1Драма во Грција: Албанец ѝ дал 1.000 евра на сопругата „за трошок“, па отишол да ја убие љубовницата
3Русија лансира и постави вселенско летало во земјината орбита за потребите на Министерството за одбрана
Шоу бизВил Смит открива кој ќе ја преземе неговата улога во „Принцот од Бел Ер“(ВИДЕО)Вил Смит откри дека при рестартирање на ситкомот Принцот од Бел Ер, неговата улога ќе ја преземе актерот Џабари Бенкс, кому му се јавил преку видео повик и лично му ја соопштил веста."Задоволство ми е што те запознав, честитки од срце. Ја имаш улогата на Вил во Принцот од Бел Ер", му рекол Смит на Бенкс. "Подготвен сум. Ова е остварување на сонот", одговорил Бенкс, откривајќи како неговиот татко му предложил да аплицира за улогата откако прочитал напис дека ќе се направи рестартирање на популарната серија. Би -Би -Си пишува дека ова ќе му биде прва улога на Бенкс. Инаку, рестартирањето на серијата ќе биде прикажувано на услугата за стриминг на Ен -Би -Си. Режисерот Морган Купер го дизајнирал рестартирањето како модерна драма. Во оригиналниот ситком, кој се емитуваше од 1990 до 1996 година, загрижен за неподготвеноста на нејзиниот син да го сфати животот сериозно, тинејџерот Вил (Вил Смит) е испратен од неговата мајка кај тетката Вивијан (Џенет Хуберт-Витен) и нејзиното семејство во Бел Ер, Калифорнија , таму да стане сериозен и да се научи на одговорност. Но, веќе на првата заедничка вечера, на која присуствуваат членовите на високото општество, очигледно е дека животните гледишта на Вил и Бенкс не се исти. Во шест сезони на серијата и 148 епизоди заедно со Смит, актерската екипа беше составена од одлични комичари, што ја направи серијата многу успешна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МагазинНова студија: Децата кои поседуваат мобилен телефон се помалку писменинова студија од UCLA покажува дека учениците од основно училиште кои поседуваат мобилен телефон имаат значително полоши резултати на тестовитеГенерацијата Z се профилира како една од генерациите со најниска писменост во модерната историја, а се предвидува дека генерацијата Алфа би можела да има уште полоши резултати. Со години резултатите од тестовите за читање се сè полоши, а способноста да сес разбере прочитаното е драстично во опаѓање. Согласно на ова, нова студија од UCLA покажува дека учениците од основно училиште кои поседуваат мобилен телефон имаат значително полоши резултати на тестовите за разбирање од нивните врсници без мобилен телефон. Наодите се објавени во списанието Behavioral Sciences. Треба да го одложите купувањето телефон до крајот на основното училиште Студијата, исто така, откри интересен детаљ. Не е пресудно дали мобилниот телефон бил присутен за време на тестот, туку самото поседување уред е поврзано со послабо читање. Влијанието на паметните телефони врз вештините за читање кај третоодделенците е толку негативно што научниците од UCLA им советуваат на родителите да почекаат со купувањето прв мобилен телефон додека нивното дете не заврши основно училиште. Проблем со писменоста и новите навики Овие наоди се совпаѓаат со предупредувањата од невролозите. Неврологот Џаред Куни Хорват претходно оваа година изјави дека генерацијата Z би можела да биде „прва генерација во модерната историја која на стандардизираните академски тестови има полоши резултати од претходната генерација“. Во овој контекст, не изненадува порастот на популарноста на читателските клубови, вклучувајќи ги и нивните луксузни верзии. Во ваквите клубови, возрасните плаќаат илјадници евра за заедничко читање книги, што во суштина е скап начин да се наметне лична дисциплина и одговорност. Извор:index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЗошто сè повеќе припадници на генерацијата Z одбиваат раководни позиции?За генерацијата Z, успехот во кариерата повеќе не се дефинира со напредувањеМладите вработени сè помалку се стремат кон менаџерските позиции, а доколку компаниите не успеат да развијат нови лидери, би можело да им биде сè потешко да ја одржат организациската ефикасност. За генерацијата Z, успехот во кариерата повеќе не се дефинира со напредување, а многумина од нив приоритет даваат на рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот отколку на поголемата одговорност и подолгото работно време. Овој тренд станува сè поголем предизвик за компаниите, многумина од нив веќе се борат со развојот на следна генерација лидери. „Според глобалните истражувања, само околу 6% од генерацијата Z би презеле раководни улоги и би станале шефови, што првенствено се должи на поголемата одговорност што доаѓа со работата. За организациите и нивните структури, ова е многу голем проблем“, изјави за Euronews Томаш Шкларски, извршен директор на Enpulse и стручњак за ангажман на работното место. Во последниве години, бројот на вработени што му одговараат на еден менаџер значително се зголемил, а просечната големина на тимот се дуплирала од околу шест на дванаесет лица. Ова ги става менаџерите под сè поголем притисок. Од една страна, тие се одговорни пред одборите и вишите раководители за исполнување на деловните цели. Од друга страна, од нив се очекува да го поддржат развојот, мотивацијата и благосостојбата на сè поголемите тимови. „Генерацијата Z внимателно ја процени рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот наспроти жртвата потребна да се стане шеф. Младите луѓе јасно го гледаат товарот што доаѓа со менаџментот. Менаџерот е одговорен и пред своите претпоставени и пред сè поголемите тимови на кои им е потребна постојана поддршка“, изјави Шкларски. Проблем што може особено силно да ја погоди Европа Падот на интересот за менаџерските улоги не е проблем само за поединечни компании, туку е глобален тренд што може да се покаже како особен предизвик за Европа, каде што демографските промени веќе ја намалуваат работната сила. „Сè помалку луѓе ќе работат, особено во Европа. Ако не обучиме нова генерација менаџери и не ги подготвиме луѓето да преземат одговорност за тимовите, ќе се соочиме со растечки предизвици во одржувањето на организациската ефикасност“, предупредува експертот. Додека вештачката интелигенција сè повеќе продира во деловниот свет и автоматизира многу процеси, Шкларски верува дека тоа нема да го реши проблемот со недостигот на менаџери. Експертот тврди дека останува нејасно дали вештачката интелигенција би можела ефикасно да ја пополни улогата на менаџер. Водењето тимови сè уште бара вештини што тешко се заменуваат, вклучувајќи емпатија, градење односи, мотивирање на вработените и донесување одлуки што ја земаат предвид човечката страна на организацијата. Извор:forbes.dnevnik.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаПоради кавга за мобилен- татко и син паѓаат во бездна, загина и мајката (Вознемирувачко видео) Потресно видео кое го прикажува моментот кога татко и син паѓаат од карпа во индиската држава Махараштра кружи на социјалните мрежи.18-годишното момче и неговите татко и мајка починаа во петок, 21 август, откако скокнаа од карпа еден по друг. На трагедијата ѝ претходела расправија за мобилен телефон што момчето го купило на рати, но не можело да го исплати, објави НДТВ. Според медиумските извештаи, Кунал Чандгуде излегол од дома по расправија со својот татко и се искачил на рид во областа Тисгаон околу 10 часот наутро. Неговите родители го следеле, а за време на речиси тричасовниот разговор, им се придружиле бројни селани, и го слушнале Кунал како се заканува дека ќе скокне од карпата. Селаните се обиделе да го разубедат. „Тој живее за мајка си“, се обидел да го убеди еден човек. „Не, морам да умрам. Тоа е единствениот начин“, одговорил Кунал. Поранешниот старешина на селото, Санџај Јадав, исто така, се обидел да разговара со младиот човек. „Го молевме да ја погледне мајка му, да не скока, му рековме дека е образован и дека има иднина пред себе. Пробавме сè“, рече Јадав. Други дури понудија да му купат iPhone 15 Pro, но Кунал сепак инсистираше дека смртта му е единствениот излез. Според полицијата, младиот човек го купил iPhone-от на рати и барал пари од семејството за да го отплати. По расправија со татко му за последната рата, тој излегол од дома во бес и се искачил на карпата. Околу 13 часот, неговиот татко, Мурлидар, му се приближил на својот син кој стоел на работ на карпата и се обидел физички да го извлече од работ. За жал, двајцата ја изгубиле рамнотежата и паднале во бездната, што исто така било снимено со камера. Мајката на Кунал, Сангита, која ги видела сопругот и синот како паѓаат, отишла до работ на карпата неколку моменти подоцна и скокнала. Сите тројца починале на местото на настанот. On Friday, Aug 21, 2026, a tragic event happened at Khavda Hill in Maharashtra, India resulting in the deaths of 19yr Kunal Chandgude and his parents. The argument started with a demand for a new iPhone, when Kunal climbed the steep hill and stood at the edge, threatening to… pic.twitter.com/9s30u1fEvg — Randeep Singh (Parody) (@randeepskloset) August 23, 2026 Полицијата сè уште не објавила дополнителни детали за семејниот спор, ниту ги потврдила претходните извештаи дека Кунал можеби се борел со депресија.Тагови: Мајката мобилен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter