Вилијам и Хари повторно заедно во Лондон на роденденот на мајка им - Канал 5

Вилијам и Хари повторно заедно во Лондон на роденденот на мајка им

На денот кој би бил нејзиниот 60-ти роденден, британските принцови Вилијам и Хари ќе ги остават настрана своите несогласувања и заедно ќе ја откријат статуата на покојната принцеза Дајана, нивната мајка.

Вилијам и Хари повторно заедно во Лондон на роденденот на мајка им

Статуа во чест на принцезата Дајана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, ќе биде откриена во градината на палатата Кенсингтон во центарот на Лондон, нејзиниот поранешен дом.

„Мислам дека ќе биде многу непријатно“, изјави кралскиот коментатор Пени Џунор за Ројтерс. „Ќе приредат шоу затоа што ќе има камери, но никој од нив не знае да ги сокрие своите чувства.“

Вилијам имал 15, а Хари 12 години кога автомобилот во кој се наоѓале нивната мајка и нејзиниот пријател Доди ал Фајед, влетал во столб во тунел во Париз, бегајќи од фотограф.

Двајцата браќа зборуваа за длабоката траума предизвикана од загубата и за тоа како тоа влијаело на нивното ментално здравје години подоцна.

Во 2017 година, тие нарачале статуа за одбележување на нејзиното наследство и живот, за на крај да го изберат скулпторот Јан Ранк-Бродли, чија слика на кралицата Елизабета се користела на британските и комонвелтските монети, како нејзин дизајнер.

Статуата ќе биде откриена на скромна церемонија на која ќе присуствува мала група избрани луѓе, вклучувајќи ги принцовите и потесното семејство на Дијана, во градината на палатата Кенсингтон, каде што сега живее Вилијам (39) со своето семејство.

Хари (36) исто така живеел во палатата, но неговиот дом сега е во Калифорнија, откако тој и неговата американска сопруга Меган се повлекоа од официјалните кралски должности минатата година.

Оттогаш тој имаше неколку напади врз неговото семејство и кралските институции, вклучувајќи обвинение за расизам, кажано од него и Меган во интервју со американската водителка Опра Винфри, за кое според медиумите ,наводно го разбеснило неговиот брат.

Браќата последен пат се виделе во април, на погребот на нивниот дедо, принцот Филип, сопругот на кралицата повеќе од 70 години.

Она што ги обединува принцовите е тагата за нивната мајка, која стана светско име откако се омажи за престолонаследникот, принцот Чарлс, во 1981 година.

Скоро четвртина век по кобната несреќа, британските весници продолжуваат редовно да објавуваат за животот и смртта на Дијана.

Тоа ќе биде втор споменик на Дијана во Лондон, откако во Хајд Парк беше откриена фонтана во 2004 година по повеќегодишна бирократска полемика околу дизајнот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се преврте камион со азотна киселина-издадено предупредување за екстремна опасност! – „БЕГАЈТЕ ВЕДНАШ!“

Камион што превезувал азотна киселина се превртел во текот на ноќта на автопатот А57, во близина на градот Крефелд во западна Германија. 

Се преврте камион со азотна киселина-издадено предупредување за екстремна опасност!  – „БЕГАЈТЕ ВЕДНАШ!“

Притоа дошло до истекување на опасната материја, поради што властите издадоа предупредување за екстремна опасност и наложија затворање на одредени училишта и градинки за тој ден. Возачот на камионот е повреден во несреќата и пренесен е во болница, изјави портпаролот на противпожарната служба, пренесува „Шпигел“.

Надлежните служби го предупредија населението за сериозни здравствени ризици поради ослободувањето на азотна киселина, која има исклучително корозивни својства.

Преку системот за итно предупредување „Нино“ (Nino), граѓаните беа известени за највисокото ниво на опасност, со совет веднаш да побараат засолниште во затворени простории, да ги затворат прозорците и вратите, како и да ги исклучат уредите за вентилација и климатизација.

Поради инцидентот, железничкиот сообраќај во тој дел од покраината Северна Рајна-Вестфалија беше делумно во прекин.

Во интервенцијата учествуваат околу 150 припадници на противпожарната служба, кои работат на запирање на истекувањето и преточување на киселината од камионот.

Ангажирани се и специјализирани единици за интервенции во случаи на опасни материи. Просторот околу местото на несреќата е обезбеден во радиус од еден километар.

Азотната киселина е една од важните индустриски хемикалии и, меѓу другото, се користи во производството на вештачки ѓубрива и експлозиви. Во случај на неконтролирано истекување, таа може да претставува сериозна опасност за здравјето на луѓето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат за скандалот со објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на Муслиу

Случајот со изградбата на објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу заслужува конкретни одговори.

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат за скандалот со објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на Муслиу

Стево Пендаровски треба јавно да објасни што точно знае за овој објект, каква е неговата поврзаност со Муслиу и зошто овој случај отвора сомнежи за можен судир на интереси.

Прашањето е од каде потекнуваат средствата за ваква инвестиција?

Дали имотната состојба и пријавените приходи на Муслиу соодветствуваат со вредноста на инвестицијата? Дали се пријавени сите деловни интереси и дали постојат евентуални недозволени поврзаности од времето кога ја извршувал јавната функција?

Муслиу да каже дали може да го објасни потеклото на средствата за изградбата. Да се провери имотна состојба и пријавените приходи.

Неопходно е да се испита дали постои судир на интереси или поврзаност со неговото претходно службено работење.

Надлежните институции да извршат проверка на документацијата, финансирањето и законитоста на инвестицијата.

Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата не смеат да останат неми набљудувачи.

Граѓаните имаат право да знаат дали луѓето кои извршувале високи јавни функции можат да го оправдаат своето богатство со законски стекнати приходи.

Нема недопирливи. Нема привилегирани. Законите мора да важат подеднакво за сите.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голден Стејт подготвува максимален договор за Никола Јокиќ

Поранешниот НБА шампион, Голден Стејт Вориорс би можеле значително да го променат тимот за следната сезона, бидејќи планираат да доведат многу кошаркари, а еден од нив би можел да биде Никола Јокиќ.

Голден Стејт подготвува максимален договор за Никола Јокиќ

Голден Стејт ја следи ситуацијата околу најдобриот светски центар, Никола Јокиќ и се надева дека српскиот ас би можел да биде достапен следното лето, тврди НБА новинарот Џејк Фишер.

„Вориорси се меѓу тимовите што прашуваат: ’Дали сме сигурни дека Никола Јокиќ нема да биде достапен следното лето?‘. Тие се надеваат дека ќе имаат доволно простор во буџетот за максимален договор, а го имаат и Стеф Кари“, изјави Фишер.

Тој се повика на лице запознаено со ситуацијата во клубот, според кое „Вориорс“ сè уште веруваат дека можат да доведат голема ѕвезда. Како пример го наведе Џими Батлер, чие доаѓање – според него – било на добар пат пред тој да се повреди.

„Не успеаја да го доведат Јанис Адетокунмбо, а Кевин Дурант не сакаше да се врати кога се разговараше за тоа кон крајот на еден од претходните преодни рокови. Сепак, тие сè уште веруваат дека следното лето можат да доведат големо име, било преку размена или на пазарот на слободни играчи“, додаде Фишер. Фишер не спомна никаква понуда или преговори во врска со Јокиќ. Засега, станува збор само за тоа дека „Голден Стејт“ ја следи можноста за отворање на таква прилика.

„Голден Стејт Вориорс“ сериозно сметаат на можноста трикратниот МВП да го напушти Денвер, а во Сан Франциско веруваат дека присуството на Стеф Кари би можело да биде одлучувачки адут во нивниот обид да го доведат најдобриот центар на денешницата. Србинот во повеќе наврати изјави дека сака да остане во Колорадо, но прашање е колку долго ќе има трпение доколку „Нагетс“ не состават тим способен да се бори за титулата!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер