Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
2Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
ЗабаваВидео: Се избричил за прв пат после 10 години и ја шокирал неговата сопруга која никогаш не го видела без брадаДодека многу во карантинот пуштаат брада, професионалниот модел и амбасадор за производи на нега на брада Карлос Коста го направи сосема спротивното, тој ја избричи брадата за прв пат после 10 години-Поминаа 10 години откако си го имам видено лицето и тоа се променило, вели тој -Сега имам 40 години, сум остарел и сакам да видам како изгледам без брада, вели Карлон и додава дека неговата жена која ја запознал пред седум години никогаш не го видела без брада. - Не се сеќавам дека сум бил ваков, вели Карлос отатко ја избричи брадата. За неговата сопруга Џена ова претставуа шок. -Ова е чудно. О боже не можам да те гледам, не личиш на севе“, вели Џена во видеото откако за прв пат ќе гоп види својот сопруг без брада.. По првиот шок таа воочува дека Карлос сега всушност изгледа помладо. -Знаеш што е чудно? Сега можам да ти ги видам усните додека збориш. Кога подобро ќе размислам, никогаш не сум видела како ти се движат усните додека зборуваш, вели Џена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБургас ја доби „Евровизија“, а цените за сместување полудеа над 25.000 евра за шест ноќевањаСамо неколку часа откако Бургас беше официјално прогласен за домаќин на „Евровизија“ за 2027, хотелите во градот нагло ги зголемија цените за датумите околу 13 – 16 мај в година.Платформите за резервации веќе покажуваат понуди меѓу 650 и над 4.000 евра по ноќ. Највисоката регистрирана понуда за престој околу неделата на натпреварот, сепак, е 25.000 евра за 6 ноќевања за двајца возрасни. За споредба, тој апартман чини 850 евра за ист број ноќевања во август 2026 година. Општина Бургас потврди дека почнува организациски подготовки за сместувањето и може да понуди 155.000 кревети во хотели со категорија од една до пет ѕвездички.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: СДС денеска појде во обвинителство да потврди дека пратиле насилници во Ново СелоНаместо одговор, кривична пријава.СДС денеска поднесе кривична пријава против мене. Но, во целата нивна реакција има една многу важна работа. СДС не ги негира информациите што ги објавив. Што значи дека ги потврдуваат. Не негираат дека лицата кои ги претставуваа како „млади активисти“ се осудени насилници и трговци со дрога. Не ги демантираат фактите што ги објавив за нивното криминално минато. Наместо одговор на тоа, решија да се занимаваат со тоа од каде сум ги добил информациите. Јас сум портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и го штитам јавниот интерес. Не сум никаков полициски службеник, немам никаков пристап до полициски системи и не сум барал од никого да крши закон. Информациите ги добив од луѓе, патем се свиркачи од СДС, кои одлучиле да укажат на нешто за кое сметале дека јавноста треба да знае. Зошто денес СДС не ги брани фактите? Кои се луѓето кои СДС ги претставува како „жртви“? Какви пресуди имаат зад себе? Зошто СДС не ги демантира тие факти? Одговорот е сосема јасен. Затоа што тие деца кои Филипче ги нарече “деца на Македонија”, впрочем се деца на Заеви. Поднесената кривична пријава кон мене, нема да го оттргне фактот дека кадарот во СДС е криминален, насилнички и коруптивен. Ќе продолжиме да ја изнесуваме секоја вистина за граѓаните да знаат зошто сте дојдени на историски минимум од 100 илјади гласови. Кривична пријава не е пресуда. А мене кривични пријави нема да ме замолчат да ја говорам вистината. Линк од фб објава: https://www.facebook.com/share/1DRc3ZqPeH/?mibextid=wwXIfr Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСелена Гомез ги измамила инвеститорите? Поп-ѕвездата сега е тужена!Поп-ѕвездата Селена Гомез се најде во центарот на судски спор откако инвеститори ја обвиниле дека не ги исполнила ветувањата поврзани со нејзиниот стартап за ментално здравје. Поп-ѕвездата Селена Гомез е обвинета за измама од страна на инвеститори кои тврдат дека не ги исполнила ветувањата дека ќе ја искористи својата светска слава и огромниот број следбеници на социјалните мрежи за промоција на нејзиниот стартап за ментално здравје, кој пропаднал минатата година. Стартапот Wondermind Global Inc. во 2022 година наводно тврдел дека вреди 95 милиони долари, кога од инвеститорите побарал средства за развој на производи, меѓу кои и мобилна апликација, се наведува во тужбата поднесена во четвртокот пред федералниот суд во Делавер. Гомез, една од основачите, била „главен директор за влијание“ и раководителка за маркетинг, според тужбата. Дали ги измамиле инвеститорите? Според тужбата поднесена од пет инвеститори, Wondermind ги претставувал своите перспективи подобри отколку што биле и никогаш не ги развил производите или не ги остварил приходите што ги ветил. Инвеститорите тврдат дека Гомез ги занемарила своите договорни обврски кон компанијата, делумно поради „долготрајни лични несогласувања“ со нејзината мајка, Манди Тифеј, која била коосновачка и коизвршна директорка. „Иницијативите никогаш не се реализираа. Апликацијата никогаш не беше направена. А во текот на три години, додека компанијата тивко се распаѓаше, ниту еден од основачите, директорите или раководителите не им кажал ништо на инвеститорите“, пишуваат адвокатите во тужбата. Гомез го основала Wondermind во 2021 година со својата мајка и Даниел Пирсон, основачка на билтенот за поп-култура Newsette. Компанијата се фокусирала на таканаречената „ментална кондиција“ и промовирала навики за одржување на менталното здравје, слично на начинот на кој луѓето користат фитнес-центри за физичка форма. Гомез, Тифеј и Пирсон, кои се наведени како тужени, не одговориле веднаш на барањата за коментар. Во првата инвестициска рунда во 2022 година, компанијата собрала 5 милиони долари од инвестициски фондови и компании, меѓу кои фондот на тениската легенда Серена Вилијамс, Lightspeed Venture Partners и Sequoia Capital. Од таа сума, 1,2 милиони долари инвестирале петте лица кои сега ја поднеле тужбата, меѓу кои и поранешниот извршен директор на Allergan, Брент Саундерс. Инвеститорите биле привлечени од ветувањето дека Wondermind ќе може да стигне до публика од повеќе од 500 милиони луѓе преку каналите на Гомез на социјалните мрежи, се наведува во тужбата. Наводни лажни партнерства Во тужбата се тврди и дека компанијата лажно претставувала дека обезбедила институционални партнерства со работодавачи, меѓу кои JPMorgan Chase и Fidelity, како и дека започнала различни иницијативи за остварување приходи. Инвеститорите тврдат дека за финансиските проблеми на компанијата дознале преку напис објавен во септември 2025 година во The Cut. Во тужбата се наведува дека написот открил детали за наводното „занемарување на обврските“ на Гомез кон компанијата и нејзините наводни обиди да се дистанцира од Wondermind. Тужителите ги обвинуваат Гомез и останатите тужени за прикривање на оперативните, финансиските и раководните проблеми на компанијата. Инвеститорите сега преку судска постапка се обидуваат да ги повратат вложените средства. Важно: ова се наводи од тужбата и не значи дека обвиненијата се докажани. Судот допрва треба да ги разгледа тврдењата на страните.Тагови: Селена Гомез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter