Иран ги повикува САД да го признаат поразот, Трамп: Малку поскапиот бензин е мала цена за безбедноста
2Иран ги повикува САД да го признаат поразот, Трамп: Малку поскапиот бензин е мала цена за безбедноста
3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Плазма“ финале во Сплит
Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
2Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
МетеоСончево со мала до умерена локална облачност и температури до 35 степениВремето денес според Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.Во јужните делови наместа ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 34 степени. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 12 Претор, 3 Демир Капија, 2 Берово, 1 Битола, Гевгелија. -Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСВР Битола лиши од слобода две лица поради предизвикување пожариПолициски службеници од СВР Битола лишија од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп.На 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишија од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор. Претходно, на 13.08.2026 во 23:10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп, на место викано „Падарица“ во Прилеп, го лишија од слобода И.Ч. од Прилеп, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор, при што кај него била пронајдена и запалка. По целосно документирање против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВидео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
СветИран ги повикува САД да го признаат поразот, Трамп: Малку поскапиот бензин е мала цена за безбедностаСè уште нема напредок кон мировни преговори или во однос на движењето на нафтените танкери низ стратешкиот теснец Ормуз, ниту пак има знаци дека завојуваните страни се движат кон ставање крај на конфликтот што го започнаа САД и Израел на 28 февруари. „Овој теснец ќе се отвора и затвора само под иранска команда, и сè додека не ја прифатите реалноста на поразот и не престанете да се препуштате на фантазии, Иран ќе продолжи да ја спроведува блокадата“, објави денес рано наутро на платформата „Икс“ (X) заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади. Министерот за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека Иран не донел одлука за продолжување на преговорите со САД. Во интервју објавено денес во Иран, тој рече дека Вашингтон мора да ги исполни условите поврзани со теснецот за да може да продолжи пловидбата по овој воден пат, преку кој пред војната се транспортираше една петтина од светската нафта. Трамп ги повика Американците да прифатат малку повисоки цени на бензинот додека трае конфликтот со Иран. Вчера, на политички собир во Гарден Сити, Њујорк, тој изјави дека плаќањето „малку повеќе за гориво“ е оправдана цена за да се осигури дека една „многу злобна земја“ нема да дојде до нуклеарно оружје – што тој го наведе како една од причините за војната. Според податоците на Американската автомобилска асоцијација, во рамките на трендот што ја поттикна инфлацијата и ги разочара гласачите, просечната цена на галон бензин во САД вчера изнесуваше околу 4,08 долари, што претставува зголемување од 29% во споредба со претходната година. Трамп, кој е републиканец, ја водеше својата кампања за реизбор ветувајќи намалување на трошоците за енергија, додека демократите настојуваат последиците од војната да ги претворат во клучна тема на ноемвриските избори за Конгресот. „Ормускиот теснец не може да се окупира со твит или со носач на авиони, ниту пак со издавање наредба или одржување предизборен говор“, изјави Харибабади.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче од јахтата на Заев од Егејот дава инструкции за ширење паникаФилипче од јахтата на Заев од Егејот дава инструкции за ширење паника, СДС од политичка немоќ креира хаос и шири дезинформации.СДС и раководството нема што да им понудат на граѓаните. Во отсуство на идеи, програма и стратегија за државата единствено што знае СДС е да креира хаос, да шират лажни вести и дезинформации. Венко Филипче додека се луксузира на јахтата на Заев на Егејот со украдените пари на народот дава инструкции до партиските послушници на СДС да креираат паника на социјалните мрежи за водата во Скопје. Додека Венко Филипче и Зоран Заев се на одмор на Егејот, решиле да водат политика преку ширење дезинформации и создавање страв кај граѓаните. Ширењето дезинформации за водата во Скопје е крајно неодговорно. СДС и Филипче да не си играат ниту со довербата на јавноста, ниту со чувството на сигурност на граѓаните, а најмалку со прашања поврзани со нивното здравје. Надлежните институции веднаш реагираа и ги демантираа тврдењата со официјални податоци. Министерството за внатрешни работи презеде активности за утврдување на потеклото на информацијата и одговорноста за ширењето паника. Филипче и СДС треба да разберат дека политичката борба има граници. Филипче и СДС можат да продолжат со својот политички циркус, граѓаните одамна не им веруваат. Додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на економијата, инвестициите, платите, инфраструктурата и подобар животен стандард, СДС повторно се враќа на старото познато сценарио на лаги, дезинформации и создавање хаос. Доста е од неодговорност од СДС и Филипче. Доста е од ширење паника. Граѓаните заслужуваат факти, а не политички циркус на СДС и Филипче. Време е Филипче и СДС да понудат нешто повеќе од лаги и страв, доколку некој умее во СДС време е да понудат визија, решенија и одговорност. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook