3МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
2Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
ХороскопНеделен хороскоп за 2. до 9. ноември 2026 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 2. до 9. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро. Кариера Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Иние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни. Здравје и совет Не го потценувајте здравиот и мирен сон. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм. Кариера Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта. Здравје и совет Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели. Кариера На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте. Здравје и совет Немојте да пиете студени пијалоци. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , не седете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни. Кариера Повеќето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор. Здравје и совет Би сакале да истражувате непознати места . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе организирате интересни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност. Кариера Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно. Здравје и совет Човек на човека е лек. Овен 21.3-20.4. Љубов заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства. Кариера Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција. Здравје и совет Не заборавајте на редовниот одмор и сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете. Кариера Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични. Здравје и совет Можете да поместувате планини. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии. Кариера Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш. Здравје и совет Занимавајте се со јога и медитација. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги. Кариера Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни , но само за нивна рекреација. Здравје и совет Никаде не брзајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Кариера Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуцваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност. Здравје и совет Ако треба да се борите, изборете се и не се плашите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат. Кариера Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена . Вага 24.9.-23.10 Љубов Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение. Кариера Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Не ги напуштајте новите идеи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЗабаваФото: Најсексапилните мажи во светот низ децениитеОва се најсексапилните мажи во светот низ децениите. Листа на најпосакуваните во последните 40 години .Веќе четири децении, списанието *People* го избира „Најсекси маж на годината“, а на оваа престижна листа се нашле бројни познати имиња од светот на филмот, музиката и спортот, пренесува *Express*. Првиот што ја понел оваа титула бил славниот холивудски актер Мел Гибсон, уште во 1985 година. Веќе следната година, на неговото место дојде колегата актер Марк Хармон, додека кон крајот на 1980-тите, оваа титула ја понесоа и Хари Хамлин и Шон Конери. Особено впечатлив бил изборот на Џон Ф. Кенеди Помладиот, кој во 1988 година влезе во историјата како првиот маж надвор од актерскиот свет што се појавил на оваа листа. Покрај својот изглед, тој привлече внимание и со својот опуштен стил на облекување. Деведесеттите години започнаа со Том Круз, по кого следуваа Патрик Свејзи, Ник Нолти и Дензел Вашингтон. Некои од добитниците успеаја да го повторат својот успе, како Ричард Гир, Бред Пит и Џорџ Клуни кој престижната титула на Пипл ја освојувале по двапати. Во новиот милениум, листата продолжи со Харисон Форд, Пирс Броснан, Бен Афлек, Џуд Ло и Метју Меконахи. Меѓу најпознатите имиња се Џони Деп, Мет Дејмон, Хју Џекман и Рајан Рејнолдс. Во последните години, внимание привлекоа и Бредли Купер, Ченинг Тејтум, Крис Хемсворт и Крис Еванс. Сепак, титулата не е резервирана само за актери. На листата на добитници се наоѓаат и музичари како Адам Левин, Блејк Шелтон и Џон Леџенд, како и поранешниот фудбалер Дејвид Бекам. На листата на неодамнешни добитници се наоѓаат Двејн Џонсон, Идрис Елба, Мајкл Б. Џордан, Пол Рад, Патрик Демпси, Џон Красински и Џонатан Бејли. Ноа Вајл ја понесе титулата „најсекси маж“ за 2026 година, продолжувајќи ја традицијата што го привлекува вниманието на јавноста веќе четири децении.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНовиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долариВрз основа на фотографиите, тројца пластични хирурзи – од кои ниту еден не ја третирал холивудската ѕвезда Џенифер Лоренс – проценуваат дека актерката можеби имала операција на очните капаци и подигнување на веѓите. Според еден од нив, ваквите зафати кај врвен хирург чинат повеќе од 30.000 долари. Новите фотографии од добитничката на „Оскар“, направени неделава, поттикнаа шпекулации за направени естетски зафати. Поради тоа, американскиот портал „Page Six“ побара мислење од тројца пластични хирурзи, при што сите нивни проценки се засноваат исклучиво на фотографиите. Д-р Семјуел Голпанијан смета дека Лоренс можеби направила блефаропластика, односно корекција на горните очни капаци. Според него, оваа процедура често се изведува заедно со подигнување на веѓите, па не ја исклучува ниту таа можност. Тој наведува дека потесните образи може да се должат на губење тежина или на отстранување масно ткиво од образите, но нагласува дека тоа не може да се утврди само врз основа на фотографии. Д-р Шон Мекнили од Портланд вели дека нејзиниот изглед е во согласност со двете процедури. Тој исто така забележал дека нејзината лева веѓа е малку повисоко поставена од десната. Според негова проценка, двете процедури обично чинат околу 15.000 долари, додека цената кај врвен хирург во Лос Анџелес или Беверли Хилс надминува 30.000 долари. Трет хирург, д-р Розбех Тораби, има поинакво мислење. Тој вели дека актерката можеби направила затегнување на веѓите, но нејзините очни капаци не изгледаат како да биле оперирани. Според него, суптилните промени може да се резултат и на употреба на ботокс, помала количина филери и ласерски третмани. Лоренс нема потврдено дека извршила операција на очните капаци или затегнување на веѓите, а нејзините претставници не ги коментираа шпекулациите. Претходно оваа недела, во интервју за „The Cut“, таа откри дека направила затегнување на градите и се надева дека еден ден ќе направи затегнување на лицето.Тагови: џенифер лоренс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВтор круг од предвремените избори за градоначалник во БрвеницаВо општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.Според Државната изборна комисија гласањето почнало навреме во седум часот а до 15 часот на изборите во Општина Брвеница гласале 6579 гласачи, што претставува 40,49 отсто од вкупниот број запишани гласачи. Според податоците доставени до ДИК од сите 24 избирачки места, излезноста е за 9,32 процентен поен повисока во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври годинава. Во Брвеница е Михајло Видимлиски. Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook