Викторија Бекам сака да го спречи собирањето на Спајс Грлс

Викторија Бекем една од членките на легендарната ,узичка група „Спајс Грлс“ со сите правни средства се обидува да го спречи повторното собирање на популарните девојки.

Иако британските медиуми најавуваат дека три од пете членки на Спајс Грлс ќе се соберат под името „Спајс Грл Гем“ и ќе одржат неколку концерти на кои ќе ги пеат најголемите хитови , најверојатно тоа нема да се случи.

Имено, Викторија Бекам веќе презела правни чекори за да го забрани изведувањето на песните во чие создавање учествувала и таа.

Според проценките на медиумите, Гери, Ема и Мелани на тој начин ќе загубат околу 10 милиони фунти, колку би заработиле со повратничката турнеjа.

Кралот Чарлс се враќа на јавните должности

Откако се појавија вести дека состојбата на британскиот крал Чарлс се влошила и плановите за неговиот погреб биле избрзани, Бакингемската палата објави дека кралот се враќа на јавните должности.

Кралот Чарлс ќе се врати на јавните должности следната недела откако неговиот третман за рак имаше позитивен ефект. 75-годишниот монарх добива амбулантна нега и е виден само неколку пати откако ја објави својата состојба во февруари, кога се повлече од ангажманите кои вклучуваа јавно говорење.

Изворите рекоа дека кралот сè уште има рак и ќе продолжи да се лекува.

- Програмата за лекување на Неговото Височество ќе продолжи, но лекарите се доволно задоволни од досегашниот напредок што сега кралот може да продолжи со низата јавни должности. Претстојните ангажмани ќе бидат приспособени таму каде што е потребно за да се минимизираат сите ризици за континуираното закрепнување - изјави портпаролот на Бакингемската палата.

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Само оваа политичка опциа од која сум јас дел, може да понуди Македонија да биде пристојно место за живеење.

Само оваа политичка опциа од која сум јас дел, може да понуди Македонија да биде пристојно место за живеење, затоа што изминативе години, некој пат со мали чекори, но сепак одевме напред, порача кандидатот за претседател Стево Пендаровски пред граѓаните на населеното место Велебрдо.

Пендаровски посочи дека опозициската партија со себе носи опасност да ја врати државата назад во времињата на поделби, тензии и дискриминации.

„Од страна на опозицијата претстои опасност, Македонија да се враќа назад, а таа опасност е уште пореална, затоа што гледаме дека се здружуваат луѓе кои имаат други планови за државата. Не зборувам за нова војна, зборувам за квалитет на живот. За жал, овие што сега сакаат да дојдат на власт, се истите од пред седум осум години а сите знаете дека во тој случај, шанси за вработување шанси за напредување во кариерите ќе има само за нивни членови. Тога во државата имаше две категории граѓани, нивни членови и сите останати. А јас отсекогаш сум тврдел, дури и кога не сум бил во политика, дека или ќе бидеме сите рамнправни или нема да има среќа за никого“ порача Пендаровски.

Тој пред присутните посочи дека во изминатите години и тој и другите членови од власта покажале, низ примери што значи вистинска грижа за сите граѓани, без разлика на каква била нивна определба.

„Никој не бил дискриминиран по ниту еден основ, ниту од мене ниту од кој било друг, премиер, министер, градоначалник. Во нивно време беше поинку и сега сакаат да ја вратат таа стара политика. Затоа ве повикувам, на осми мај повторно со заокружување на бројот еден, да ја потврдите победата од првиот круг во ова населено место, а потоа и да ја донесеме победата во целата држава“ повика Пендаровски.

Гордана Сиљановска-Давкова порача:СДСМ и ДУИ никогаш нема да бидат тоа што сме ние!

Се срамам кога гледам дека она што е гаранција за просперитетот на било која држава, ние го имаме но тие го крадат. Мислам на енергијата, мислам на водата, мислам на земјата, на земјоделието.

Меѓутоа далеку од тоа дека тие мислат за иднината на оваа земја. Како ште гледате се силеа, се силеа, се палеа. Биле европски претседтели, биле наши претседали. Ама сега во агонијата се силат на бојкот!

Се разбира дека јас не се плашам од дебата, ќе видиме што ќе дебатираат. Но мислам дека, не само што се плашат од соочувањето туку и веќе немаат што да кажат. Нема пострашна работа од власт на заминување. Тие раскарани меѓу себе, секој ден се обвинуваат кој бил повиновен за состојбата во која што се наоѓаме. Па дури и смешни изјави даваат, дека грешеле, грешеле, ама им треба уште една можност. Демек да докажат дека не се тоа што се односно дека се тоа што сме ние. Ама тие никогаш нема да бидат тоа што сме ние!

Јас мислам дека на 8 мај ќе ни дозволите, со ваша помош, со ваш благослов, со божји благослов, да покажеме дека оваа земја има иднина! Дека оваа земја има капацитет да биде пристојна европска држава! Дека овој народ заслужува да биде горд на своите претставници! Дека оваа држава заслужува повторно да биде горда и ваша!

притисни ентер