ЕвропаВонредно се огласи Виктор Орбан: Донел одлукаВиктор Орбан нема да седи во новоформираниот Парламент. Премиерот на Унгарија во заминување го објави ова денес.Орбан рече дека состанокот на претседателството на Фидес штотуку завршил и дека „разговорите за обнова на националната партија, нашата фракција, се во полн ек“. Според Виктор Орбан, фракцијата Фидес ќе биде формирана во понеделник и ќе биде радикално трансформирана, а ќе ја води Гергели Гуљас. „Мандатот што го добив како лидер на листата Фидес-КДНП е всушност парламентарниот мандат на Фидес, па затоа решив да го вратам. Сега ќе требам не во Парламентот, туку во реорганизацијата на националната партија“, рече Орбан. Тој исто така објави дека националниот пратенички состав ќе се одржи следната недела, а есенскиот конгрес за обнова е одложен за јуни. Орбан рече дека, доколку конгресот му покаже доверба, тој ќе продолжи да биде подготвен за оваа задача. Ова е втор пат Виктор Орбан јавно да зборува по изборниот пораз на Фидес. Орбан ја процени ситуацијата и вети целосно редизајнирање и трансформација на својата партија. „Оние кои сега влегоа во парламентот не се луѓето што ќе ни бидат потребни таму“, изјави Орбан и зборуваше за тоа како претставниците на листата Фидес-КДНП кои влегоа во парламентот можеа добро да работат во парламентот доколку победеа, но сега има нова ситуација, а во опозицијата „ни требаат различни луѓе, различни способности, различни претставници“. Извор: Б92Тагови: Виктор Орбан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМисајловски на затворањето на Командата на SEEBRIG во КумановоМисајловски на затворањето на Командата на SEEBRIG во Куманово: Земјава докажа дека е кредибилен, сигурен и активен партнер кој придонесува кон регионалниот мир.Со свечена церемонија денеска (15 јули) во касарната „Боро Менков“ во Куманово заврши уште едно успешно поглавје на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) чие седиште изминативе шест години беше во нашата држава, по што истата врз принципот на ротациона основа својата мисија ќе продолжи да ја извршува во Истанбул, Република Турција Министерот за одбрана Владо Мисајловски се обрати на денешната завршна церемонија кој пред присутните истакна дека во текот на овие шест години мандат, нашата држава покажа дека успешно придонесува за регионалниот и меѓународниот мир и безбедност и покажа дека сме кредибилен, сигурен и активен партнер. На свеченоста на која присуствуваа началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, претставници на земјите членки на Процесот за соработка на министрите за одбрана на Југоисточна Европа (SEDM), воено-дипломатскиот кор, претставници од Армијата и МО и други високи гости, Мисајловски нагласи дека присуството на Командата овде во Куманово во изминативе шест години овозможи дополнително зајакнување на односите со земјите учеснички. „Шест години достигнувања, зајакната доверба и трајни пријателства. Тоа е SEEBRIG! Еден од најуспешните примери за регионална одбранбена соработка, изградена врз вредностите кои сите ние ги споделуваме – меѓусебна доверба, партнерство, солидарност и заедничка одговорност за мирот, стабилноста и безбедноста на Југоисточна Европа“ потенцира министерот Мисајловски и додаде дека оваа иницијатива ја прикажува нашата јасна и цврста определба за регионална соработка, колективна безбедност и почитување на принципите. Во своето обраќање Мисајловски се заблагодари на локалната самоуправа и на граѓаните на Куманово за покажаното гостопримство, како и на сите команданти и припадници на Командата кои служеа овде во Куманово, за нивната посветеност и придонес во исполнување на мисијата. По повод завршувањето на мандатот на Командата на SEEBRIG и во чест на одличната соработка и поддршка во изминатиот период, командантот на Командата, бригадниот генерал Билбил Битри на министерот Мисајловски му го врачи знамето на Бригадата. На денешната церемонија присуствуваа претседавачот на СЕДМ Секретаријатот, амбасадорот Елефтериос Ангелопулос, замениците министри за одбрана на Албанија, Пранвера Скана, на Бугарија, Љубомир Монов, и на Турција, Муса Хејбет, како и замениците на началникот на Генералштаб на останатите земји-членки на Бригадата – Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Турција.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВонредна состојба во Атланта пред полуфиналето Аргентина- АнглијаВонредна состојба во Атланта – полицијата стравува од Англичаните и Аргентинците. Властите во Атланта најавија засилени безбедносни мерки пред полуфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Англија и Аргентина кој стартува во 21 чааот– едно од најголемите ривалства во историјата на меѓународниот фудбал. Ова ќе биде ново продолжение на едно од најголемите ривалства во историјата на фудбалот – натпревар исполнет со емоции, контроверзии, легенди и играчи подготвени да испишат нова страница од историјата. Полицијата во Атланта објави дека за време на натпреварот ќе бидат ангажирани поголем број членови на безбедносните служби, особено околу стадионот, фан-зоните и други места каде што се очекува голем број луѓе. „Дополнителен персонал и ресурси веќе се распоредени низ градот за да се обезбеди безбедно и пријатно искуство за сите граѓани и посетители за време на овој историски настан“, се вели во соопштението. Полицијата истакнува дека целта на овие мерки е да се заштитат граѓаните, да се спречат можни инциденти и да се зачува јавниот ред. Дуелот меѓу Англија и Аргентина одамна ги надмина границите на спортот поради историски настани, првенствено војната за Фолкландските Острови во 1982 година, која остави длабока трага врз односите меѓу двете земји. По победата на Аргентина над Египет во осминафиналето (3:2), некои аргентински фудбалери беа снимени како пеат навивачка песна во која се спомнуваат Фолкландските Острови, Диего Марадона и Лионел Меси. Секако во историјата на спорот е влезен и дуелот меѓу истите селекции од далечната 1986 година кога предводникот на „гаучосите“ Диего Марадона постигна два волшебни гола, првиот со т.н „Божјата рака“ а вториот со неверојатен слалом низ одбраната на Англија низ целиот терен, гол кој се смета за најубавиот гол во историјата на фудбалот. Вечерашната пресметка е интересна и поради фактот што ова ќе биде дебитанскиот меч на Меси против Гордиот Албион на светско првенство. Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНова бомба на АКТ: Над 2 милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРОАнтикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавуваме нова бомба, по истиот рецпет: фирми блиски до власта пумпаат пари на народот преку милионски договори и тендерски шеми.Додека јавните претпријатија во Скопје тонат во долгови, не можат да исплатат плати, јавниот превоз е катастрофа, цветаат бизнисите на „Маратон гроуп“ блиска до влста. Со доаѓањето на ВМРО на власт оваа фирма има добиено над 1.5 милиони евра народни пари! За само две години. Сите од Државна лотарија и Државна видеолотарија, договори за надворешно и внатрешно рекламирање на автобусите на ЈСП Скопје. Нема нови еколошки автобуси за скопјани ама има 1,5 милион евра за омилените фирми блиски до власта. ЈСП тоне и нема пари за нафта, резервни делови и плати, ама за приватната фирма „Маратон“ со само 11 вработени има пари. Затоа во 2025 година остварила чист нето профит од над 700.000 евра! Само на скопјани нема кој ништо да им обезбеди и нема кој да им плати. Но, внимавајте сега, тука не завршува скандалот. АКТ откри дека и бизнис партнерите на сопственикот на „Маратон“, Љупчо Костовски, исто така добиваат тендери и илјадни евра народни пари од оваа власт. Погодувате, шемата е иста, мрежа на фирми кои се меѓусебно поврзани. Поранешен соосновач во фирма со Костовски, Ристо Петков, е сопственик на компанијата „С.И.А. МЕДИА ДООЕЛ Скопје“. Со доаѓањето на ВМРО на власт, и оваа поврзана фирма има склучено договори вредни 458.875,00 евра. „Другарите“ од ВМРО трупаат тендери и добиваат пари. Над 2 милиони евра, пари на граѓаните. Кој сето ова го обезбедил и кој стои во позадина? Одговорот води до врвот на ВМРО и Владата на Мицкоски – актуелниот генерален секретар на Владата, Игор Јанушев. Познато е дека уште во 2017 година како директор на ЈСП Скопје потпишува деструктивен десетгодишен договор со фирмата „Маратон“ на неговиот близок пријател Љупчо Костовски. Јанушев свесно го укина маркетинг секторот на ЈСП Скопје за претпријатието, наместо самостојно да го продава својот рекламен простор да се вклучи „Маратон“. Сега пред истекот на овие 10 години, власта ги храни своите фирми пред повторно да им го продолжат договорот за нови 10, 15 или повеќе години, ќе видиме. Ова е класичен пример како парите на граѓаните се испупуваат и завршуваат во џебовите на луѓе блиски до ВМРО. Почитувани, Антикоруцпскиот тим досега има откриено скандали тешки 150 милиони евра а ниту обвинителството, ниту останатите институции нешто преземаат. Сите молчат. Нашата порака е јасна: одговорносѕт ќе има. Кога државата ќе им припадне на граѓаните повторно, одговорност ќе има за секој украден денар! Сите ќе одговараат. Доаѓа времето на правдата и одговорноста. Прес конференција на АКТ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор Скопје, 15.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36