Винскиот музеј Кавадарци презентиран на меѓународен саем во Италија - Канал 5

Винскиот музеј Кавадарци презентиран на меѓународен саем во Италија

Винскиот музеј Кавадарци изминативе денови беше презентиран на меѓународен саем во Италија, настан под покровителство на УНЕСКО и Светската туристичка организација, информираа попладнево од Музејот.

Винскиот музеј Кавадарци презентиран на меѓународен саем во Италија

- Ние годинава бевме дел од традиционалното учество на нашата држава на Медитеранската берза за археолошки туризам во Пестум. Пред многубројните посетители ги претставивме тиквешкото богато културно наследство, лозаровинарската традиција во најголемиот регион за грозје и вино, како белег низ времето на нашиот крај, вели директорката на Музејот, Елизабета Ристова.

Ристова подвлече дека посетителите биле воодушевени од македонските вина и ракии, ајварот и маџунот, традиционалната тиквешка ,,наутлија" како и слаткото од тиква, во тиквешко познато како р'чели.

Таа се заблагодари на Управата за заштита на културното наследство и директорката Весела Честоева, за можноста Вински музеј да се претстави на овој саем, единствен од ваков вид во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силни експлозии во познато руско летувалиште (ВИДЕО)

Украинските поморски беспилотни летала утрово го нападнаа пристаништето во рускиот град Сочи, во Краснодарската област.

Силни експлозии во познато руско летувалиште (ВИДЕО)

Украинските поморски беспилотни летала утрово го нападнаа пристаништето во рускиот град Сочи, во Краснодарската област, пишува украинскиот специјализиран воен портал Милитарњи. До овој заклучок дошле аналитичарите на Militarnyi со геолокација на снимките и фотографиите објавени од надзорниот канал Exilenova+. Локалните жители објавија снимки на социјалните мрежи на кои се гледа како густ црн чад се издига од местото на експлозијата.

Едно од видеата го покажува и моментот кога поморски дрон експлодира веднаш до самото пристаниште.

Експлозија во близина на противвоздушниот систем Панцир

Според фотографиите од теренот, одекнале експлозии во непосредна близина на позицијата каде што бил распореден рускиот ПВО систем Панцир. Се претпоставува дека токму овој систем бил една од главните цели на нападот на украинските одбранбени сили.

За време на нападот, локалните канали известуваа за силни детонации кои одекнаа во самиот центар на градот и ги повикаа граѓаните веднаш да се оддалечат од областа околу морското пристаниште.

Во исто време, руската Федерална агенција за воздушен транспорт воведе привремени ограничувања за полетување и слетување на аеродромите во Сочи и Геленџик, наведувајќи дека „за да се обезбеди безбедност на летот“.

Зошто е важен Сочи и колку е оддалечен од бојното поле?

Сочи е најпознатото руско летувалиште и туристички центар на источниот брег на Црното Море, сместен во подножјето на планините Кавказ, познат по Зимските олимписки игри во 2014 година, но и по летната резиденција на рускиот претседател Владимир Путин.

Градот е оддалечен повеќе од 500 километри од најблиската територија контролирана од Киев по воздушен пат, додека морскиот пат преку Црното Море е значително повеќе од 600 до 700 километри. Нападот на Сочи на тој начин покажува дека украинските поморски и воздушни беспилотни летала можат да оперираат длабоко во руската позадина, на самиот раб на сливот на Црното Море.

Затворањето на воздушниот простор над Сочи и блискиот Геленџик сугерира дека, покрај поморските авиони, многу веројатно во нападот биле вклучени и беспилотни летала од воздух, иако сè уште не се појавиле снимки од небото над градот од дрон.

Минатиот месец, украинските сили извршија сличен комбиниран напад врз базата и пристаништето на руската морнарица во Новоросијск, користејќи противбродски ракети Нептун, млазни беспилотни летала Паљаница и поморски дронови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сидни Свини ги изненади сите во Венеција: За неа тоа е премногу облека (ФОТО)

По привлекувањето внимание во Венеција во проѕирен топ кој само делумно ги покриваше нејзините гради, Сидни Свини се одлучи за многу поинаков аутфит за ноќно излегување. 

Сидни Свини ги изненади сите во Венеција: За неа тоа е премногу облека (ФОТО)

Овој пат се појави во елегантен бел фустан, а нејзиното објавување не остана незабележано ниту на социјалните мрежи.

За време на престојот во градот, 28-годишната актерка беше фотографирана како шета низ плоштадот Свети Марко додека се упатуваше кон познатиот бар „Харис“.

За вечера избра бел фустан од „Шанел“

Свини носеше бел фустан од „Шанел“ без прерамки за вечерното излегување. Едноставната комбинација ја надополни со кафеава чанта, а вниманието го привлекоа и нејзините очила за сонце, кои не ги соблече иако веќе беше темно.

По нејзиното претходно, многу попредизвикувачко објавување, брзо почнаа да се слеваат смешни коментари на X. „Конечно нешто пристојно од неа“, напиша едно лице. „Ова е веќе премногу облека за неа“, се пошегува друго.

Таа е редовен посетител на Венеција

Свини е редовен гостин на Филмскиот фестивал во Венеција во последните години. Како амбасадорка на брендот Armani Beauty, таа престојуваше таму во 2022, 2023 и 2024 година, а нејзините модни изданија редовно го привлекуваат вниманието на фотографите.

Со оглед на комбинациите во кои веќе се појави оваа година, се очекува дека нејзиниот избор за црвениот тепих ќе привлече големо внимание.

Неодамна претстави нова колекција долна облека

Во последните месеци, актерката е сè повеќе вклучена во својот бренд за долна облека Syrn, за кој неодамна претстави нова колекција.

Во пресрет на нејзиниот 29-ти роденден, кој ќе го прослави подоцна овој месец, таа ја претстави линијата „Birthday Boobs“, која се состои од транспарентни модели украсени со везени цветни детали.

„Јас сум романтичарка во срцето, па секако сакав мојата колекција за роденден да биде романтична. Се чинеше како совршена можност да направам нешто навистина женствено и посебно“, рече Свини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин: Постои можност за мировен договор со Украина, САД и Кина се подготвени да помогнат

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека постои можност за склучување мировен договор со кој ќе се стави крај на војната во Украина. 

Путин: Постои можност за мировен договор со Украина, САД и Кина се подготвени да помогнат

Зборувајќи на економски форум во Владивосток, Путин додаде дека голем број држави меѓу кои САД и Кина се подготвени да поддржат постигнување мировен договор, но во исто време и дека агресивните дејствија на Киев и на европејците ги комплицирале изгледите за решавање на конфликтот..

„Проблемот треба да биде решен од државите кои се во конфликтот – Русија и Украина. Тоа е вистинскиот начин. И покрај тоа, благодарни сме им на сите кои се обидуваат да придонесат за постигнување на договор. , рече Путин..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер