Видео: Ноле повторно најдобар во Њујорк, 24 Грен слем титула за најтрофејниот во историјата - Канал 5

Видео: Ноле повторно најдобар во Њујорк, 24 Грен слем титула за најтрофејниот во историјата

Најдобриот светски тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ ја освои 24. Грен слем титула во кариерата.

Видео: Ноле повторно најдобар во Њујорк, 24 Грен слем титула за најтрофејниот во историјата

Во спектакуларното финале на УС Опен, Ѓоковиќ го победи Русинот Данило Медведев со 3:0, по сетови 6:3, 7:6 (7:5), 6:3.

Натпреварот кој се играше на стадионот „Артур Еш“ под затворен покрив траеше три часа и 16 минути.

За Ѓоковиќ ова беше десетто финале на УС Опен и четврта титула во Њујорк. Тој, исто така, стана најстариот победник на Грен слем во опен ерата.

Со 24 грен слем титули се одвои од Рафаел Надал кој има две титули помалку, а воедно се израмни со Маргарет Корт која со 24 титули беше неприкосновена во генералната серија.

Ѓоковиќ триумфот во Њујорк му го посвети на својот голем пријател, трагично загинатата кошаркарска ѕзвезда Коби Брајнт

По мечот, српскиот ас облече специјална маица. Покрај неговиот имиџ, на него се наоѓа и ликот на легендарниот кошаркар Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година.

На задната страна беше бројот 24, кој Коби го носеше во дел од кариерата. Новак потоа ги крена рацете кон небото.

- Никому не кажав за таа идеја до пред неколку дена. Коби беше близок пријател. Зборувавме многу за менталитетот на победникот, како да се вратиме по повреда, како да се вратиме на врвот. Секогаш беше подготвен да даде поддршка. Тој го носеше дресот 24 кога стана легенда на Лејкерс и светската кошарка. Ова е само симболичен момент за потсетување – изјави Ѓоковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари: Јавните политики мора да се темелат на знаење и факти

Министерот за правда  Јетон Шасивари денеска учествуваше на тркалезната маса „Унапредување на истражувачко-аналитичката функција во политичките партии – правни и компаративни искуства“.

Шасивари: Јавните политики мора да се темелат на знаење и факти

Шасивари истакна дека партиските истражувачко-аналитички центри (ПИАЦ) имаат важна улога во унапредувањето на квалитетот на политиките, јавната дебата и демократските процеси.

„ПИАЦ треба да бидат места каде што политиката се соочува со фактите, а податоците и анализите се користат за одлуките да бидат подобри“, порача Шасивари.

Тој нагласи дека со користењето јавни средства за финансирање на ПИАЦ доаѓа и јавна одговорност, особено во однос на квалитетот на истражувањата, анализите и препораките што произлегуваат од нив.

,,Јавните средства мора да произведуваат јавна вредност.Тие средства се наменети за истражување, анализа, развој на политики и градење стручни капацитети.Затоа е потребно да имаме не само правила за тоа како се трошат средствата, туку и култура на одговорност за тоа што произведуваат тие средства. Кои истражувања се направени? Кои анализи се подготвени? Кои политики се евалуирани? Кои препораки произлегле од нив? Како се користеле податоците? Каков придонес имале овие центри во развојот на политиките? Тоа се прашањата кои треба да ги поставуваме.Не за да ја ограничиме политичката работа, туку за да ја направиме посериозна, поквалитетна и поодговорна,”нагласи Шасивари.

Министерот ја истакна и важноста на меѓупартиската соработка во областа на истражувањето и знаењето.

„Можеме да не се согласуваме околу решенијата, но можеме да се согласиме дека решенијата треба да се темелат на точни податоци и сериозна анализа“, истакна Шасивари.

Како Министерство за правда, наша одговорност е да обезбедиме јасна и функционална правна рамка.

Министерство за правда

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светската јавност во исчекување на говорот на Трамп – Иран и Украина се очекува да бидат доминантни теми

Вниманието на светската јавност е во насочено кон американскиот претседател Доналд Трамп.

Светската јавност во исчекување на говорот на Трамп – Иран и Украина се очекува да бидат доминантни теми

Вниманието на светската јавност е во насочено кон американскиот претседател Доналд Трамп, кој треба да се обрати пред Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, во момент на длабоки геополитички тензии и глобална енергетска криза.

Војните на блискиот исток и во Украина се очекува да имаат доминантно место во говорот на американскиот претседател, а според медиумските извештаи, тој ќе се осврне и на темите поврзани со договорот со гренланд, вештачката интелегенција и за иднината на Обединетите Нации, тело кое во изминатиот период Трамп жестоко го критикуваше. Според најавите од Белата Куќа, Трамп фокусот ќе го стави на лидерството на САД, на бројните предизвици со кои се соочиле како земја и на тоа дека светот е во подобра состојба отколку претходно.. Во однос Иран, седум месеци по почетокот на војната, Трамп се очекува да нагласи дека конфликтот бил неопходен за да се спречи нуклеарната закана од техеран, а војната во Украина, да ја лоцира како една од клучните причини за актуелната нафтена криза. Токму затоа, тој се очекува на денешната средба со зеленски да изврши притисок врз украинскиот колега да ги прекине нападите врз руските рафинерии за гориво. Трамп вчера изјави дека русија за жал ја загубила контролата врз својата индустрија за дизел-гориво. Оваа смешна и бескрајна војна со украина мора да заврши, напиша тој на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почивалец: Инвестираме во инфраструктурата, ги поддржуваме младите и создаваме услови за економски развој на Радовиш

​Денес презентирам отчет за реализираните активности, проектите, преземените мерки и иницијативите што беа спроведени во изминатиот период, како и за дел од проектите кои се во тек на реализација.

Почивалец: Инвестираме во инфраструктурата, ги поддржуваме младите и создаваме услови за економски развој на Радовиш

Работата на локалната самоуправа ја насочувме кон подобрување на условите за живеење, унапредување на инфраструктурата, подобрување на јавните услуги, поддршка на младите, образованието, културата, спортот, животната средина и создавање услови за локален економски развој.

Посебно внимание посветивме на воспоставување соработка со граѓаните, институциите, јавните претпријатија, невладиниот сектор, спортските клубови, културните организации и меѓународните партнери.

Во областа на инфраструктурата беа реализирани и започнати повеќе значајни активности: Во тек е реализација на договор за уредување на јавни површини поставување на бекатон во градот Радовиш и населените места; заврши реконструкцијата на улицата „Ванчо Прке“, се реализираа активности поврзани со регулацијата на Ораовичка Река, во село Воиславци се реализираше регулацијата на поројот и изградбата на улица по трасата на поројот, при што проектот влезе во завршна фаза, продолжи изградбата на обиколницата „Малешевски пат“ кај село Подареш, изградбата на Градскиот пазар влезе во завршна фаза, реконструкцијата на објектот на Стоковната куќа во мултифункционален простор влезе во завршна фаза.

Реконструкцијата на Домот на културата „Ацо Караманов е исто така во завршна фаза, реконструкција на градски стадион. Обезбедени се средства за решавање на имотно-правните работи за ГП на градски базент. Во тек е промена на проект за фекална канализација Карши Маале, изработка на основни проекти за изградба на кружна крстоскица на бул. А.Македонски, како и изработен проект за батерии за складирање на електрична енергија. Набавка на урбана опрема за изградба на нови дески игралишта и реконструкција на сите постојни во соработка со рудник за бакар „Бучим“, во тек е воведување на ГИС систем за општината.

Поддршката на младите и образованието беше една од приоритетните области.

Во овој сегмент: беа доделени субвенции за добивање возачка дозвола, при што 91 млад човек го оствари правото на субвенција во износ од 12.000 денари, беа доделени 25 субвенции за купување велосипеди, на учениците од прво одделение им беа обезбедени ученички униформи, на матурантите и полуматурантите им беа покриени трошоците за матурската прослава, беа наградени и одликувани образовните работници по повод Денот на просветните работници.

Посебно значајна беше мерката за ослободување на младите до 35 години од плаќање комуналии при изградба на нов дом. Интересот за оваа мерка покажа дека постои реална потреба од создавање услови младите луѓе да останат, да градат домови и да го планираат својот живот во Општина Радовиш.

Во областа на културата беа реализирани и поддржани бројни манифестации, настани и активности. Општината даде поддршка на културните организации, невладиниот сектор, фолклорните друштва и здруженијата кои придонесуваат за културниот живот. Беа одржани сите традиционални фолклорни фестивали, повторно го обновивме Детскиот карневал и одржавме нова манифестација „Радовишки вински двор“.

Во областа на спортот беа реализирани и поддржани повеќе активности. Покрај традиционалните турнири и спортски настани, градот беше домаќин на педесетото јубилејно издание на „Македонски Бисер“.

Еден од најзначајните предизвици во областа на животната средина беше проблемот со градската депонија. Поради повеќекратното палење на депонијата, беше создадена сериозна опасност по квалитетот на воздухот и здравјето на граѓаните. Општината презеде активности за справување со состојбата. За ЈП „Плаваја“ обезбедени се три специјални возила за собирање на отпад. Општината учествуваше и во активности поврзани со регионалното управување со отпадот.

Во областа на локалниот економски развој беа преземени активности за создавање услови за нови инвестиции и отворање на нови можности за стопанството. Во тек е постапка поврзана со пренамена на ТИРЗ зоната во индустриска зона со цел нивно ставање во функција.

Во областа на безбедноста и заштитата на граѓаните беа преземени активности за подобрување на условите за работа на Територијалната противпожарна единица Радовиш. За ТППЕ Радовиш беше обезбедена нова опрема. Професионални дрегери, теренско возило Фолксваген. Противпожарно возило комплет опремено со опрема за гасење пожари, справување со поплави и сообраќајни несреќи. РТЦ машинка за сообраќајни несреќи.

Почитувани,

Нашата обврска не е само да создадеме подобар Радовиш денес.

Наша обврска е да создадеме Радовиш кој ќе биде подобро место за живеење и за идните генерации. Луѓето се важни. Тие се душата на еден град и на една општина. Можеме да изградиме најубава улица, најмодерен објект и најубав парк. Но ако човекот не се чувствува вреднуван, слушнат и поддржан – тогаш сме ја промашиле суштината и тоа е вистината.

Затоа нашата цел е Општината да биде поблиску до граѓаните. Отворена за соработка. Отворена за идеи. Отворена за проблемите на секој наш жител. Токму во таа насока сум особено задоволен од огромниот интерес за субвенцијата за млади до 35 години, со која ги ослободуваме од плаќање на комуналии при изградба на нов дом.

Затоа што сакаме младите да останат тука.

Да градат тука.

Да создаваат семејство тука.

Да ја градат својата иднина во Радовиш.

YouTube video

Љупче Почивалец, градоначалник на Општина Радовиш

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер