3Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот
ТенисВидео: Сабаленка прв пат во јавноста по смртта на нејзиното момчеОблечена во црна спортска опрема, тенисерката Арина Сабаленка се појави во јавноста на тренинг, само ден по смртта на нејзиното момче. Тажната тенисерка поради овој потег доби различни коментари од фановите. Тема број еден во светот на тенисот е смртта на партнерката на Арина Сабаленка, која наводно се самоубила скокајќи од балкон во Мајами. Белорусинката и покрај големата трагедија реши да настапи на претстојниот турнир. Само ден по трагичниот настан Сабаленка на изненадување на многумина излезе на теренот и одработи еден тренинг, облечена во цела црна опрема, можеби поради жалост за покојното момче Константин Колцов. Aryna Sabalenka training in Miami. If anyone feels the need to judge her for playing, please stop. The grieving process is so much more complex than whatever your opinion is. She deserves kindness in her healing journey 🙏❤️ (via @BartekIgnacik) pic.twitter.com/nLm8RdCNvU — The Tennis Letter (@TheTennisLetter) March 19, 2024 Откако видеото беше објавено на социјалните мрежи, почнаа да се редат коментари под него. Повеќето од коментарите беа во одбрана на тенисерката со оглед на тоа дека сега и треба тренинг за да ги пренасочи мислите, но има и такви кои сметаат дека тоа што го направи е малку чудно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНа украинскиот претседател му е забрането да лета над оваа земја Полскиот претседател Карол Навроцки му даде рок од неколку дена на својот украински колега Володимир Зеленски да ја повлече одлуката за именување на една од украинските единици по нацистичката Украинска бунтовничка армија (УПА).Полскиот претседател Карол Навроцки му даде рок од неколку дена на својот украински колега Володимир Зеленски да ја повлече одлуката за именување на една од украинските единици по нацистичката Украинска бунтовничка армија (УПА), изјави портпаролот на полскиот лидер, Рафал Лескиевич. „И дадовме на украинската страна неколку дена. Зеленски треба да донесе одлука. Тој сè уште има време да се осигури дека оваа единица нема да го носи името на херој на УПА“, изјави Лескиевич за полските медиуми. Тој додаде дека досега немало реакција од украинската страна по ова прашање. Се шпекулира дека од овие причини, полската страна му забранила на авионот на Зеленски да лета кон самитот на Г7 во Женева преку нејзината територија, па тој патувал преку Молдавија. Според некои медиуми, ова е веќе втор пат Зеленски инцидентно да го промени аеродромот за кратко време. Претходно, полскиот претседател размислуваше да му го одземе на Зеленски Орденот на Белиот орел, кој му беше доделен во 2023 година од претходниот шеф на државата, Анджеј Дуда. Сепак, по состанокот на Советот на Редот минатиот понеделник, Навроки не донесе никаква одлука, ниту пак ги објави препораките што ги доби од Советот.Тагови: Володимир Зеленски Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп откри: „Путин и Зеленски се отворени за преговори“ САД се свртуваат кон Украина по Иран. Трамп откри: „Путин и Зеленски се отворени за преговори“ Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по завршувањето на војната во Иран, Вашингтон повторно ќе се фокусира на војната во Украина и изрази оптимизам дека и рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски се подготвени за преговори. „Можеби можеме да направиме нешто во врска со Украина. Мислам дека и Путин и Зеленски се отворени за тоа. Сега кога приказната со Иран е завршена, ќе се фокусираме на тоа“, изјави Трамп пред новинарите на самитот на Г7 во Евиан-ле-Бен, Франција. Трамп рече дека разговарал одделно со двајцата лидери во неделата и ги опиша разговорите како „многу добри“. Зеленски разговарал со Трамп по телефон во недела, на 80-тиот роденден на американскиот претседател. Недолго потоа, Кремљ потврди дека Путин разговарал и со Трамп. Украинскиот претседател рече дека го информирал Трамп за ситуацијата на фронтовската линија и зајакнатата позиција на Украина, додавајќи дека се договориле да продолжат разговорите за време на самитот на Г7. Според помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, Путин му се јавил и на Трамп на 14 јуни за да му посака среќен роденден. Двајцата лидери разговарале за она што Москва го опишува како воени успеси на Русија во Украина. Ушаков рече дека Трамп повторно го повикал Путин да ја заврши војната „што е можно поскоро“ и наговестил дека тоа би можело да отвори врата за подобрување на односите меѓу САД и Русија. Функционерот на Кремљ, исто така, рече дека ако Зеленски го покрене прашањето за повторна средба со Путин, „нека дојде во Москва“. Ушаков додаде дека во блиска иднина се очекува посета на руската престолнина од страна на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.Тагови: Владимир Путин Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Денес, со длабока почит го одбележавме споменот на дванаесетте ваташки младинци Денес, со длабока почит го одбележавме споменот на дванаесетте ваташки младинци – симбол на храброста, непокорот и љубовта кон слободата, напиша на Фејсбук, градоначалникот Митко јанчев кој положи свежо цвеќе на споменикот на 12 ваташки младинци.-На 16 јуни 1943 година, бугарскиот окупатор изврши едно од најтешките злосторства во македонската историја, одземајќи дванаесет млади животи од Ваташа. Но, и покрај суровоста на злосторството, не успеа да ги уништи идеалите во кои тие веруваа. Нивната жртва останува вечен сведок за стремежот кон слобода, правда и достоинство. И по 83 години, споменот на ваташките младинци живее во колективната меморија на нашиот народ. Нивната приказна не е само дел од нашата историја, туку и обврска да ја чуваме вистината, да ги почитуваме жртвите и да ги пренесуваме вредностите за кои тие се жртвуваа на идните генерации. Како општина и како народ, должни сме да паметиме. Затоа што народот што ја негува својата историја и ги почитува своите херои, гради посигурна и подостоинствена иднина. Нека е вечен споменот на дванаесетте ваташки младинци. Нека е вечна нивната жртва. Слава им.- стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38