3Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
Шоу бизХали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“Хали Бери денес наполни 60 години, а го одбележа својот роденден со објава на Инстаграм во која уште еднаш покажа дека нема намера да ги крие своите години.Актерката сподели серија фотографии и накратко рече дека не ѝ е гајле за мислењата на другите луѓе. Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои најчесто ѝ честитаа во коментарите и ја пофалија нејзината самодоверба. „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“ Бери напиша покрај фотографиите: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“, а нејзината објава собра повеќе од 600.000 лајкови за само 17 часа откако беше објавена. Коментарите беа исполнети со пораки за поддршка. „Ова е апсолутно совршено“, напиша еден следбеник, додека друг напиша: „Не ти е гајле за ништо! Продолжи така, @halleberry!“ View this post on Instagram A post shared by Halle Berry (@halleberry) Еден корисник го опиша нејзиниот потег како симбол на слобода и самодоверба, додека друг напиша: „Шеесет години никогаш не изгледале подобро!“ Со години, таа зборува за стареењето Бери отворено зборуваше за притисокот што жените го чувствуваат во врска со стареењето и очекувањето дека треба да останат млади што е можно подолго. Таа беше особено гласна за прифаќањето на промените што доаѓаат со возраста и потребата жените да престанат да се обидуваат да изгледаат помлади по секоја цена. Во колумна за Опра Дејли пред две години, таа ги повика жените да „престанат да се обидуваат да останат во своите 30-ти засекогаш и да си дозволат да бидат стари колку што сте“. View this post on Instagram A post shared by Halle Berry (@halleberry) „Мора да се прифатиме себеси, да ги прифатиме нашите тела како што се менуваат и нашите простори како што се менуваат“, напиша таа во тоа време. „Благословени сме што сме тука. Вистинската самодоверба, сексапил и моќ доаѓаат од сознанието дека стануваме подобри со секоја измината година“. Актерката, исто така, се осврна на идејата дека жените губат вредност како што стареат. „Општеството ни кажува дека откако ќе достигнеме одредена возраст, повеќе не сме вредни, витални или важни. Дека сме бескорисни“, рече таа. „Но, мора да се спротивставиме и да кажеме „не“. Ја отфрлам таа теорија“. „Се чувствувам самоуверено, силно и секси“ Бери пред две години изјави дека со нетрпение очекува да остари. „Се чувствувам како најдобрата верзија од себе и мислам дека ќе бидам уште подобра на 60 години“, рече таа. Таа, исто така, зборуваше за тоа како посветува поголемо внимание на своето здравје и долговечност, што, како што рече, ѝ дава чувство на контрола врз нејзиниот живот. „Се чувствувам самоуверено, силно и секси. Помудра и попаметна сум од кога било досега“, рече таа во тоа време. View this post on Instagram A post shared by Halle Berry (@halleberry) Сега, на нејзиниот 60-ти роденден, се чини дека решила да го покаже својот став на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Halle Berry (@halleberry) Извор: Индекс.хрТагови: Хали Бери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Знаењето е сила, инвестираме во обука за финансиски писмени и независни жениОпштина Центар распиша јавен повик за учество во „Обука за финансиска писменост на жените“.На обуката можат да учествуваат жителки на Општина Центар, со најмалку завршено четиригодишно средно образование, кои се невработени и евидентирани во Агенцијата за вработување и се на возраст од 20 до 50 години. „Да се биде финансиски писмен е клучно за секој поединец, без оглед на полот, за да може да донесува добри финансиски одлуки и да изгради сигурна и стабилна финансиска иднина. Оваа обука е чекор кон поголема информираност, самостојност и економско зајакнување на жените. “, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Целта на обуката е развој на женското претприемништво и финансиската писменост, што ќе придонесе кон поголема економска независност и развој на претприемачкиот потенцијал на жените. Планираниот број на учеснички е 30, по принципот „прв дојден – прв услужен“. Пријавата за учество, заедно со потребната документација, може да се достави во Архивата на Општина Центар или по пошта на адреса: ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, 1000 Скопје. Пријавата е достапна и на веб-страницата на Општина Центар ЈАВЕН ПОВИК за пријавување лица за „Обука за финансиска писменост на жените“ | Општина Центар .mk.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Кавадарци продолжува со големи вложувања во енергетска ефикасностКавадарци продолжува со големи вложувања во енергетска ефикасност, објави на својот профил на Фејсбук, првиот човек на градот, Митко Јанчев. Пред четири години бевме прва општина во државата која постави 200 kW фотонапонски панели на општинските објекти. Денес, таа приказна ја продолжуваме уште посилно. Фотоволтаичните системи се веќе поставени на сите 12 предвидени јавни установи, со вкупна инсталирана моќност од 355 kW. Ова значи едно – помали сметки за електрична енергија, поголеми заштеди и повеќе средства за други потреби на граѓаните. Посебно значајно е што фотоволтаичните модули се донација од „Пиксел гроуп“ во вредност од 4,5 милиони денари, инвестиција која директно се претвора во долгорочна корист за јавниот сектор и за целата заедница. Панели се поставени на: [🏛️] Локална самоуправа – 20,125 kWp [🏫] ООУ „Димката Ангелов Габерот“ – 20 kWp [🏫] СОУ „Ќиро Спанџов Брко“ – 15,64 kWp [🏠] Објект „Изворче“ – 25,3 kWp [🏠] Објект „Детелинка“ – 25,83 kWp [🏠] Објект „Гроздоберче“ – 46,5 kWp [🏠] Објект „Снежана“ – 50,02 kWp [🏠] Објект „Сонце“ – 25,3 kWp [🏥] ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – 71 kWp [🎭] Дом на култура „Иван Мазов Климе“ – 15,58 kWp [📚] Библиотека „Феткин“ – 16 kWp [⚖️] Основен суд Кавадарци – 24 kWp Од сончева енергија до помали трошоци. Од помали трошоци до повеќе инвестиции. [☀️] Кавадарци не чека промени. Кавадарци ги создава. Продолжуваме со инвестиции што остануваат и носат корист денес, утре и во годините што доаѓаат, стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
КошаркаОфицијално: АБА-лигата е одложена!Регионалната кошаркарска АБА-лига сега и официјално ќе биде одложена поради несогласувања со судиите.Кошаркарите на Цибона не отпатуваа за Подгорица на натпреварот од првото коло против Будуќност, а причината се – судиите! Клубот од Загреб доби информација дека натпреварот е одложен и дека нема потреба да патуваат во Црна Гора, поради несогласувања со судиите околу исплатата на хонорарите за натпреварите. Се чинеше дека АБА-лигата нашла решение откако распиша повик за ангажирање судии од целиот свет, но сега тие судии почнаа да се повлекуваат, па оваа иницијатива се соочува со сериозни проблеми. Сè уште не се знае што ќе се случи со останатите натпревари, ниту кога АБА-лигата ќе најде решение, но едно е сигурно – доколку наскоро не се најде излез, регионалното натпреварување ќе се соочи со огромен проблем околу календарот и вклопувањето на преостанатите натпревари во веќе пренатрупаниот распоред на сите екипи, поради обврските во другите европски и домашни натпреварувања.Тагови: АБА ЛИГА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook