СДСМ: Нова лага и манипулација на Мицкоски за БДП - со инфлација од 5,7% животниот стандард на граѓаните се намалува
1СДСМ: Нова лага и манипулација на Мицкоски за БДП - со инфлација од 5,7% животниот стандард на граѓаните се намалува
3Со поддршка на ЗЕЛС и Светската банка ќе се набават 49 возила од различен тип за оддржување на состојбата со хигиената
СветВидео: Пожарот предизвикал огромна штета на најголемиот и најновиот американски носач на авиониВидеата открија сè: Делови целосно уништени ....Ексклузивни снимки добиени од CNN покажуваат обемна штета на најголемиот и најновиот американски носач на авиони, USS Gerald R. Ford, откако избувнал пожар на бродот. Според извори, инцидентот се случил поради дефект на системот за гаснење пожар на бродот, објавува CNN. Кога во март избувна пожар на најголемиот воен брод во светот, среде воените операции против Иран, американската морнарица ја увери јавноста со кратко соопштение. Таа тврдеше дека пожарот бил брзо „локализиран“, дека двајца морнари биле згрижени за „повреди кои не се опасни по живот“ и дека масивниот носач на авиони останал „целосно оперативен“. Сепак, нови видео снимки до кои дојде Си-Ен-Ен откриваат дека драмата во Црвеното Море била многу поопасна, а штетата многу поголема отколку што Пентагон сакал да признае. Снимките од внатрешноста на бродот покажуваат дека кабините каде што спиеле морнарите биле целосно уништени. Од креветот останале само изгорените, извиткани метални решетки под таванот, кој буквално бил проголтан од елементот на оган. Од таванот висат оголени жици, а подовите на спалните соби се покриени со купишта пепел. „Сериозно мислев дека ќе го изгубиме бродот“, изјави за Си-Ен-Ен еден морнар од „УСС Џералд Р. Форд“, опишувајќи го пеколот низ кој поминале додека се бореле со пожарот. „Во таква ситуација имате само два избора - борете се или умрете“. За да биде уште полошо, вградениот систем за автоматско гаснење пожар воопшто не работел, па морнарите морале френетично да импровизираат сами за да спасат животи и да спречат потонување, потврди за Си-Ен-Ен висок американски функционер запознаен со инцидентот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотОсвоил шест милиони евра на лотарија, но заборавил да ги подигнеСо години, милиони луѓе ширум светот сонуваат за истиот момент - дека нивниот лоз, тикет, ливче ќе донесе добивка од милион долари на лотарија.Додека некои редовно инвестираат значителни суми, верувајќи во среќата и статистиката, повеќето играат само повремено, издвојувајќи неколку евра со надеж дека само тој мал облог би можел да им го промени животот. Сепак, иако речиси секој сонува за голема добивка, понекогаш се појавуваат приказни кои покажуваат дека има и такви кои никогаш не ги бараат своите добивки. Случај како овој неодамна привлече големо внимание во Белгија. Добитникот на шест милиони евра никогаш не се појавил. Белгиската национална лотарија објави дека од 1 јули до крајот на годината ќе го зголеми почетниот џекпот од сегашниот еден милион на дури 1,5 милиони евра. Причината за оваа необична одлука лежи во фактот дека добитникот на дури шест милиони евра, освоени на крајот на декември минатата година, никогаш не ги побарал своите пари. Добитниот тикет бил потврден во белгискиот град Бланкенберге за време на специјалното новогодишно извлекување, но лицето кое ги освои милионите никогаш не се појавило да ја подигне наградата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Се врати кралицата на минијатурните бикини-Познатата убавица едвај ги собра бујните гради во минијатурното бикини.„Летото навистина ти одговара“, напиша еден следбеник, додека друг рече: „Итно ми треба ваков одмор“. Членката на кланот Кардашијан Џенер, младата бизнисменка Кајли Џенер го започна летото на начин што го привлече вниманието на милиони следбеници низ целиот свет. Познатата бизнисменка и основачка на козметичкиот бренд „Кајли Козметикс“ отпатува со своите најблиски пријатели на луксузен одмор, каде што беше организирано посебно собирање за да се прослави нејзиниот бренд. Атрактивната ријалити ѕвезда и инфлуенсерка секојдневно ги споделува своите моменти од одморот на социјалните мрежи, но овој пат беше фотографирана од папараците додека позира со пријатели на плажа и ужива во брановите. За фотосесијата на брегот, Кајли избра многу впечатливо бикини во камуфлажен дезен, отстапувајќи од розовата естетика што го карактеризираше поголемиот дел од нејзиното патување. Тагови: кајли џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
МакедонијаСДСМ: Нова лага и манипулација на Мицкоски за БДП - со инфлација од 5,7% животниот стандард на граѓаните се намалуваМицкоски прави уште една манипулација, уште една лага во економијата, зборува за раст на БДП во првиот квартал за 3,1%, но истовремено инфлацијата достигна 5,7%. Тоа во реалноста значи дека цените растат побрзо од економијата и дека граѓаните реално осиромашуваат. Кога со истата плата можете да купите помалку храна, помалку месо, помалку овошје и помалку основни производи, тогаш нема економски успех, туку намален животен стандард. Владата слави проценти, а граѓаните бројат се помалку денари во својот џеб, едвај врзвуваат крај со крај. Храната и безалкохолните пијалаци се поскапени за околу 8%, инфлацијата во Македонија е речиси двојно повисока од онаа во еврозоната каде е околу 3%, странските инвестиции бележат пад за 60%, а јавниот долг со новите задолжувања се приближува до 11,1 милијарди евра. Раст кој се храни од инфлација не е развој. Раст кој се потпира на долгови не е успех. Вистински напредок има само кога граѓаните можат да купат повеќе со својата плата, кога животот станува подостоинствен и кога семејствата чувствуваат подобар стандард. Лагите на Мицкоски се распаѓаат кога граѓаните ќе ги видат своите празни паричници, празни фрижидери и кога на каса во маркет не можат да ја наполнат кошицата. Затоа ни е потребна ЕУ, за подобар животен стандард на граѓаните. Бидејќи не е исто кога си изолиран и кога си дел од група држави што спроведуваат заеднички економски политики и мерки, со кои им помагаат на сите граѓани на Европа. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter