Видеолотарија го слави успехот на Јана Атанасовска, таа пишува историја за нашата земја - Канал 5

Видеолотарија го слави успехот на Јана Атанасовска, таа пишува историја за нашата земја

Видеолотарија го слави успех на Јана Атанасовска, македонката која ја пишува историјата за нашата земја во алпското скијање

Видеолотарија го слави успехот на Јана Атанасовска, таа пишува историја за нашата земја

Видеолотарија Касинос Австрија го слави успехот на Јана Атанасовска- прва ФИС победа. Верувајќи во нејзиниот потенцијал, со гордост споделуваме дека и ја дадовме нашата безрезервна поддршка, овозможувајќи и да ја запише Македонија во историјата на алпското скијање. Благодарна сум што Видеолотарија Касинос Аустриа го препозна мојот талент и посветеност и одлучи да ми даде несебична поддршка и доверба на мојот спортски пат. Нивната поддршка ми дава можност да ги имам потребните професионални услови за работа и ми дава мотивација за создаваме уште поголеми успеси, изјави Атанасовска.

Јана ја направи Македонија горда. Видеолотарија Касинос Австрија како спонзор на Јана Атанасовска се радува и се гордее на нејзиниот историски успех. Со задоволство споделуваме дека нашата млада и талентирана скијачка, стигна до својата прва ФИС победа. Ова е победа за Јана и за Македонија. Нејзиниот успех е историска пресвртница во македонското алпско скијање. Јана Атанасовска со овој резултат стана прва македонска алпска скијачка – и во машка и во женска конкуренција. Досега никој од Македонија, не успеал да постигне вакви резултати на меѓународната сцена. Јана Атанасовска ќе биде меѓу најдобрите 15 скијачки во светот од генерацијата 2006 и ќе се најде во топ 200 на светската ФИС ранг-листа, што е историски успех за македонското алпско скијање.

Напорната работа секогаш се исплаќа! Горда сум што овие резултати влегоа во историјата на македонското алпско скијање. Ова е само почеток. Пресреќна сум за постигнатите резултати и би била нескромна ако кажам дека не ги очекував и порано во сезоната. Во текот на оваа сезона имав одлични штопинзи на тренинзите во споредба со некои од светските скијачки, но, некако на трките ми недостасуваше некој клик, за да спојам две добри возења. Како што поминуваше сезоната, мислам дека успеав да направам симбиоза на мојот агресивен темперамент и тактичкото возење. Тоа го работевме последните триесетина дена и ја пронајдовме формулата за успех. Среќна сум што докажав дека и натпреварувач од мала држава како нашата, со труд, работа и посветеност може да се носи рамо до рамо со големите скијачки нации, изјави Јана Атанасовска. Се надевам дека со ова барем малку ќе им помогнам на сите млади спортисти да веруваат во својата спортска приказна. Би сакала да истакнам дека за врвни резултати се потребни професионални услови за работа, додава Јана.

Благодарна сум што Видеолотарија Касинос Аустриа го препозна мојот талент и посветеност и одлучи да ми даде несебична поддршка и доверба на мојот спортски пат. Нивната поддршка ми дава можност да ги имам потребните професионални услови за работа и ми дава мотивација за создаваме уште поголеми успеси, изјави Атанасовска.

„Не можам да бидам погорд на нашата натпреварувачка Јана! Ова беа извонредни трки, во кои покажа огромна посветеност, техничка прецизност и одлучност. Знаевме дека имаме потенцијал за врвен резултат, но сега таа го потврди тоа на најдобар можен начин – со победа. Подготовките беа интензивни, работевме на секој детал, а оваа победа е резултат на напорната работа и дисциплината што ја покажува секој ден. Ова е само почеток – продолжуваме со уште поголема мотивација кон нови предизвици и успеси. Постигнувањето на овие рекордни 25.02 ФИС точки за наредната сезона ни обезбедуваат подобар стартен број и можност за остварување на уште поголеми резултати, изјави Александар Атанасовски – Чаве, претседателот на клубот на Јана-АСК СКАДИ Скопје.

Со ова спонзорство, Видеолотарија Касинос Австрија ја поттикнува кариерата на една од нашите најталентирани скијачи, а едновремено, го поддржува и развојот на македонскиот скијачки спорт. Ние сме горди што можеме да бидеме дел од нејзината патека кон успехот. Уверени сме дека нејзината посветеност и труд ќе донесат големи успеси како за на, така и за Македонија.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобрите

Мадона сними „TikTok“ видео со своето момче: Го покажува лицето без шминка

Мадона објави видео на „TikTok“ со нејзиното момче Аким Морис.

Мадона сними „TikTok“ видео со своето момче: Го покажува лицето без шминка

Во видеото, пејачката и нејзиното момче го рекреираат танцот од серијата Принцот од Бел-Ер додека свири песната „Anxiety“ од раперот Доечи. Во ова видео Мадона нема шминка на лицето.

@madonna 👀 #fyp ♬ Anxiety - Doechii

Таа е лежерно облечена во широки панталони, преголема кошула и јакна, додека Аким е во спортски костим.

Овој танцов тренд започна минатиот месец кога Вил Смит рекреираше сцена од серијата со поранешната колешка Татјана Али.

@willsmith Waited 35 years for this dance to trend. Ib: @Mimii ♬ Anxiety - Doechii

Аким, поранешен колеџ фудбалер, ја запозна Мадона во август 2022 година, иако ја потврдија романсата две години подоцна. Мадона ја објави нивната врска во јули минатата година кога објави фотографии од нив на социјалните мрежи. Тие, наводно, се разделиле во октомври 2024 година, но брзо се помириле.

Двојката неодамна беше фотографирана на покривот на лондонскиот хотел „Бродвик Сохо“. Пејачката и нејзиното момче биле облечени лежерно и се држеле за рака. На Мадона во еден момент и пречеа фотографите, на кои им го покажа средниот прст.

Извор: Индекс.хр

Алкараз трет полуфиналист во Барселона

Вториот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, се пласираше во полуфиналето на турнирот во Барселона, откако попладнево во два сета го совлада Австралиецот Алекс Де Минор со 7: 5, 6:3.

 EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Алкараз до триумфот над седмиот играч на АТП листата дојде по еден час и 39 минути.

Шпанскиот тенисер освои четири гемови на сервисот на противникот, дозволувајќи му на Де Минор два брејка.

Алкараз во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Циципас-Фис.

Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Хачанов и Руне.

Фото: ЕПА

Американската влада објави околу 10.000 страници документи за атентатот на Роберт Кенеди

 Американската влада објави околу 10.000 страници документи поврзани со атентатот на сенаторот Роберт Ф. Кенеди во 1968 година, продолжувајќи со објавувањето на доверливите документи во согласност со наредбата на претседателот Доналд Трамп.

Американската влада објави околу 10.000 страници документи за атентатот на Роберт Кенеди

Директорката на Националното разузнавање Тулси Габард рече дека објавувањето на документите поврзани со атентатот на Роберт Кенеди „ќе го впери долгоочекуваното светло на вистината“.

- Речиси 60 години по трагичниот атентат на сенаторот Роберт Кенеди, американскиот народ за прв пат ќе има можност да ја разгледа истрагата на федералната влада благодарение на раководството на претседателот Трамп, напиша Габард.

Управата за национална архива и документација на САД објави околу 229 датотеки што ги содржат тие страници на својата веб-страница.

Американскиот претседател Доналд Трамп во јануари потпиша извршна наредба за декласификација на преостанатите федерални документи поврзани со атентатите на претседателот Џон Кенеди, сенаторот Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Во средината на март, американската влада почна да ги објавува преостанатите доверливи документи за атентатот на претседателот Џон Ф. Кенеди во 1963 година во Далас./МИА

притисни ентер