Вил Смит прв пат ја изведе новата песна: Танцувајте и во најмрачните моменти (ВИДЕО)

Вил Смит ја изведе својата нова песна You can make it за прв пат на овогодинешното доделување на BET Awards.

„Не знам кој од вас треба да го слушне ова, но низ што и да поминувате во животот во моментов, тука сум да ви кажам дека ќе успеете“, го започна својот настап со зборовите на охрабрување на толпата.

За време на изведбата на песната, Вил стоел во огнен круг, а сонцето изгревало зад него. „Танцувајте во вашите најмрачни моменти“, беа зборовите со кои го заврши својот настап.

За потсетување, Вил Смит направи пауза во својата музичка кариера откако ја објави песната Get Lit во 2017 година. Пред тоа, тој исто така имаше пауза од речиси 12 години по студискиот албум Lost and Found од 2005 година.

Ја задавил сопругата пред децата, нејзиното тело го ставил во куфер и го фрлил во река (ВИДЕО)

Маж од Велика Британија се соочува со доживотна казна затвор за убиство на својата сопруга, по што го фрлил куферот со нејзиното тело во притока на реката Темза.

Аминан Рахман (46) вчера е прогласен за виновен за убиство на неговата сопруга Сума Бегум (24) во стан во Лондон на 29 април 2023 година.

Сведоци на убиството биле нејзините деца, како и нејзиното момче преку видео повик додека бил во Обединетите Арапски Емирати, пренесува Sky news.

По убиството, телото на жената го ставил во куфер и потоа надзорна камера го снимила како го фрла во реката Леа.

Куферот со распаднатото тело на жената е пронајден 10 дена подоцна на брегот на реката.

На судот му беше кажано дека нејзиното момче, Шахин Мија (24) снимил онлајн видео од настаните што довеле до нејзината смрт, кое подоцна ѝ било предадено на полицијата.

Мија плачеше на суд додека го опишуваше видеоповикот на Рахман во кој тој се заканувал дека ќе ја убие жената.

„Сакаше да побегне, а тој ја фати за врат“, изјави тој пред судот.

Пред да замрзне видеото се слушна вресок и веќе ништо не се гледа.

Во друг видео повик таа вечер, обвинетиот му рекол на Мија дека „ја убил Сума и дека сега треба да се подготви“.

За време на неговото сведочење, Рахман го признал убиството, но тврдел дека никогаш немал намера да ѝ наштети и дека дејствувал во одбрана на постарото дете, тврдејќи дека Сума се заканила дека ќе го убие двегодишното дете и дека го фрлил детето кон ѕид - тврдење кое го негира обвинителството.

Казната ќе му биде изречена на 31 јули.

Средношколец загина екскурзија во Италија, наставничката не викнала доктор кога се пожалил

Ученик (16) од Бремен, Германија,  загина на екскурзија во Италија.

Неговите родители се тажни и гневни поради загубата што ги снашла и сега решиле да упатат сериозни обвинувања против професорката која ги однела учениците на пат.

Тврдат дека наставничката ја прекршила должноста бидејќи не се јавила на лекар иако момчето било во лоша здравствена состојба.

Телото на момчето кое починало на екскурзија во Тоскана е испратено на обдукција, по што ќе се знае точната причина за смртта.

Момчето, кое било инвалидно, имало помош од помошник кој цело време бил со него за време на екскурзијата. Иако имал силни болки во грлото, тинејџерот многу сакал да оди на екскурзијата во Италија со своите пријатели.

За време на екскурзијата, неговото здравје нагло се влошило.

Неговиот татко вели дека цело време за време на екскурзијата бил во контакт со синот.

„Кога разговараше со својата сестра преку видео повик, таа забележа дека лицето му е светло црвено. Тој се пожали на болки во грлото и силна главоболка“, рече тој.

За време на посетата на Пиза неговата состојба толку се влошила што наставничката решила да го откаже патувањето, а потоа ги известила родителите на момчето.

Родителите велат дека побарале од наставничката да го однесе момчето на лекар или во аптека, но таа не го направила тоа. Наместо тоа, момчето било испратено во бунгалов да се одмори сам.

„Кога вечерта повторно се слушна со сестра му, едвај успеа да ги отвори очите. Тие беа целосно отечени“, вели неговиот татко.

Тој потоа додал дека околу 20:00 часот неговиот син му пратил фотографии и тоа било последното нешто што го добил од неговиот син. Утрото им се јавила наставничката и ги известила дека синот им починал.

Семејството на момчето го обвинува училиштето и наставниците дека ја занемариле својата должност за надзор и сега бараат строга казна.

Познат боксер го предал автомобилот на човекот на паркинг, внатре ја заборавил ќерка му (ВИДЕО)

Амир Кан стана вирален откако беше објавено видео на кое го дава својот автомобил на човекот на паркинг, но заборава дека ја оставил ќерка си на задното седиште.

Поранешниот боксерски шампион (37) го остави својот Range Rover вреден 120.000 фунти кај вработениот на паркинг во Дубаи, а видеото споделено на социјалните мрежи го покажува моментот кога сфатил дека неговата ќерка Алајна (6) се уште е на задното седиште.

Амир снимил додека чекал возачот да го врати автомобилот како пред камерата говори: „Го испратив автомобилот на вработениот и погодете што? Ја оставив ќерка ми во автомобилот“. Продолжил да снима додека нетрпеливо чекал да се отвори вратата од автомобилот.

Кога задната врата конечно се отворила, Алајна се појавила на задното седиште, вознемирена, држејќи го розовиот мобилен телефон. Видеото, кое повеќе не се појавува на социјалните мрежи на Кан, завршува со таткото и ќерката како си заминуваат држејќи се за рака додека возачот постојано се извинува.

Амир и неговата сопруга Фаријал Макдо имаат и ќерка Ламаиса и син Мухамед. Двојката е во брак од 2013 година, а во 2017 година на одредено време раскинаа, но набрзо открија дека повторно се заедно.

притисни ентер