Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се 5 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари
1Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се 5 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари
АвтомобилизамВидео: Српскиот Римац, 100% електрично ЈугоИдејата за електрично Југо е родена уште во минатиот век.Првиот електричен автомобил од оваа компанија е претставен во 1990 година на белградскиот саем за автомобили, но за жал поради лошите околности, електричното Југо не доживува масовно производство. Идејата повторно оживува во 2002 година, кога се произведени неколку примероци од овој автомобил од кои само еден се возел во регуларен сообраќај. Легендата вели дека електричното Југо имало автономија за возење од 80 километри и максимална брзина од 90 км/ч. Инспириран од приказната за Југо на струја, електроинженерот Раде од Србија почнал да прави свое електро Југо. Па така во 2013 година тој направил своја верзија и на свој начин ја оживува идејата за електрификација на култното возило за овие простори. Овој автомобил, инспириран од приказната за електро Југо, кога бил нов, имал автономија за возење од 100 километри. -Она што фабриката „Црвена Застава“ не успеа да го доведе до крај, успеаја поединци, т.е. ентузијасти! За жал како и секогаш до сега, и овде целата приказна ќе застане на борба на поединци против ветерници!, стои во описот на видеото поставено на Јутјуб каналот „ZokiPH“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТрипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се 5 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектариФејсбук објава на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.„Почитувани земјоделци, Објавени се 5 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари. Со ова исполнуваме уште едно ветување, продолжуваме со политиките за ставање во функција на секој хектар од земјоделското земјиште во корист на земјоделецот. Во рамките на Јавниот повик бр. 01/26, кој ги опфаќа регионите Битола и Прилеп, по 20-тина години приоритет при доделувањето ќе имаат сточарите, со цел развој на сточарството како една од најважните гранки во земјоделството. Сите заинтересирани земјоделци можат да се информираат за условите во подрачните единици на Министерството. Заедно создаваме посилно и одржливо земјоделство.“- стои во објавата.Тагови: Трипуновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Се зголемува бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“ВМРО-ДПМНЕ со зголемена доверба, демократски капацитет и коалициски потенцијал.Бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ се зголемува, парламентарното мнозинство продолжува да се консолидира, а пратеничката група сега брои 59 пратеници. ВМРО-ДПМНЕ потпиша Договор за политичко партнерство, соработка и поддршка со Демократската партија на Турците на Македонија, со што покажа дека има голем демократски капацитет и широк коалициски потенцијал. Со овој договор се испраќа јасна порака дека кога станува збор за интересите на граѓаните и иднината на државата, постои простор за обединување околу заеднички вредности, принципи и цели Партнерството е засновано врз доверба, заемно почитување и искрена определба да се работи во интерес на сите граѓани, додека пак, турската заедница останува нераскинлив дел од нашето општество, народ кој со својата работа, традиција и лојалност со децении придонесува за развојот на Македонија. Соработката со Демократската партија на Турците во Македонија е доказ дека вистинските политики не ги разделуваат, туку ги поврзуваат луѓето и дека кога постои искрена намера да се работи за граѓаните, различностите стануваат наша предност. Како државничка партија, ВМРО-ДПМНЕ го постигна овој договор во насока на зацврстување на парламентарното мнозинство и обезбедување политичка стабилност, како неопходен предуслов за продолжување на реформите, реализација на проектите и исполнување на обврските преземени пред граѓаните на избори. Ова е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е силна, стабилна и моќна политичка структура, која ја препознаваат сè повеќе граѓани и политички субјекти. Колку е поголема довербата, толку е поголема обврската и должноста кон граѓаните да се испорачаат резултати и во таа насока ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено да работи на зголемување и оправдување на дадената доверба, со креирање услови за подобар живот. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВенецуела: Повеќе од 4.100 мртви од двата разорни земјотресиБројот на жртви од двата разорни земјотреси што ја погодија Венецуела минатиот месец се искачи на 4.118, изјави претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез.Во земјотресите се повредени 16.740 лица, а 17.907 останаа без покрив над главата, што е непроменето од претходниот извештај, се вели во извештајот, објави Ројтерс. Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени се случија на 24 јуни во интервал од 39 секунди, погодувајќи го главниот град Каракас и крајбрежниот регион Ла Гваира најтешко. Откако се случија двата разорни земјотреси, Венецуела беше погодена од повеќе од 600 последователни потреси, претежно со послаба магнитуда, вклучувајќи еден со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала. Извор: Б92Тагови: Венецуела земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook