Видео: Срамно, заработува 17 милиони евра по сезона, а спие на натпревар!? - Канал 5

Видео: Срамно, заработува 17 милиони евра по сезона, а спие на натпревар!?

Фудбалски Мадрид е на нозе, причина за тоа е скапо платената фудбалка ѕвезда од Велс, Герет Бејл.

Видео: Срамно, заработува 17 милиони евра по сезона, а спие на натпревар!?

Реал Мадрид синоќа го доби Алавес со 2-0 и направи голем чекор кон нова титула на Шпанскиот Примера дивизион. Во тимот повторно го немаше Герет Бејл.

Капитенот на Веле беше на клупата за резерви, каде што остана за време на целиот меч.

На Бејл дефинитивно му било многу досадно на дуелот со Алавес, што го покажува и една снимка од средбата. На видеото може да се види како Беј се досадува на клупата.

Многумина дури се сомневаат дека Бејл задремал на мечот, што прилично ги изнервирало фановите на кралскиот клуб од Мадрид.

Бејл е снимен како за време на натпреварот заштитната маска ја носи преку очите , нозете му се истегнати и делува како да спие. Фановите се шокирани од не заинтересираноста на Бејл кој во Реал годишно заработува 17 милиони евра, а не работи ништо, додека клубот се бори за титуата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриени деталите за свадбата на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез, церемонија со само 5 гости

Откриени деталите за свадбата на  векот меѓу најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и  атрактивната екс хостеса Георгина Родригез. Само овие 5 гости присуствуваа на церемонијата

Откриени деталите за свадбата на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез, церемонија со само 5 гости

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо, и инфлуенсерката Георгина Родригез стапија во брак на граѓанска церемонија во Кашкаиш, Португалија.

Двојката го кажа судбоносното „да“ во вторникот, на интимна и приватна церемонија на која присуствуваа нивните пет деца, една година откако се свршија.

Роналдо ја сподели веста дека тој и Георгина стапиле во брак по десетгодишна врска, објавувајќи фотографија од нивните венчални прстени на Инстаграм.

Оваа вест ја потврди и претставникот за односи со јавноста на славниот фудбалер преку соопштение: „Кристијано Роналдо и Георгина Родригез денес стапија во брак на граѓанска церемонија во Кашкаиш, Португалија, и сега официјално се сопружници.

Церемонијата била приватен и интимен чин на кој присуствуваа нивните пет деца“, пишува „Дејли мејл“.

Веста за венчавката пристигна само неколку дена откако се веруваше дека парот ќе стапи во брак во катедралата во Фуншал, што поттикна илјадници фанови да се соберат пред црквата.

Сепак, набрзо се испостави дека парот воопшто нема да се венча таму, а церемонијата всушност била наменета за еден сосема непознат португалски пар од Мадеира – Фабио Рамос и Фатима Никол Куња Теишеира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари - што вели статистиката на Мицкоски?

Деновиве слушаме: трета економија сме во Европа, први во туризмот, најдобри во авио-сообраќајот, најбрзо растечки плати и пензии.

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари - што вели статистиката на Мицкоски?

Фактите се поинакви.

Потрошувачката кошница изнесува 70.000 денари.

Минималната плата е 26.000 денари.

Просечната плата е околу 49.000 денари.

На млад човек што нема стан му требаат околу 90.000 денари само за основни трошоци за живот.

И сега народот „не разбира“.

Мицкоски ќе ни нацрта на табла - па ќе ни стане јасно.

Може да црта колку сака.

Нема подобра статистика од паричникот и фрижидерот.

А таму е едноставно, празно.

Човек што носи на рака часовник од 65.000 евра не може да разбере како живее народот.

Не може, кога се вози со државен авион.

Колената не го болат од работа - туку од клечење и молење за власт.

Повеќе не поминува Гебелсовата пропаганда на Латас.

Повеќе не поминува ниту „патриотизмот“ врзан за тендери и бугарски државјанства.

Нема да помине ниту техниката на Ванчо Михајлов со наративот „талог“.

Народот не е талог.

Овде се знае кој е талог.

Народот ќе победи.

Македонија ќе ја победи оваа организирана криминална група наречена ВМРО и нејзиниот шеф Мицкоски.

Ќе ги победи трујачите на Македонија.

Ќе го победи и целиот странски интерес и агенда по која работат.

Ќе победи и ќе ја врати власта во свои раце.

Повторно алармантна ситуација - пола Влада и Мицкоски на екскурзија

Додека во Скопје и околината се шири западно-нилска треска, а во Драчево е регистриран најголемиот број заболени, надлежните најавуваат дезинсекција дури во вторник.

Од 26 регистрирани случаи во државата, 25 се од Скопје. Најмногу во Драчево. Едно лице почина. Повеќето заболени се мажи над 60 години.

Болеста е тешка, завршува со хоспитализација и невролошки компликации.

И во оваа ситуација, истиот пристап.

Нема сериозен, професионален и навремен одговор.

Нема претходна превенција.

Немаше системско прскање кога требаше.

Има само реакција откако веќе има заболени и починати.

Во меѓувреме, премиерот Мицкоски и дел од Владата се на екскурзија.

Пет недели цел Гостивар се труеше, Мицкоски не дојдоа таму, тој е на екскурзија.

Сега комарци шират опасна болест, повторно истиот однос на Владата.

Наместо да се занимаваат со реалните закани по здравјето на граѓаните, се занимаваат со сè друго.

Тендери, пропаганда, поделби, спотови, погрешни знамиња и кампањата на Мицкоски - "талог", по примерот на Ванчо Михајлов.

Ова не е држава што се води одговорно.

Ова е систем во кој кризата се забележува дури кога веќе има жртви, а реакцијата доцни со денови.

Граѓаните заслужуваат сериозен пристап, а не доцнење и импровизации додека половина од оние што треба да одлучуваат се отсутни.

А прскањето против комарци дури во вторник! Дури за 6 дена!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 200 претставници на финансискиот сектор од 15 европски земји, доаѓаат во Скопје на третото издание на MicroBalkans 2026

Под мотото „Lending Reimagined“, на 24 и 25 септември Скопје ќе биде регионална точка за разговор за иднината на микрофинансирањето, кредитирањето, вештачката интелигенција и новите модели на финансирање.

Над 200 претставници на финансискиот сектор од 15 европски земји, доаѓаат во Скопје на третото издание на MicroBalkans 2026

Како може да се продлабочи соработката меѓу банките, штедилниците и небанкарските финансиски институции? Зошто небанкарското микрофинансирање е важно за финансиската инклузија и економскиот развој? На кој начин дигитализацијата и вештачката интелигенција го трансформираат кредитирањето?

Ова се дел од клучните прашања што ќе бидат во фокусот на третото издание на меѓународната конференција MicroBalkans 2026, која на 24 и 25 септември во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје ќе собере повеќе од 200 претставници на финансискиот сектор од 15 европски земји.

Под мотото „Lending Reimagined “, конференцијата ќе ги обедини финансиските институции, регулаторите, експертите, инвеститорите, компаниите и иноваторите во разговор за промените што веќе ја обликуваат финансиската индустрија – од дигитализацијата на кредитирањето и примената на вештачката интелигенција, до пристапот до капитал, европската регулатива и развојот на одговорни, одржливи и поинклузивни финансиски решенија.

Свои воведни обраќања на конференцијата ќе имаат гувернерот на Народната банка на Македонија и министерот за информатичко општество и дигитална трансформација, а се очекува учество и на други истакнати претставници и реномирани експерти од финансискиот сектор од регионот и Европа.

Активно учество ќе земат и небанкарските и микрокредитните институции од земјите на Западен Балкан, членки на Алијансата, со што дополнително се потврдува регионалниот карактер и значењето на MicroBalkans 2026 како платформа за размена на искуства, регионална соработка и развој на финансискиот сектор.

Конференцијата ја организираат Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија и штедилниците, во партнерство со Western Balkans Alliance и European Microfinance Network.

„Финансискиот сектор веќе не разговара дали ќе се трансформира, туку колку брзо и одговорно ќе го направи тоа. MicroBalkans сака Скопје да биде едно од местата каде што ќе се води тој разговор – меѓу банките, штедилниците, небанкарските финансиски институции, микрокредитните институции, регулаторите, инвеститорите и останатите чинители кои можат заеднички да создаваат подобар пристап до финансии и поконкурентен финансиски сектор“, истакнуваат организаторите.

Од вештачка интелигенција до нови модели на финансирање

Во текот на дводневната програма, преку панел-дискусии, работилници и експертски сесии, MicroBalkans 2026 ќе отвори дел од најактуелните прашања што ја определуваат иднината на финансискиот сектор.

Во фокусот ќе бидат дигитализацијата на кредитирањето, примената на вештачката интелигенција и новите технологии, пристапот до капитал, новите модели на финансирање за микро, мали и средни претпријатија, регулаторните промени на европско ниво и одговорното дигитално задолжување.

Еден од важните фокуси ќе биде финансиската инклузија – како финансиските услуги да станат подостапни и како микрофинансирањето, во соработка со банкарскиот сектор, може да придонесе за развојот на претприемништвото, малите бизниси и локалните економии.

Скопје како точка на регионалниот финансиски дијалог

MicroBalkans 2026 има амбиција да биде простор на кој регионалното искуство ќе се сретне со европските финансиски трендови и во кој различните делови од финансискиот екосистем ќе можат директно да разговараат за конкретни решенија, партнерства и идни модели на соработка.

Конференцијата е наменета за претставници на небанкарските финансиски институции, микроекредитните институции, штедилниците, банките, микро, мали и средни претпријатија, финтек и ИТ компании, инвеститори, развојни финансиски институции, регулатори и други релевантни чинители.

MicroBalkans 2026 не е само конференција за финансискиот сектор. Тоа е регионална платформа за креирање на иднината на кредитирањето – поинклузивна, подигитална, поодржлива и подобро поврзана со европскиот финансиски пазар.

Пријавувањето за учество е отворено. За повеќе информации, програмата и регистрација, заинтересираните можат да ја посетат официјалната веб-страница на MicroBalkans 2026 и официјалните профили на конференцијата на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер