3Петрушевски: Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа
ФудбалВиничиус презентиран на „Бернабе“: Го избрав најголемиот клуб во светот Бразилецот Виничиус Жуниор изјави дека доаѓа во најголемиот клуб во светот, откако беше претставен официјално како играч на Реал Мадрид.Осумнаесетгодишниот талент беше купен уште пред неколку месеци од Фламенго, откако за него „белите“ платија 45 милиони евра. Во тоа време тој не можеше да дојде во Шпанија, бидејќи не беше полнолетен, но сега тоа веќе е факт. По традиција Виничиус се фотографираше со 13-те трофеи од европските натпреварувања, заработени од кралскиот клуб, по што се појави и пред медиумите, заедно со својот татко, своите агенти, легендата Роналдо Назарио, кој е негов кум и се разбира претседателот Флорентино Перез. - Ова е најубавата шанса што еден фудбалер може да ја добие. Подготвен сум да положам многу напор за да ја користам оваа можност. Доаѓам од скромно семејство, па сум подготвен цврсто да работам. Имав можност да бирам меѓу големи клубови и го избрав најголемиот. Ќе покажам на тренерот дека иако имам 18 години, јас сум подготвен да играм, изјави Виничиус. Тој му се заблагодари на претседателот и раководството за довербата и додаде дека адаптацијата нема да биде лесна, но ќе направи сé што треба за да биде се во ред. Традиционално по официјалниот дел Бразилецот се појави во дрес на теренот, каде што покажа некои од своите вештини со топката пред неколку илјади фанови на „белите“, кои дојдоа да го поздрават. 👕 @vini11Oficial#WelcomeVinicius pic.twitter.com/XFYFdW0KnA — Real Madrid C.F. (@realmadrid) July 20, 2018 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАкциска контрола на возила за јавен превоз – за пет часа констатирани 92 неправилностиНа 06.10.2026 година, во периодот од 08:00 до 13:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли над автобуси и други возила .На 06.10.2026 година, во периодот од 08:00 до 13:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли над автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз на патници. При спроведените контроли контролирани се вкупно 405 автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што кај 92 возила се констатирани неправилности. Во рамки на контролите, на технички преглед биле упатени 170 возила, додека 34 се исклучени од сообраќај поради утврдени неисправности. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Во текот на контролите поднесени се и три кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик, а едно возило е одземено согласно член 300-б. Констатирани се и 239 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на зајакнати сообраќајни контроли, со цел обезбедување повисоко ниво на безбедност и сигурност при јавниот превоз на патници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00
МакедонијаСДСМ бара одговорност, три недели не работи ниту еден компјутерски томограф во Клинички Три цели недели пациентите чекаат, оставени сами на себе. Ама болеста не чека.Ова е хаос којшто го направи Клековски. Тотален распад на јавното здравство под оваа криминална власт. Зад секој одложен преглед стои човек што чека дијагноза. Семејство што стравува. Пациент што не знае кога ќе почне да се лекува. Клековски нека излезе веднаш пред пациентите и нека одговори: зошто три недели нема решение? Каде се упатуваат итните случаи? Колку прегледи се одложени? Како е можно да не се лекуваат пацинетите? Здравството, клниките не се партиски плен. За здравјето на луѓето се работи. Не може само криминални тендери да им биде во фокусот. Не може за тендери да има а за томографи да нема пари. Граѓаните плаќаат здравствено осигурување за да добијат преглед и лекување, а не затворени врати и префрлање одговорност. Исто како во Гостивар, 5.000 луѓе беа отруени, одговорност нема. Граѓаните со најскапото нешто ја плаќаат цената за катасторфалните политики на оваа арамиска, криминална власт. Доста со арамиски работи. СДСМ бара веднаш да се стават во функција сите томографи за да може да продолжат прегледите. Бараме точен рок за ставање на томографите во функција и утврдување на одговорност. Од Министерот Клековски па се до раководството на клинички. Прес конференција на СДСМ, Елена Радеска, член на Комисија за здравство СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаНов систем за „F-16“: Крај на пукањето врз сојузнициНов електронски систем за автоматско препознавање на пријателски и непријателски авиони успешно ги помина воените тестирања и е одобрен за употреба на ловците „F-16“.Системот од компанијата „BAE Systems“, означен како „AN/APX-127(V)1 Combined Interrogator Transponder “претставува модернизирано решение што интегрира две функции во еден уред. Неговата цел е да го намали ризикот воените пилоти случајно да пукаат врз сојузнички авиони. Кога пилот на „F-16“ ќе открие неидентифициран авион на радарот, системот испраќа шифрирано дигитално барање до него преку радио-сигнал. Овој процес е познат како идентификација преку барање или „испрашување“. Ако авионот му припаѓа на пријателска земја или на сојузник од НАТО, неговиот систем автоматски го прима сигналот, го дешифрира користејќи безбеден воен клуч и враќа прецизно дефиниран, исто така шифриран, одговор. Ако „F-16“ добие валиден одговор, неговиот систем го означува авионот како пријателски на екранот на пилотот. Доколку нема одговор или примениот код е погрешен, авионот се означува како непозната или непријателска закана. „BAE Systems“ го дизајнираше новиот уред како директна замена за постарата опрема што се користи на авионите „F-16“ ширум светот. Ова овозможува модернизација на постоечките авиони без потреба од развој на целосно нов систем за идентификација. Системот ефективно функционира како дигитална контрола во воздух: „F-16“ може истовремено да го потврди идентитетот на другите авиони и да го потврди сопствениот идентитет пред сојузничките сили кога тие ќе испратат барање. Ова дополнително го намалува ризикот од погрешна идентификација во ситуации кога во воздушниот простор е присутен голем број авиони. Извор: Б92Тагови: F-16 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00