Видео: „Пандорини документи": Откриено тајно богатство на светски лидери - Канал 5

Видео: „Пандорини документи": Откриено тајно богатство на светски лидери

 Тајното богатство и бизнисите на светските лидери, политичари и милијардери се откриени во едно од најголемите протекувања на финансиски документи.

Видео: „Пандорини документи": Откриено тајно богатство на светски лидери

Околу 35 сегашни и поранешни лидери и повеќе од 300 функционери се поврзани со документи од офшор компании наречени „Пандорини документи".

Бројни лидери, вклучувајќи го и чешкиот премиер, кралот на Јордан и претседателите на Кенија и Еквадор, сокриле средства во офшор компании за да избегнат данок, покажа истрагата објавена синоќа од страна на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ).

YouTube video

Истрагата во која беа вклучени 600 новинари, наречена „Пандорини документи", врз основа на околу 11,9 милиони документи од 14 компании за финансиски услуги, откри повеќе од 29.000 офшор компании. ИЦИЈ откри врски помеѓу офшор средства и 336 лидери и политички претставници кои формирале 1.000 компании, од кои повеќе од две третини се на Британските Девствени Острови.

Според овие документи, јорданскиот крал Абдула Втори. основал најмалку триесет такви компании во даночни раеви и преку нив купил 14 луксузни имоти во САД и Велика Британија за повеќе од 106 милиони долари.

Тие, исто така, покажуваат дека поранешниот британски премиер Тони Блер и неговата сопруга заработиле 360.000 евра со затајување данок на имот кога купиле канцеларија во Лондон со купување на офшор компанија која ја поседувала зградата.

Документите го поврзуваат рускиот претседател Владимир Путин со недвижен имот во Монако и откриваат дека чешкиот премиер Андреј Бабиш, кој следната недела учествува во изборна трка, не пријавил офшор инвестициска компанија преку која купил две вили во јужна Франција за 22 милиони евра.

Во документите го има и поранешниот француски министер и некогашен директор на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штраус-Кан Еквадорскиот претседател Гиљермо Ласо инвестирал во два фондови со седиште во Јужна Дакота.

Како што пренесува утрово РТЦГ меѓу документите е и името на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и членови на неговото семејство. Вања Чаловиќ Марковиќ и Дејан Миловац пишуваат дека Мило и Блажо Ѓукановиќ склучиле тајни договори за управување со нивниот имот во 2012 година, криејќи се зад комплицирана мрежа на поврзани компании од Велика Британија, Швајцарија, Британските Девствени Острови, Панама и Гибралтар. Синот на претседателот на Црна Гора ја искористил оваа структура за да формира две скриени компании со фирми-ќерки во Лондон и Црна Гора.

YouTube video

Меѓу документите што ги проучуваа истражувачките новинари на МАНС, пронајдени се заверени копии од договорот за собирање средства што Мило и Блажо Шукановиќ го склучиле на 21 јуни 2012 година со CM Skye 2 (PTC) Limited, регистриран на Британските Девствени Острови.

Од договорот може да се види дека Ѓукановиќ го формирал Victoria Trust, а неговиот син Capecastel Trust. Тие наведуваат минимален основачки влог и прецизираат дека во фондовите, во кој било момент можат да бидат внесени имоти од самите основачи и од други лица. Фондовите се воспоставени за период од 80 години, а компанијата што управува со нив е овластена да купува и продава недвижен имот и компании во име на Ѓукановиќ, да отвора нови компании и жиро сметки, да дава и зема заеми и да извршува разни други задачи. Дека навистина станува збор за претседателот на Црна Гора и неговиот син покажува и заверената документација што била приложена при формирањето на фондовите – дипломатскиот пасош на Мило Ѓукановиќ и сметката за вода од неговата адреса во Подгорица, која служела како доказ за престој. Неговиот син доставл црногорска лична карта и фактура за изнајмување стан во Лондон, пишува МАНС.

Во документите е и името на актуелниот министер за финансии на Србија и поранешен градоначалник на Белград Синиша Мали.

Новинарите од КРИК и мрежата OCCRP во 2015 година открија дека Синиша Мали, купил 24 луксузни апартмани во бугарското летувалиште Свети Никола на Црното Море. Вредноста на становите била околу пет милиони евра. Мали ги обвини дека лажат и призна дека купил еден стан, оној што бил регистриран на негово име.

Српскиот претседател Александар Вучиќ со години го брани својот близок соработник од сомненија за вмешаност во корупција, исто така, тврдејќи дека КРИК лаже. – Имам апсолутна доверба во министерот Синиша Мали, рече Вучиќ претходно оваа година.

Но, како што пишува КРИК, Пандорините документи докажаа дека Синиша Мали бил сопственик на станови и две офшор компании. Мали ги купил становите во 2012 и 2013 година, во време кога беше економски и финансиски советник на тогашниот прв вицепремиер на Србија, Александар Вучиќ.

Мали купил 24 апартмани во Бугарија од компанија на Срѓан Дабиќ, поранешен кошаркар и директор на српската филијала на познатата руска нафтена компанија Лукоил.

Мали не одговорил на повикот на новинарите на КРИК за интервју или на деталните прашања што му ги испратиле.

Други звучни имиња се колумбиската пејачка Шакира, германската манекенка Клаудија Шифер и индискиот играч на крикет Сачин Тендулкар.

Тоа е најновото во серијата тајни документи што протекоа во последните седум години, по фајловите FinCen, Рајските документи, Панамските документи и Лукс Ликс.

Во повеќето земји, ваквите постапки не можат да се гонат, но ИЦИЈ ги спореди говорите на политичарите против корупција со нивната инвестиција во даночни раеви. Кенискиот претседател Ухуру Кенијата во неколку наврати изјави дека е подготвен да се бори против корупцијата и ги обврза државните службеници да бидат транспарентни во врска со нивниот имот. Но, „Пандорините документи" откриваат дека кенискиот претседател поседува фондација во Панама, а неколку членови на неговото семејство имаат над 30 милиони долари на офшор сметки.

Американскиот центар за јавен интегритет во 1997 година го основаше ИЦИЈ, кој стана независен ентитет во 2017 година. Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари е независна меѓународна мрежа со седиште во Вашингтон, со повеќе од 200 новинари и 100 медиумски организации во повеќе од 70 земји.

ИЦИЈ стана познат во април 2016 година, по објавувањето на Панамските документи, истрага базирана на околу 11,5 милиони документи од панамска адвокатска фирма. Тогаш ги открија скриените средства на илјадници клиенти на Мосак Фонсека, вклучувајќи и некои познати личности. Документите предизвикаа оставки на исландскиот премиер Сигмундур Давид Ганлаугсон и пакистанскиот премиер Наваз Шариф.

Во ноември 2017 година, ИЦИЈ ги објави Рајските документи врз основа на нов сет документи од друга финансиска компанија, Appleby. Меѓу познатите имиња и истраги за потези за криење на имотот и затајување даноци се принцот Чарлс, шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон и компанијата Најки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никол Кидман за тешкиот момент по Оскарот: „Бев неверојатно осамена“

Освојувањето на Оскар е врв на кариерите на многу актери, но Никол Кидман ја поврзува својата прва победа и со чувство на голема осаменост.

Никол Кидман за тешкиот момент по Оскарот: „Бев неверојатно осамена“

Таа го освои Оскарот во 2003 година за улогата на Вирџинија Вулф во филмот „Часовите“, откако беше номинирана за прв пат претходната година за „Мулен Руж!“. Иако постигна еден од своите најголеми професионални успеси во тоа време, таа се чувствуваше сосема поинаку приватно.

Кидман се присети на тој период за време на гостувањето со Сандра Булок во подкастот „Терапус“ на Џејк Шејн. Зборувајќи за вечерта на доделувањето на наградите, таа рече дека по сè, останала со чувството дека нема партнер со кого да го сподели тој момент. „Бев неверојатно осамена“, се присети таа. „Го достигнав врвот на мојот успех, се вратив дома и бев сосема сама. Неверојатен сплет на околности“, додаде таа.

Големиот успех беше проследен со чувство на осаменост

Иако нејзините родители беа покрај неа, Кидман се сеќава дека се прашала: „Каде е мојот партнер, некој со кого да го споделам ова?“ Во времето на освојувањето на Оскарот, таа веќе беше разведена од Том Круз. „Тоа беше еден од оние длабоки моменти кога си помислив: „Треба да си го средам животот“, рече таа.

Актерката објасни дека благодарноста за наградата не може да го избрише чувството на осаменост. „Ја држам таа златна статуетка и си мислам: „Ова е тоа, ова е најголемата награда во нашата индустрија“. Бев толку благодарна и толку осамена во исто време.“ Таа додаде дека целото искуство било чудно за неа и дека во тој момент само сакала некој да ја прегрне и да ја врати во реалноста.

Неколку месеци по доделувањето на наградата, Кидман започнала врска со Лени Кравиц, со кого исто така била верена, но нивната врска завршила. Во 2005 година, таа го запознала Кит Урбан, а се венчале една година подоцна и добиле две ќерки, Сандеј и Фејт. Двојката се разделила во 2025 година, а нивниот развод бил финализиран на почетокот на 2026 година.

YouTube video

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп ги поврзува нападите од 11 септември со војната во Иран: „Немаме избор, мора да победиме“

Доналд Трамп вети во Вашингтон дека САД никогаш нема да ги заборават терористичките напади од 11 септември 2001 година и дека денес продолжуваат да се борат во име на 2.977 лица кои загинаа.

Трамп ги поврзува нападите од 11 септември со војната во Иран: „Немаме избор, мора да победиме“

„Денес ја обновуваме светата заклетва што првпат ја дадовме во нивно име пред четврт век. Никогаш нема да заборавиме. Затоа се бориме денес“, рече американскиот претседател во говорот во Пентагон. „Немаме избор. Само победата е можна“, тврдеше тој.

Министерството за одбрана на САД, кое се наоѓа во близина на Вашингтон, исто така беше цел на џихадистите на Ал Каеда на 11 септември: киднапиран авион се урна во зградата, при што загинаа 184 лица.

Трамп ги поврза нападите од 11 септември со војната против Иран

За време на комеморацијата, Трамп ја поврза борбата против Ал Каеда, предводена од неговиот републикански претходник Џорџ В. Буш по нападите, со војната што ја води со Израел против Иран веќе седум месеци.

„Денес, им оддаваме почит на сите припадници на војската на Соединетите Американски Држави кои служеле во „војната против теророт“. (...) И им оддаваме почит на воениот и одбранбениот персонал кои работат токму сега за да се осигураат дека водечкиот државен спонзор на тероризмот во светот, Исламската Република Иран, никогаш нема да добие нуклеарно оружје“, рече тој.

Зборувајќи на комеморацијата, министерот за одбрана Пит Хегсет се согласи: „Нашите воини се борат против исламската теократија која посакува да бидеме мртви речиси половина век“.

За време на републиканската конвенција во среда и четврток, пред среднорочните избори, Доналд Трамп и неговиот потпретседател, Џ. Д. Венс, остро ги нападнаа своите демократски противници, обвинувајќи ги за договарање со сторителите на нападите.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Моди го повикува Путин да ја прекине војната во Украина

Индискиот премиер Нарендра Моди го повика рускиот претседател Владимир Путин да одржи разговори за прекин на војната во Украина, додека двајцата лидери се сретнаа во Њу Делхи пред самитот на БРИКС.

Моди го повикува Путин да ја прекине војната во Украина

Моди го повикува Путин да ја прекине војната во Украина

Дијалогот и дипломатијата се вистинскиот начин за решавање на конфликтот, му рекол Моди на Путин, според соопштението од индиското Министерство за надворешни работи.

Индија е подготвена да ги поддржи мировните напори, рече Моди.

Билатералните разговори се одржаа пред дводневниот самит на БРИКС што започнува во сабота.

Војната во Украина е на дневен ред, а формулацијата на индиското Министерство за надворешни работи се однесува на конфликтите „во регионот на Црното Море“.

Индија е голем купувач на руска нафта и жито. Таа е погодена од тешкотии во превозот во Црното Море предизвикани од руските и украинските напади, а индиските морнари беа жртви на напади со беспилотни летала.

Самит во Њу Делхи

Њу Делхи, кој одржува блиски врски и со западните партнери и со Москва, има во голема мера прагматичен пристап кон конфликтот откако започна руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Сепак, Моди ја засили својата реторика на состанокот во Киргистан кон крајот на август, повикувајќи го Путин пред камера да ги прекине борбите. „Треба да преминеме од бесконечна војна кон крај“, рече Моди, а Путин одговори дека Русија е на тој пат.

Не е познато колку директен бил Моди на состанокот во Њу Делхи. Во индиското соопштение се вели дека Моди и Путин се согласиле да го зајакнат посебното стратешко партнерство меѓу двете земји. БРИКС е акроним формиран од иницијалите на имињата на првите пет членки: Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Организацијата е создадена како противтежа на Западот и оттогаш се прошири за да ги вклучи Иран, Египет, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати и Индонезија. Фокусот на самитот во Њу Делхи ќе биде на трговијата, технологијата и регионалните конфликти. Кинескиот претседател Си Џинпинг е меѓу лидерите што учествуваат на состанокот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер