Викендов во Скопје ќе се одржи „Мај флај 2019" - Канал 5

Викендов во Скопје ќе се одржи „Мај флај 2019"

Претстојниот викенд, 11 и 12 мај на спортскиот аеродром Стенковец во Скопје ќе се одржат светски куп во трки со дронови и интернационалниот собир на моделари „Мај флај 2019“.

Викендов во Скопје ќе се одржи „Мај флај 2019"

Претстојниот викенд, 11 и 12 мај на спортскиот аеродром Стенковец во Скопје ќе се одржат светски куп во трки со дронови и интернационалниот собир на моделари „Мај флај 2019", како и размена на искуства од ревијален вид со презентација на радио контролирани воздухопловни модели.

-„Мај Флај 2019" е спортски настан од отворен карактер на кој ќе се промовираат сите категории на радио контролирани модели, ќе се презентираат достигнувањата на македонските моделари и пилоти, ќе се споделат нивните искуства, но и ќе се разменат со искуствата на интернационални моделари и пилоти учесници во натпреварувачки и ревијални собири од интернационален карактер. Ова е навистина значаен настан кој придонесува за ширење на љубовта кон спортското воздухопловство, изјави Биљана Еверетте, генерален секретар на Воздухопловна федерација на Македонија.

„Мај Флај” се одржува традиционално, четврта година по ред, а годинава организаторите очекуваат над 2.000 посетители на настанот кој ќе биде со акцент на најмладите.

-Среќни сме што и оваа година добивме поддршка од Македонскиот олимписки комитет, преку соработка со МОК ТВ. Со нивна помош првиот ден настанот ќе се пренесува во живо со директен линк на Јутјуб. Нашата визија е да се промовира бенефитот и уникатноста на радио контролираното моделарство како спорт и хоби и да се прошират и зацврстат долгорочните врски со интернационални и регионални клубови и нивните членови. Сакаме да овозможиме пристапно уникатно искуство на сите обожаватели на овој атрактивен спорт и хоби, кој воедно носи и бројни придобивки во креирање на здрави навики и стил на здрав живот преку престој во природно опкружување со што крајно и се стекнуваат врски и вмрежување со луѓе со слични интереси преку лична, клубска промоција, но и промоција на матичната земја, додаде Еверетте.

„Мај флај 2019" ќе се одржи двата дена од викендот, во периодот од 11 до 18 часот, на спортскиот аеродром Стенковец , бразда LW 75.

Настанот е дел од одбележувањето на јубилејот 75 години од постоењето на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), аорганизатори се Агенцијата за цивилно воздухопловство во соработка со воздухопловниот спортски клуб „РЦСК". /МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија испраќа остра порака од ОН: „Украина е претворена во концентрационен логор на Зеленски“

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, го обвини Киев за „отворен терор“ против руски цивили и рече дека Москва нема да прифати договор што ги загрозува нејзините безбедносни интереси.

Русија испраќа остра порака од ОН: „Украина е претворена во концентрационен логор на Зеленски“

„Тероризмот станува последно средство на Киев во обид да ја промени ситуацијата што се развива на негова штета“, рече Небензја.

Небензја вели дека Украина, со најактивно учество на Западот, е претворена во „концентрационен логор на Зеленски“.

„Со најактивно учество на земјите од колективниот Запад, кои тврдат дека се цивилизирани и демократски, Украина е претворена во „концентрационен логор на Зеленски“, во кој е воведена целосна забрана за какво било различно мислење и опозиција, додека луѓето кои имаат храброст да изразат алтернативна гледна точка се испраќаат зад решетки и физички се ликвидираат без судење и истрага“, рече Небензја.

Тој тврди дека западното оружје пристигнува во украинските пристаништа на цивилни бродови. Небензја нагласи дека Русија продолжува систематски да го поткопува воениот потенцијал на режимот во Киев.

„Од 15 до 21 август извршивме еден голем и девет групни напади со високопрецизно оружје и ударни беспилотни летала врз објекти на воена инфраструктура. Во истиот период, беа погодени 14 бродови што ги користат вооружените сили на Украина, вклучувајќи два танкера, десет товарни брода и два патролни чамци“, рече Небензја.

Тој повтори дека Русија нема да се согласи на никаков договор со Украина на штета на сопствените безбедносни интереси.

„Нема да има договори на штета на безбедносните интереси на Русија. Никакви чести состаноци на Советот за безбедност за Украина нема да променат ништо. Сите обиди да ни се наметне замрзнување во форма на прекин на огнот само за да му се даде време на Киев да се прегрупира и вооружи се осудени на неуспех“, рече Небензја.

Тој истакна дека значаен политичко-дипломатски дијалог за конфликтот во Украина нема да биде можен сè додека со Русија се зборува на јазикот на заканите, а реалноста на теренот се игнорира.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Литар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензините

Нов скок на цените на нафтените деривати – за прв пат по стартот на војната на Блискиот исток, литар дизел скокна над 100 денари и од полноќ литар се точи по цена од 101,5 денари. 

Литар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензините

Со последната одлука на Регулаторна освен зголемување од 3,5 денари кај дизелот за 1,5 се зголемуваат и цените не бенизните. 95-ка од денска се продава по цена од 93 денари, а 98-цата за 95 денари по литар. Во пресметката влегуваат и намалените акцизи, и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес попладне нестабилно со пороен дожд

Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Денес попладне нестабилно со пороен дожд

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер