Викендов посебен режим на сообраќај во Скопје и на патот ГП Блаце - скопска обиколница - Канал 5

Викендов посебен режим на сообраќај во Скопје и на патот ГП Блаце - скопска обиколница

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска и утре ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во поширокото централно подрачје на Град Скопје и на патниот правец граничен премин Блаце – скопска обиколница.

Викендов посебен режим на сообраќај во Скопје и на патот ГП Блаце - скопска обиколница

Поради пуштањето во употреба на системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“, денеска од 10:30 до 12:00 часот, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на патниот правец граничен премин Блаце – скопска обиколница.

В недела, пак, поради одржување улична трка, од 10 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот.

Трасата на движење ќе почне од булевар „Илинден“, пред фонтана „Лотос“ (старт и цел), право долж булеварот „Илинден“ до крстосницата со булеварот „8 Септември“ каде се врти полукружно назад по булевар „Илинден“ до целта фонтана „Лотос“.

Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

Во странство се лекуваат 44 повредени пациенти од пожарот во Кочани

 Во странство се лекуваат 44 повредени од пожарот од Кочани, информираше денеска во Куманово, министерот за здравство Арбен Таравари.

Во странство се лекуваат 44 повредени пациенти од пожарот во Кочани

Таравари посочи дека една пациентка ќе се врати утре, пациентите се во стабилна состојба, а останатите од 193 се лекуваат во домашни услови.

- Сега се потешките случаи 43. Се надевам дека ќе им обезбедиме најдобра можна рехабилитација којашто ќе биде некои месец-два. Кај околу 40 пациенти тоа ќе трае шест месеци до две години. Тоа е направена анализа од експерти од Велика Британија кои имаат огромно искуство со вакви повреди кај пациентите, изјави министерот Таравари.

Тој соопшти дека се размислува потешките случаи да продолжат да се лекуваат надвор од државата, се со цел за да го продолжат животот поквалитетно по нивното враќање во земјава.

Вчера казни за 865 возачи, 128 за мотоциклисти за неносење заштитен шлем

МВР денеска соопшти дека меѓу најбројните се прекршоците на непрописно паркирање 213, потоа прекршоците по основ на движење со неприлагодена брзина од дозволената 117, како и прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола 110.

Вчера казни за 865 возачи, 128 за мотоциклисти за неносење заштитен шлем

Во рамки на активностите на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) на МВР, со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, биле издадени 865 платни налози.

МВР денеска соопшти дека меѓу најбројните се прекршоците на непрописно паркирање 213, потоа прекршоците по основ на движење со неприлагодена брзина од дозволената 117, како и прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола 110.

Покрај ова, вчера биле изречени и 128 прекршочни платни налози за мотоциклисти по основ на неносење заштитен шлем, потоа во четири случаи казнети се алкохолизирани возачи, седумина возачи минале на црвено светло, а прекршочни пријави заработиле и петмина пешаци.

Исто така по основ на неносење сигурносен појас изречени се 47 прекршочни казни, по основ на недозволено говорење на мобилен телефон при возење 25. Согласно, пак, Законот за возила од сообраќај се исклучени 33 нерегистрирано возило како и 10 технички неисправни возила.

Фото: Српската пејачка Теа Таировиќ денеска ќе го изговори судбинското „ДА“

Атрактивната српска пејачка Теа Таировиќ денеска се мажи, објавуваат дел од балканските медиуми. 

Фото: Српската пејачка Теа Таировиќ денеска ќе го изговори судбинското „ДА“

Венчавката ќе се одржи на Рибарскиот остров кај Нови Сад во Србија.

Интимната церемонија која сексапилната пејачка ја планирала со месеци ќе се одржи во луксузниот замок Барон Кастел, и ќе чини околу 100.000 евра.

Сите детали поврзани со венчавката се чуваат во строга тајност, а Теа и нејзиниот иден сопруг Иван имале посебно барање да не се откриваат никакви детали од венчавката во јавноста.

Пејачката пред три месеци одлучила каква венчаница ќе облече за нејзиниот најсреќен ден, а според упатените, фустанот кој Ким Кардашијан го носела кога се омажила за Канје Вест, многу и се допаднал.

Наводно, целата свадба Теа ќе ја чини околу 100.000 евра, а само за венчаницата која пристигнува од Париз ќе треба да потроши 18.000 евра.

Инаку Теа ќе стапи во брак со својот долгогодишен соработник и момче Иван .

Теа Таировиќ во наредниот период планира да му се заколне на вечна љубов на Иван пред Бога, а како една од локациите се споменува и познатиот Фрушкогорски манастир. Но, деталите за тоа сè уште се чуваат во тајност.

притисни ентер