Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати - Канал 5

Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати

Најмалку 20 луѓе загинаа, шест се повредени, а две лица се водат како исчезнати по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што утрово ја погоди источна Индонезија.

Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати

Земјотресот го погоди подрачјето во близина на островот Флорес во 5:58 часот по локално време, на длабочина од околу 10 километри, а епицентарот беше 68 километри северозападно од градот Енда во покраината Источна Нуса Тенгара.

По главниот удар, регистрирани се неколку последователни потреси, вклучувајќи еден со интензитет од 6,1 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од јахтата на Заев од Егејот дава инструкции за ширење паника

Филипче од јахтата на Заев од Егејот дава инструкции за ширење паника, СДС од политичка немоќ креира хаос и шири дезинформации.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од јахтата на Заев од Егејот дава инструкции за ширење паника

СДС и раководството нема што да им понудат на граѓаните. Во отсуство на идеи, програма и стратегија за државата единствено што знае СДС е да креира хаос, да шират лажни вести и дезинформации.

Венко Филипче додека се луксузира на јахтата на Заев на Егејот со украдените пари на народот дава инструкции до партиските послушници на СДС да креираат паника на социјалните мрежи за водата во Скопје.

Додека Венко Филипче и Зоран Заев се на одмор на Егејот, решиле да водат политика преку ширење дезинформации и создавање страв кај граѓаните.

Ширењето дезинформации за водата во Скопје е крајно неодговорно.

СДС и Филипче да не си играат ниту со довербата на јавноста, ниту со чувството на сигурност на граѓаните, а најмалку со прашања поврзани со нивното здравје.

Надлежните институции веднаш реагираа и ги демантираа тврдењата со официјални податоци. Министерството за внатрешни работи презеде активности за утврдување на потеклото на информацијата и одговорноста за ширењето паника.

Филипче и СДС треба да разберат дека политичката борба има граници. Филипче и СДС можат да продолжат со својот политички циркус, граѓаните одамна не им веруваат.

Додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на економијата, инвестициите, платите, инфраструктурата и подобар животен стандард, СДС повторно се враќа на старото познато сценарио на лаги, дезинформации и создавање хаос.

Доста е од неодговорност од СДС и Филипче. Доста е од ширење паника. Граѓаните заслужуваат факти, а не политички циркус на СДС и Филипче.

Време е Филипче и СДС да понудат нешто повеќе од лаги и страв, доколку некој умее во СДС време е да понудат визија, решенија и одговорност.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и Клековски од екскурзија ја пуштија водата во Гостивар

Во Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица.

СДСМ: Мицкоски и Клековски од екскурзија ја пуштија водата во Гостивар

Пијат вода пред камери.

Велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии.

Над 5.000 заболени.

Повеќе од 2.000 хоспитализирани.

Болницата нефункционална.

Пациенти префрлани во Тетово.

Во државата има епидемија на жолтица, епидемија на западнонилска треска - 24 хоспитализирани, двајца починати.

И каде беа премиерот Мицкоски и министерот за здравство Клековски?

На екскурзија.

Кога речиси 5.000 луѓе се отруени.

Кога цел град пет недели нема чиста вода на оваа жештина.

Кога болницата е отруена, а пациентите пратени во друг град.

Претседател на Влада и министер за здравство беа на одмор.

Каде го има ова?

Наместо нив, испратија полицаец.

Стојанче Ангелов да наздравува и да објаснува колку е „вкусна“ водата.

Прво, градоначалникот на Скопје, Орце Георгиевски, пиеше вода имитирајќи американски градоначалници.

Сега, бидејќи никој од вистински одговорните не е тука, повторно испраќаат полицаец да ја „тестира“ водата така што ја пие пред камери.

Нема официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата е чиста и здрава за пиење.

Прво најавуваа дека резултатите ќе бидат готови дури на 20 август.

Сега, под притисок на јавноста, наеднаш велат дека водата е чиста - шест дена порано.

Како до вчера 20 август, а денес нагло сè е во ред?

Оваа ситуација бара одговорност, а не циркуз.

Во прашање се здравјето и животите на граѓаните на Македонија.

Бараме итно Обвинителството да постапи по кривичните пријави.

Бараме по итна постапка обвинителот Савевски, доколку се вратил од екскурзијата, да покрене постапка и утврди кој и врз основа на кои анализи денеска потпишал дека водата е безбедна.

Граѓаните не бараат здравица. Граѓаните бараат одговорност!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов голем пожар во Хрватска, гори Дуги оток

По катастрофалниот пожар во Омиш и околината – во кој изгореа околу 900 хектари, загина едно лице, седум лица се бореа за живот, а бројни објекти беа оштетени или уништени – вчера низ Далмација избија нови пожари. 

Нов голем пожар во Хрватска, гори Дуги оток

Ситуацијата е најкритична на Дуги Оток, каде што околу 20:20 часот изби пожар над селата Савар и Брбињ.

Поттикнат од силниот ветер (бура), пожарот брзо се ширеше низ непристапен терен обраснат со густа вегетација. Пожарникарите ја поминаа ноќта бранејќи ги расфрланите куќи и викендички, со поддршка од значителни засилувања кои пристигнаа од копното.

Сите објекти беа успешно одбранети и засега нема материјална штета, иако пожарот утрово сè уште не е ставен под контрола. На терен се ангажирани околу 100 пожарникари, со помош на два авиони од типот „Канадер“.

Вчера изби уште еден пожар во близина на Куна Пељешка на полуостровот Пељешац; поради ветерот брзо се прошири, па беше потребна интервенција на стотици пожарникари и авиони „Канадер“. Во областа Тролокве над Трогир, пожарот беше ставен под контрола по ангажирањето на воздушни и копнени сили.

Во попладневните часови беа регистрирани и два помали пожари во областа на Задар – еден меѓу Жерава и Нински Станови, а друг кај Били Бриг. Во гаснењето учествуваа бројни противпожарни единици, два „Канадера“ и еден „Ер трактор“, а двата пожари беа изгаснати до вечерта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер