Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
2Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ЖивотВидео: Пресушија Викториините водопадиВикториините водопади настанале на местото каде што африканската река Зембези пропаѓа во 100 метарска провалија. Убавината на водопадите привлекуваше милиони туристи во Зимбабве и Замбија а сега се пресушени заради најголемата суша во последните сто години. Иако е вообичаено за време на сушните периоди овие водопади да подзапрат, оваа година дошло до неочекувано опаѓање на нивото на водата. Се стравува дека климатските промени би можеле трајно да ги уништат водопадите. „Претходните години, кога ќе пресушеа, тоа не се случуваше во толкава мера“, вели Доминик Њамбе, продавач на сувенири. „Ова прв пат го гледаме“, додава тој. Овој продавач вели и дека веќе опаднал бројот на туристи кои виделе на интернет дека водопадите пресушиле. Проблемот е што целата област е погодена од суша и што многу луѓе останале и без храна. Се проценува дека помош им е потребна на околу 45 милиони луѓе. Зимбабве и Замбија се погодени и од рестрикција на струја, затоа што производството на оваа енергија зависи исклучиво од хидроелектраната Кариба која се наоѓа на реката Замбези. Официјалните податоци покажуваат дека нивото на реката Замбези е под она во 1995 година, што било најниско забележано ниво досега. Претседателот на Замбија Едфар лунгу рекол дека ова е предупредување за тоа што климатските промени можат да и направат на нашата животна средина. Викториините водопади се едни од најголемите и најспектакуларните во светот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГруби пречекан со овации во Чаир!Синоќа во Чаир во Скопје грагани се собраа за да го поздрават поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој излезе од куќниот притвор определен во рамките на случајот во кој тој е обвинет за проневера на државни пари од лотарија.Груби се движеше во друштво на пријатели и соработници, придрружен со огномет и запалени факели и чадни бомби. Од кривичниот суд соопштија дека одлуката за укинување на куќниот притвор е донесена поради истекување на законски дозволениот рок од 60 дена, сметано од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог. Судот не му ја прифати понудената гаранција за барањето да му биде вратен пасошот. Тој има и забрана да го напушта Скопје додека трае судењето. На рочиштата Груби изјави дека не се чувствува виновен. По 14 месеци бегство во Косово, Груби се предаде на Блаце на 23 февруари 2026 и спротивно на досегашната пракса за бегалци од правдата, не остана во притвор туку по неколку часа во затворот во шутка,кажа дека не се чувствувал безбеден во Шутка, па затоа му беше одредена мерката куќен притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотНа папата Лав XIV му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан На Папата Лав 14 му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан .71-годишниот папа бил подложен на 90-минутна операција во вторникот во болницата „Џемели“ во Рим, каде му бил дијагностициран аденокарцином на белите дробови. „Операцијата беше успешна и немаше никакви компликации“, соопшти Ватикан. „По операцијата, папата се разбуди нормално и се врати по краток период на набљудување во својата соба“, додаде Ватикан. Грутката првпат била откриена за време на она што Ватикан го опиша како „рутински проверки“. Се очекува папата да остане во болница околу една недела. Претходно, големи толпи чекаа со часови пред болницата на папата.Тие го поздравуваа со радосни поздрави и му посакуваа добро здравје додека поминуваше. Во своето соопштение, Ватикан соопшти дека целиот долен лобус на десниот белодроб на папата бил отстранет „за да се осигури дека постапката е успешна “. Извор од Ватикан изјави за новинската агенција „Франс прес“ дека се спроведуваат дополнителни тестови за да се види дали има некакви знаци дека ракот се проширил. Папата во неделата ја објави веста за својата операција на светот, зборувајќи од балконот на плоштадот „Свети Петар“ .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНема промена кај цените на гориватаНема промена на цените на бензините и дизелот. Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 останува 98,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 се продава по 100,50 денари, а дизелот по 97 денари за литар.Единствено поскапува мазутот, за 2,14 денари и сега чини 51,74 денари за килограм. Во актуелните цени на горивата се вклучени владините мерки за намалено ДДВ на дизелот од 18 на 10%, како и намалената акциза за бензините и дизелот за 4 денари по литар..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook