Видео: Ветер си играше со авион како со играчка!! - Канал 5

Видео: Ветер си играше со авион како со играчка!!

Како со мала играчка, ветер се поигра со авион, патниците веќе се поздравиле со животот!

Видео: Ветер си играше со авион како со играчка!!

Авион на „Бритиш Ервејз“ кој патувал од Лондон не можел да слета на меѓународниот аеродром во Гибралтар поради силните удари на ветер, кои предизвикале силно лулање на авионот.

Патникот Ел Хасет за ББВ го раскажал своето искуство за летот. Според неговите зборови патниците во авионот биле многу исплашени за своите животи. „Почнав да се молам и мислев на својата жена и децата“, изјавил тој и дополниле дека верува дека ќе авионот ќе заврши во морето.

СНН информирал дека авионот бил присилен да ја напушти планираната рута поради силниот ветер. Првобитно авионот БА 492 требал да полета од аеродромот Хитроа и да слета во Гибралтар . Меѓутоа никогаш не стигнал таму, туку слетал во Малага во Шпанија.

За среќа иако авионот навистина многу се лулал поради налетите на ветерот ниту еден од патниците не бил повреден.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието продолжува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска продолжува расправата за вториот ребаланс на буџетот за 2026 година. Поднесени се вкупно 124 амандмани.

Во Собранието продолжува расправата за ребалансот на буџетот

Со новите проекции, приходите се намалуваат на 374,2 милијарди денари, а расходите на 420,5 милијарди денари. Најголемото намалување е кај акцизите, од 34,1 на 30,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит останува 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од бдп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава

Вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава. 

Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава

Тој денеска ќе се сретне со претседателот на Собранието – Африм Гаши како и со вицепремиерот Александар Николоски.

На вчерашната средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски, тие го го потврдија високото ниво на пријателски односи меѓу Македонија и Црна Гора, сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан.

На средбата стана збор и за денешното финализирање на договорот за воведување нова авионска линија меѓу двете земји, како и за натамошно продлабочување на соработката во економијата, инфраструктурното поврзување, енергетиката и туризмот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хакиран крипто-гигантот Binance: „Најголемиот грабеж во историјата“

Хакиран крипто-гигантот Binance: „Најголемиот грабеж во историјата“. Откриен идентитетот на сторителите.

Хакиран крипто-гигантот Binance: „Најголемиот грабеж во историјата“

„Binance“, најголемата светска берза за криптовалути, синоќа потврди дека во хакерски напад биле украдени дигитални средства во вредност од 6,3 милијарди долари, пренесува BBC.

Компанијата соопшти дека, со помош на партнерски платформи, успеала да замрзне приближно половина од таа сума, додавајќи дека ќе ги „покрие сите настанати загуби“.

Првичните внатрешни проверки укажуваат на тоа дека пробивот веројатно потекнува од компромитиран лаптоп што му припаѓал на еден од нивните инженери, што му овозможило на напаѓачот неовластено да повлече огромни парични суми. Истрагата укажува на познати севернокорејски хакери.

Компанијата за истражување на сајбер-безбедност „TRM Labs“, која во своите истраги користи вештачка интелигенција, го припишува овој пробив на севернокорејската хакерска група „TraderTraitor“.

Овој напад далеку го надминува претходниот рекорд – кражбата од 2025 година на берзата „Bybit“, при што беа украдени 1,5 милијарди долари.

„Оваа проценка ја даваме со висок степен на сигурност“, наведуваат од TRM Labs во својот извештај, додавајќи дека неколку елементи од нападот целосно се совпаѓаат со претходни операции поврзани со режимот во Пјонгјанг, вклучително и инцидентот со Bybit.

Ари Редборд, главен аналитичар во TRM Labs, изјави за BBC дека овој грабеж претставува „пресвртна точка“, каква што крипто-индустријата досега нема доживеано. Тој додаде дека сторителот сè уште поседува огромна сума од украдените средства, што значи дека потрагата по нив всушност допрва започнува.

Од Binance не одговорија директно на прашањето на BBC за можна поврзаност со Северна Кореја, туку само наведоа дека „тесно соработуваат со органите на прогонот за да ги идентификуваат сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер