Видео: Најголемиот „Hummer H1“ во светот - Канал 5

Видео: Најголемиот „Hummer H1“ во светот

Арнолд Шварценегер го привлече вниманието на новинарите додека возеше воен „Humvee“ по улицата, предизвикувајќи лудило за патничките „Hummer“ возила.

Видео: Најголемиот „Hummer H1“ во светот

Сепак, дури и Терминаторот, би бил запрепастен од најновата креација на Шеикот на Виножито (познат како Шеик Хамад бин Хамдан Ал Нахјан) од Обединетите Арапски Емирати, преголемиот „Hummer H1“ наречен „X3“.

Со нето вредност од приближно 20 милијарди долари и четири одделни музеи за автомобили во ОАЕ, Нахајан има афинитет да прави големи верзии на возилата што ги поседува.

Некои од другите возила на Шеикот вклучуваат масивен „Jeep“, огромен „Power Wagon“ и, се разбира, овој „Hummer H1“, пренесе Јутарњи.хр.

Креацијата е висока 6,6 метри, долга 14 метри и широка 5,8 метри.

„Hummer H1 X3 “целосно го оправдува своето име, бидејќи е три пати поголем од стандардниот „Hummer H1“.

Тој е целосно во возна состојба благодарение на дизел моторите на секое тркало, што значи дека користи и погон на сите тркала.

Внатрешноста на „H1 X3“ не е сосема совршено пресликана како надворешноста, но вклучува некои погодности како тоалет и мијалник.

Шеикот поседува и околу 3.000 други возила, кои обично се украсени со виножита, а се чуваат во џиновска пирамида среде пустина.

Џиновскиот „ Hummer “ моментално е изложен во „Off-Road“ историскиот музеј во Ал Мадам, ОАЕ, но веројатно може да се види и од вселената.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за состојбата настаната како последица на техничката хаварија во зградата на „Нова Македонија“.

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за состојбата настаната како последица на техничката хаварија во зградата на „Нова Македонија“, во која се сместени осум државни институции, како и за досега преземените и планираните активности за санација и целосно нормализирање на условите за работа. Имајќи ги предвид последиците, особено продирањето на вода во дел од електричните инсталации, како и потребата од спроведување на сите неопходни технички и безбедносни проверки пред повторно ставање на објектот во редовна функција, Владата донесе заклучок со кој се препорачува на институциите сместени во објектот да го реорганизираат своето тековно работење односно вработените привремено да ги извршуваат своите работни обврски преку работа од дома, без физичко присуство во зградата.

Оваа мерка се презема исклучиво од превентивни и безбедносни причини, при што приоритет останува заштитата на здравјето и безбедноста на вработените, паралелно со непречено продолжување на работните процеси и функционирањето на институциите. Надлежните служби интензивно работат на санација на последиците и на создавање услови за безбедно и целосно враќање на вработените во објектот, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчини по победата над Турција: Вистинскиот одговор

Италијанската фудбалска репрезентација предводена од Роберто Манчини им ги врати насмевките на лицата на фановите со убедлива победа од 4:1 над Турција во Бурса. 

Манчини по победата над Турција: Вистинскиот одговор

По ремито без голови против Белгија, „Аѕурите“ одиграа многу подобро, особено во нападот. Манчини не сакаше да издвојува поединци, туку одлучи да го пофали целиот тим.

„Сакам да зборувам само за тимот, бидејќи сите одиграа одличен натпревар денес. Беше тежок меч, но му пристапивме на вистински начин; игравме со висока линија и бевме агресивни во текот на целиот натпревар“, изјави Манчини.

Сега за Италија претстои голем предизвик – натпреварот против Франција во Париз.

Иако домаќините ќе бидат без Килијан Мбапе, Манчини смета дека Франција останува главен фаворит за освојување на првото место во групата. „Ќе се обидеме да се опоравиме и да бидеме подготвени за натпреварот во Париз. Сепак, оптимист сум. Имаме многу млади и посвежи играчи кои можат да ни помогнат“, изјави селекторот на Италија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Блокадите на училиштата се шират низ Франција, учениците палеа канти и фрлаа предмети кон полицијата

Француските средношколци продолжуваат со блокирање на училиштата барајќи подобри услови за образование.

Блокадите на училиштата се шират низ Франција, учениците палеа канти и фрлаа предмети кон полицијата

Протестите ескалираа во судири со полицијата, при што учениците палеа канти за отпадоци и фрлаа разни предмети кон полицајците. Демонстрациите пред средните училишта траат уште од минатата недела. Учениците се незадоволни од пренатрупаните распореди, преголемите паралелки и недостигот на наставници, пренесува „Еуроњуз“.

Проблем претставуваат и прегреаните училници по неодамнешните топлотни бранови. Движењето започна во регионот Ил-де-Франс (областа околу Париз), каде што образовните власти забележаа блокади во околу десетина училишта. Оттогаш, протестите се проширија и во други градови низ земјата.

Судири низ Франција

Во Лил, во северна Франција, маскирани ученици се собраа пред средното училиште „Сезар Баџо“. Според фотограф на АФП, тие запалиле канти за отпадоци и уништиле автобуски постојки и билборди. Фрлале шишиња, калдрма и други предмети кон полицијата, која возвратила со солзавец.

Во Нант, на западот од земјата, тинејџери го блокирале влезот на училиштето „Габриел Гист'о“ користејќи десетици канти за отпадоци. Тензично беше и пред училиштето „Араго“ во Париз, каде што околу триесет ученици се соочија со полициски кордон. Слични акции беа пријавени во Марсеј, Бордо и Лион.

Околу осумдесет ученици се собраа пред училиштето „Ламартин“ во Париз. Тие носеа транспаренти со натписи: „повеќе часови на настава отколку спиење“ и „од 8 наутро до 6 попладне – дали сме ученици или затвореници?“. Немири избија и во Рен, пред најголемото средно училиште во Бретања, „Брекињи“, каде што околу стотина ученици фрлаа разни предмети кон зградата.

Политички реакции и поширок контекст

Ученичките протести се одвиваат во време кога синдикатите организираат национални демонстрации и штрајкови против буџетот предложен од владата на премиерот Себастиен Лекорну, близок соработник на претседателот Емануел Макрон.

Се очекува десетици илјади луѓе да се соберат во Париз и во други градови. Наставниците и пожарникарите штрајкуваат низ целата земја, иако јавниот превоз моментално функционира без поголеми прекини. „Гневот е огромен. Ја предупредувам владата дека мора да ги слушне барањата и да го ревидира нацрт-буџетот. Тоа е опасно за земјата и нè води директно кон рецесија со брзина од 200 километри на час“, изјави за „BFM TV“ Софи Бине, лидерката на синдикатот „CGT“.

Една 17-годишна ученичка од гимназијата „Ламартин“, која сакаше да остане анонимна, изјави дека се фрустрирани поради недостигот на ресурси, условите во училниците и пренатрупаните распореди. „Тука сме и за да ги поддржиме нашите наставници, кои работат исклучително напорно за платата што ја добиваат“, изјави таа за „AFP“.

Премиерот Лекорну вчера изјави дека каква било ескалација на протестите во училиштата би била неодговорна. Тој остро ја критикуваше радикално левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI) за поттикнување немири. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез соопшти дека вчера биле уапсени 164 лица и дека протестите опфатиле 180 училишта. „Нема да толерираме неред“, додаде тој.

Во сиромашното париско предградие Сен-Сен-Дени, градоначалникот од редовите на „LFI“, Бали Багајоко, им се придружи на стотици ученици на протестот пред гимназијата „Пол Елијар“. Тој ги предводеше учениците во пеењето на „Марсејезата“ и ги опиша протестите како целосно легитимни. Тој предупреди дека посиромашните области добиваат значително помалку средства од побогатите.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер