Видео: Што излегува од оваа Тесла? - Канал 5

Видео: Што излегува од оваа Тесла?

Тесла нема бензински модели во понудата, а нема ни да има, иако има некои модификации кои се уште се електрични.

Видео: Што излегува од оваа Тесла?

Во оваа симпатична преработка на Тесла „Model Y“, двојниот издув е поставен само заради естетика, а се за да му даде „душа“ на автомобилот, што е токму она што им е потребно на електричните автомобили.

Овде недостасува звукот што љубителите на моторите со внатрешно согорување толку многу го сакаат, но сепак нешто излегува од издувот - меурчиња од сапуница.

На Редит беше објавено видео од овој римејк и веднаш наиде на одобрување кај мнозинството. Оваа Тесла сега е подопадлива, а доби и одредена уникатност.

Neighbor installed custom exhaust.
byu/ColdTurbos inTeslaLounge

Секој што сака да го купи ова ќе мора да издвои 700 долари - во огласот се наведува дека комплетот вклучува мал резервоар сместен во багажникот кој е исполнет со течност за меурчиња.

Системот потоа се управува со безжичен далечински управувач и исфрла меурчиња низ две сребрени издувни цевки вградени во задниот браник. Креаторот на модификацијата вели дека идејата е од неговиот син, а благодарение на неговото инженерско знаење успеал самостојно да ја спроведе идејата.

Интересот е голем, а првите нарачки се направени - авторот на овој додаток моментално нуди услуга за инсталација во својот дом во Масачусетс, а наскоро ќе понуди и услуга за испорака низ цела Америка.

Извор: Б92

Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник

Во Истанбул вчера се приведени 97 студенти кои протестираа поради конференцијата на исламскиот проповедник Нуредин Јилдиз во кампусот на Универзитетот Богазичи.

Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник

Студентите протестираа поради учеството на проповедникот Јилдиз, кој има контроверзни ставови за раните бракови. Конференцијата била во организација на Студентскиот клуб на Универзитетот.

Вкупно 97 студенти се приведени откако се обиделе да ја преминат полициската блокада на кампусот, при што се повредени 13 полицајци откако паднале во петметарска градежна дупка за време на судирите.

Изминатите години турските студенти и универзитетскиот кадар често протестираат, како што тврдат, поради мешањето на Владата во академскиот живот.

Турските студенти изминатите месеци протестираа и поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој се смета за главен политички ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Мицкоски за посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени

 Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со утрешната посета на Скопје на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, истакна дека ќе бидат пренесени нашите ставови во врска со уставните измени.

Мицкоски за посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени

-Нашите ставови се јасни во врска со уставните измени и тука нема промена, затоа што другата страна ние не гледаме барем во овој момент било каков сигнал дека има промена во однесувањето, односно од страна на нашиот источнн сосед. Јас жалам што е тоа така и се надевам во периодот којшто следи повеќе ќе зборуваме за решенија отколку за проблеми, истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање какви се очекувањата од посетата и какви пораки ќе бидат пренесени.

Мицкоски кажа и дека на покана на Кошта ќе го придружува на неговиот лет од Скопје до Тирана, каде што претседателот на Советот на ЕУ ќе приреди вечера за лидерите на Западен Балкан, додека в петок ќе имаат состанок на Евроспката политичка заедница во Тирана.

Посетата на Кошта на Скопје е дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, во чии рамки претходно ги посети Белград и Сараево.

Целта на посетата на Кошта на регионот е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективата на земјите од Западниот Балкан за членство во Унијата. - Зајакнувањето на соработката со Западен Балкан е врвен политички приоритет за ЕУ и за мене лично, порача Кошта во пресрет на неговата западнобалканска турнеја. Тој нагласи дека заминува во посета на регионот за да разговара со лидерите на земјите од Западниот Балкан, кои „се соочуваат со постојани предизвици“ и за да покаже дека ЕУ е подготвена да им помогне.

ОЈО Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот за злоупотреби во РЕК Битола.

ОЈО Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка – замрзнување на паричните средства во износ од околу 3 милиони евра од банкарска сметка на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги РУД-КОП увоз-извоз ДООЕЛ Битола, бидејќи постои основано сомнение дека парите се стекнати како незаконска корист од кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластувања од член 353 од Кривичниот законик.

Имено, постапувајќи по жалба на правното лице, Кривичниот совет на Основниот суд во Битола донел решение со кое ја преиначил одлуката на судијата на претходна постапка и дозволил одмрзнување на паричните средства, а во замена е определена мерка – забрана за располагање и оттуѓување на недвижен имот и моторни возила во сопственост на правното лице.

За одлуката на Кривичниот совет на битолскиот суд, ОЈО Битола ниту беше известено, ниту имаше право на жалба. Одлуката за одмрзнување на паричните средства била донесена дури 2 месеци по изјавената жалба на правното лице и на истиот ден кога Основното јавно обвинителство Битола во Судот поднесе обвинение против 10 лица за злоупотреби при јавни набавки за избор на фирма за ископ на јаловина во РЕК Битола преку кои постои сомнение дека била стекната значителната имотна корист. Со обвинението се предлага одземање на таа корист доколку биде донесена осудителна пресуда.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола смета дека со донесеното решение на Кривичниот совет за одмрзнување на паричните средства се оневозможува односно се прави целосно неизвесна идната евентуална конфискација на овие парични средства како директна имотна корист од кривичното дело.

Уште повеќе што со преиначување на првично определените мерки Судот дозволил во замена за паричните средства да биде замрзнат имот – една парцела во индустриска зона и 37 возила за кои воопшто не постои доказ дека се стекнати по извршување на кривичното дело или дека имотната корист била употребена за нивна набавка. Станува збор за возила од кои повеќето се произведени во 2007 и 2008 година, а дел и во 90-тите години од минатиот век што никако не упатува дека биле предмет на кривично дело кое согласно обвинението било извршено во 2022 и 2023 година.

Од тие причини ОЈО Битола итно реагираше по дознавањето за оваа одлука, ги извести Управата за финансиска полиција и Управата за финансиско разузнавање и веднаш достави нов предлог до Судот за обезбедување на имотната корист додека трае постапката. Судечкиот судија во предметот го прифати предлогот и донесе решение одново да ги замрзне паричните средства на сметката на РУД-КОП, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

притисни ентер