АвтомобилизамВидео: Се судриле Дачија и Ламборџини во БукурештВо судирот немало потешко повредени.Ова видео од сообраќајна несреќа доаѓа од Романија, поточно од Букурешт. Во судирот во кој учествувале два автомобили Дачија Логан и Ламброџини Хуракан за среќа никој не е повреден. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска трескаЗападнонилската треска ја зеде и петта жртва во Македонија. Станува збор за 73 годишне маж, кој имал и други придружни болести. Информацијата пред малку на прес конференција ја соопшти директорот на инфкетивната клиника д-р Фадиљ Цана. Ја следеше Мирјана Мирчевска Јовановиќ. Дали се познати причините за смртниот исход кај пациентот? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаКолку е реална можноста земјава да оди на предвремени парламентарни избори? Евентуалното нивно одржување според дел од политичките аналитичари е можно догодина на пролет.Колку е реална можноста земјава да оди на предвремени парламентарни избори? Прашањето деновиве повторно го актуализираа лидерите на политичките партии кои изразија подготвеност за изборно соочување, но засега никој не сака да иницира предвремено гласање. Евентуалното нивно одржување според дел од политичките аналитичари е можно догодина на пролет поради важноста на техничката влада уште на овие парламентарни избори. „Не гледам логика, ниту пак термин тие да се одржат во текот на оваа година. Единствен логичен термин е пролет 2027 кој се шпекулира веќе подолго време, имајќи предвеид дека поради фактот што и овој пат останува пржинската влада потребни се сто дена за техничка влада, така што тешко е сето тоа да се случи наесен, а и на зима тешко се одржуваат избори затоа што некои села остануваат непристапни“– Петар Арсовски, политички аналитичар „Доколку се одржат евентуални предвремени избори тоа ќе биде напролет бидејќи се уште важо законот за т.н техничка влада. Доколку се одржат кон крајот на оваа година веќе на почетокот на септември мора да имаме согласно законот и Уставот пржинска влада – со технички премиер и минстри од редовите на опозицијата, но такво нешто засега не гледаме“– Бчагојче Атанасовски, политички аналитичар Можен повод за предвремено изборно соочување Арсовски гледа во евентуална внатрешна или надворешна криза, а според Атанасовски искуствата во политиката досега покажале дека предврмени избори може да се случат и без поголем и кокретен мотив. Според него клучот за нивно одржување сепак е во рацете да на владеачкото мнозинство. „Доколку нема вистински контекст, односно доколку нема вистинска политичка ситуација или проблем кој едиснтвено се решава со предвремени парламентарни избори, најголем дел од гласачите ќе ги оцентат таквите избори само како полтички маневар. И тоа е во моментот борбата на политичките партии кој ќе биде условно виновник за одржување на предвремени избори. Може да се случи некаква политичка криза, блокирање на Собранието. Може да се счучи некаква внатрешна коалициска препирка во рамки на валдечката коалиција или некаква надворешна политичка криза – да речеме уставни измени или притсиок од ЕУ.“ – Петар Арсовски, политички аналитичар „Може тие да бидат предизвикани од некаков договор меѓу валста и опозицијата или фрлена ракавица од опозицијата кон власта, под услов власта веднаш да прифати. Во Македонија воопшто не ме изненадува и да нема некоја особена и значителна политичка причина или да нема некоја безбедносно – општествена или политичка криза за да се распишаат нови предвремени парламентарни избори“– Бчагојче Атанасовски, политички аналитичар Премиерот Мицкоски деновиве порача дека доколку бидат предзвикани од опозицијата ќе прифатат предвремени избори, но Филипче вели дека тој нема да биде алиби за нивно одржување и дека СДСМ нема да ги иницира. Влен досега не се изјасниле. Единствено опозициската ДУИ отврено бара веднаш да се распушти Собранието и да се определи датум за предвремено изборно соочување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаЦела Македонија е во „портокалова фаза“, температурите достигнуваат до 41 степениМакедонија се наоѓа во портокалова предупредувачка фаза. Топлотниот бран ги зголеми повиците до Итната медицинска помош, се бележат зголемен број интервенции на јавни места, поради колапси и влошување на состојбата кај хронично болните лица, особено кај пациенти со висок крвен притисок и срцеви заболувања. Докторите апелираат граѓаните, доколку немаат неопходна потреба, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Се препорачува и внесување повеќе течности и избегнување директна изложеност на сонце, со акецент на ранливите категории. Најтоплиот дел од денот дел од граѓаните го минуваат или дома под клима или под дебела сенка, велат на горештините им пркосат со консумирање многу течности но и дека се придржуваат до препораките од докторите, велат и забележително е дека поголем дел од фонтаните на јавите места се во функција.. Инаку синоптичарите велат дека и денеска, Македонија е сред најжешките денови овој период, со температури од 35 до 40 степени. Во Скопје температурата на воздухот ќе се движи оклу 40-от степен. Од утре и во текот на следната седмица, се очекува благ пад на температурите, а на повисоките места и нестабилност. Високите температури повод и за денешното ограничување на брзината во железничкиот сообраќај. Регионалниот центар за управување со кризи Град Скопје информира дека поради високите температури е воведено и ограничување на брзината на движење на 50 километри на час. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter