3МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
2Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
ЖивотВидео: Првите фотографии од темната страна на МесечинатаКина ги објави првите фотографии од темната страна на Месечината, направени од лунарниот ровер и сондата која го довела роверот на Месечината.Ова достигнување Кинеската вселенска агенција го нарекла голем триумф на мисијата на досега не истражениот дел на единствениот сателит на Земјата. Кинеската државна телевизија ги прикажала роверот „Јути 2 “ и сондата „Чанг е 4 “ на страната на Месечината која секогаш е свртена од Земјата. Фотографиите преку комуникациски сателит се испратени во контролниот центар во Пекинг, но не е познато кога истите се сликани. -Сондата, роверот и комуникацискиот сателит се во стабилна состојба. Ги постигнаа однапред поставените инженериски цели и сега влегуваат во фаза на научни истражувања, изјавил директорот на Кинеската вселесна агенција Жанг Кедијан. And if your head explodes with dark forebodings too I'll see you on the dark side of the moon 🎶🌑🔺🌈 pic.twitter.com/vaOwMLIcUJ — DW News (@dwnews) January 11, 2019 На испратените фотографии се гледа камената површина со остри рабови и кратери во позадината, што ќе претставува предизвик за идните траси на роверот, пренесе агенцијата Синхуа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
СудбинаОгромна бела ајкула му се приближи на сурфер од зад грб, средбата снимена со дрон !Џоел Хендрикс сурфа 35 години,никогаш досега нема видено ајкула. Поради тоа, често се шегувал со својот син дека овие праисториски суштества можеби воопшто не постојат. Сепак, неодамна доживеа средба што нема наскоро да ја заборави. Додека сурфал во близина на Океано, на брегот на Калифорнија, му се приближила огромна голема бела ајкула и го испрскала со опашката. „Ајкулата само малку ме испрска“, се пошегува Хендрикс по средбата. Голема бела ајкула се појавила во близина на „Пир авенија“ (Pier Avenue), каде што во морето имало група сурфери. Средбата била снимена со дрон од страна на локалниот сурфер Дејвид Стајнер, кој редовно објавува снимки од ајкули на својот профил на Инстаграм, @caveman_476. Хендрикс изјави дека најпрво забележал дрон што летал на околу триесет метри од него, на висина од само три метри над морето. Познавајќи го Стајнер, тој претпоставил дека дронот снима некое морско животно во близина. „Не се исплашив. На почетокот чувствував повеќе љубопитност. Не знаев колку е големо животното, ниту пак точно за што станува збор. Дури не бев ни целосно сигурен дали е ајкула“, рекол Хендрикс, според весникот „Мајами хералд“ (Miami Herald). Набргу потоа, тој забележал сенка близу зад себе, а потоа и перка што излегува од морето. „Ме изненади. Кога доплива зад мојата даска, си помислив: ’Леле, ова е навистина голема риба‘“, се присети тој. Хендрикс проценил дека ајкулата била долга меѓу четири и пет метри, значително подолга од неговата даска за сурфање. Животното потоа ненадејно го промени правецот, го испрска со опашката и продолжи да плива. https://www.instagram.com/reel/DfDQraFPv2D/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loadingКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЗабаваФото: Најсексапилните мажи во светот низ децениитеОва се најсексапилните мажи во светот низ децениите. Листа на најпосакуваните во последните 40 години .Веќе четири децении, списанието *People* го избира „Најсекси маж на годината“, а на оваа престижна листа се нашле бројни познати имиња од светот на филмот, музиката и спортот, пренесува *Express*. Првиот што ја понел оваа титула бил славниот холивудски актер Мел Гибсон, уште во 1985 година. Веќе следната година, на неговото место дојде колегата актер Марк Хармон, додека кон крајот на 1980-тите, оваа титула ја понесоа и Хари Хамлин и Шон Конери. Особено впечатлив бил изборот на Џон Ф. Кенеди Помладиот, кој во 1988 година влезе во историјата како првиот маж надвор од актерскиот свет што се појавил на оваа листа. Покрај својот изглед, тој привлече внимание и со својот опуштен стил на облекување. Деведесеттите години започнаа со Том Круз, по кого следуваа Патрик Свејзи, Ник Нолти и Дензел Вашингтон. Некои од добитниците успеаја да го повторат својот успе, како Ричард Гир, Бред Пит и Џорџ Клуни кој престижната титула на Пипл ја освојувале по двапати. Во новиот милениум, листата продолжи со Харисон Форд, Пирс Броснан, Бен Афлек, Џуд Ло и Метју Меконахи. Меѓу најпознатите имиња се Џони Деп, Мет Дејмон, Хју Џекман и Рајан Рејнолдс. Во последните години, внимание привлекоа и Бредли Купер, Ченинг Тејтум, Крис Хемсворт и Крис Еванс. Сепак, титулата не е резервирана само за актери. На листата на добитници се наоѓаат и музичари како Адам Левин, Блејк Шелтон и Џон Леџенд, како и поранешниот фудбалер Дејвид Бекам. На листата на неодамнешни добитници се наоѓаат Двејн Џонсон, Идрис Елба, Мајкл Б. Џордан, Пол Рад, Патрик Демпси, Џон Красински и Џонатан Бејли. Ноа Вајл ја понесе титулата „најсекси маж“ за 2026 година, продолжувајќи ја традицијата што го привлекува вниманието на јавноста веќе четири децении.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизНовиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долариВрз основа на фотографиите, тројца пластични хирурзи – од кои ниту еден не ја третирал холивудската ѕвезда Џенифер Лоренс – проценуваат дека актерката можеби имала операција на очните капаци и подигнување на веѓите. Според еден од нив, ваквите зафати кај врвен хирург чинат повеќе од 30.000 долари. Новите фотографии од добитничката на „Оскар“, направени неделава, поттикнаа шпекулации за направени естетски зафати. Поради тоа, американскиот портал „Page Six“ побара мислење од тројца пластични хирурзи, при што сите нивни проценки се засноваат исклучиво на фотографиите. Д-р Семјуел Голпанијан смета дека Лоренс можеби направила блефаропластика, односно корекција на горните очни капаци. Според него, оваа процедура често се изведува заедно со подигнување на веѓите, па не ја исклучува ниту таа можност. Тој наведува дека потесните образи може да се должат на губење тежина или на отстранување масно ткиво од образите, но нагласува дека тоа не може да се утврди само врз основа на фотографии. Д-р Шон Мекнили од Портланд вели дека нејзиниот изглед е во согласност со двете процедури. Тој исто така забележал дека нејзината лева веѓа е малку повисоко поставена од десната. Според негова проценка, двете процедури обично чинат околу 15.000 долари, додека цената кај врвен хирург во Лос Анџелес или Беверли Хилс надминува 30.000 долари. Трет хирург, д-р Розбех Тораби, има поинакво мислење. Тој вели дека актерката можеби направила затегнување на веѓите, но нејзините очни капаци не изгледаат како да биле оперирани. Според него, суптилните промени може да се резултат и на употреба на ботокс, помала количина филери и ласерски третмани. Лоренс нема потврдено дека извршила операција на очните капаци или затегнување на веѓите, а нејзините претставници не ги коментираа шпекулациите. Претходно оваа недела, во интервју за „The Cut“, таа откри дека направила затегнување на градите и се надева дека еден ден ќе направи затегнување на лицето.Тагови: џенифер лоренс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter