Новинарот на телевизијата РАИ, Даниеле Пјервин-Сенци беше нападнат од самиот соговорник среде интервју, откако очигледно му постави незгодно прашање.
Насилникот, идентификуван како Роберто Спада, брат на познат локален мафијаш, прво му удри глава и му го скрши носот на новинарот, а потоа продолжи да го тепа со палка.
Инцидентот се случи во гратчето Остија, околу 35 километри од Рим. Напаѓачот потоа се извинил на фејсбук и соопшти дека реагирал зашто новинарот го исплашил неговиот син. Нему му се закануваа казна затвор до три години.