„Tesla Model Y“ е најпродаваниот автомобил во Германија - Канал 5

„Tesla Model Y“ е најпродаваниот автомобил во Германија

Речиси 10.000 Германци го купиле електричниот кросовер во септември.

„Tesla Model Y“ е најпродаваниот автомобил во Германија

Продажбата на нови автомобили во Германија во септември скокна за 14% во споредба со истиот месец минатата година. Евидентирани се вкупно 224.816 новорегистрирани возила.

И покрај тоа, во првите девет месеци Германците купиле 7,4% помалку автомобили отколку во истиот период во 2021 година. Во периодот јануари-септември годинава нови сопственици добиле 1.867.885 возила на четири тркала.

Во септември се зголеми и продажбата на електрични и „plug-in“ хибридни возила (вкупно испорачани 72.725 единици), за 29%. Уделот на овој тип на автомобили во вкупната продажба исто така се зголеми на 32,3%.

Од нив, продадени се 44.389 електрични возила и 28.336 „plug“-in хибриди.

Најимпресивниот податок е дека во септември на клиентите им биле испорачани 9.846 примероци од „Tesla Model Y“, што го направи овој автомобил број еден најпродаван нов автомобил во Германија во септември, пред „вечниот“ бестселер, „Volkswagen Golf“ ( 7.095 новорегистрирани примероци).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончевои топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. 

Утре сончевои топло со мала до умерена облачност

Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 2.800 апликации за грантови за отворање на сопствен бизнис, инфо-денови денес во Ресен, Охрид и Кичево

За мерката Самовработување со грант годинава се предвидени 1.377.303.780 денари или 22,3 милиони евра, и со истата ќе се овозможи 2.043 лица да започнат сопствен бизнис, што е зголемување за 313 лица во однос на минатата година.

Над 2.800 апликации за грантови за отворање на сопствен бизнис, инфо-денови денес во Ресен, Охрид и Кичево

Голем интерес за трите јавни повици од мерката за Претприемништво - Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, минатата недела пристигнати над 2.800 апликации.

Информативни денови за презентација на оваа мерка и Оперативнио план за вработување денес се одржуваат во Ресен, Охрид и Кичево, каде заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, заменик-директорката на Агенцијата за вработување и претставници од Агенцијата за иновации, научно технолошки развој и претприемништво ИНОВА пред присутните ги презентираа деталите за планот, како и за активните јавни повици од мерката „Самовработување со грант“.

За мерката Самовработување со грант годинава се предвидени 1.377.303.780 денари или 22,3 милиони евра, и со истата ќе се овозможи 2.043 лица да започнат сопствен бизнис, што е зголемување за 313 лица во однос на минатата година.

Мерката „Самовработување - Претприемништво“ е поделена на 3 под мерки, каде за лицата до 29 години е предвиден грант до 10.000 евра, за лицата над 29 години до 7.000 евра, додека преку здружување во ДОО од 14.000 до 20.000 евра.

Новитет годинава е што за аплицирање за оваа мерка лицата мора да имаат најмалку завршено средно образование, како и вклучување на повратниците од странство како категорија да можат да ги користат овие средства.

Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната www.av.gov.mk.

Јавните повици траат до 3 јули 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изборниот законик влезе во собраниска процедура по скратена постапка, опозицијата најавува блокада

Изборниот законик влезе во собраниска процедура по скратена постапка. 

Изборниот законик влезе во собраниска процедура по скратена постапка, опозицијата најавува блокада

Од владејачкото мнозинство велат дека очекуваат консензус, но од опозицијата најавија блокада.

Пред собранието е Сандра Спасовска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер