последниот пат кога ЕУ и Трамп се судрија за виски? Индустријата за пијалаци е запознаена со трошоците за оваа борба. За време на првиот мандат на Трамп, тој им зададе удар и на алуминиумот и челикот, што предизвика одговор од Европската унија, како што е данокот од 25 отсто за американското виски. Мерката предизвика пад на продажбата на алкохолни пијалоци во САД за 20 отсто во ЕУ помеѓу 2018 и 2021 година, од 552 милиони долари (околу 508 милиони евра) на 440 милиони долари (повеќе од 405 милиони евра), според американскиот совет за дестилирани алкохолни пијалоци. Тарифата беше укината и продажбата продолжи, бидејќи двете страни постигнаа договор со кој се ослободи одредена количина европски метали од царина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните. Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот. Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните. -Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска. Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“. Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан ДистрибуцијаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter