Видео: Луксузната вила на шефот на руската сообраќајна полиција

Злато,скапи автомобили, пари,луксуз на сите страни.

Објавени неверојатни снимки од домот на притворениот полициски раководител во Русија.

Истражниот комитет на Русија неодамна објави снимки од домот на притворениот шеф на Сообраќајната полиција за Ставрополската територија полковникот Алексеј Сафонов.

Во видеото може да се види целиот луксуз на вилата на шефот на руската сообраќајна полиција. Поголем дел од луксузната вила е обложен со злато, во дворот пред куќата паркирани се неколку скапи автомобили, голема сума на пари.

Во тајната акција биле приведени 35 сообраќајни полицајци од Русија. Според медиумите притворените полицајци се осомничени за примање мито, злоупотреба на службенната положба и други кривични дела.

Се наведува дека притворените земале мито од возачите на голми шлепери камиони кои превезувале обично роба повеќе од дозволената.

Според првичните податоци, приворениот генерал Сафонов се соочува со затворска казна до 15 години и со парична казна до 70 пати поголема од износот на митото кое го примил.

Руски „Иљушин-76“ пристигна на помош во Турција за гаснење на пожарите (ВИДЕО)

Авион на руската служба за итни случаи Иљушин-76 слета денеска во Турција за да им помогне на тамошните власти во гаснењето на пожарот што беснее во околината на Анталија.

Три авиони што Русија ги испрати во Турција, од типот Б-200, веќе се во акција и го гаснат пожарот во околината на Анталија.

Еден од авионите денеска го гаснел огнот неколку часа на потегот помеѓу градовите Анталија и Манавгат, објави ТАСС .

Турските власти побарале помош за гаснење на пожарите во близина на населбите и туристичките зони каде што се руските туристи.

Руското Министерство за одбрана и Руската служба за вонредни ситуации одлучиле да одговорат на барањето на Турција за помош со испраќање 11 авиони за гаснење на пожарите.

Пожарите избувнале во средата, недалеку од одморалиштето Манавгат, јужно од регионот Анталија, поради екстремно високите температури, а во четвртокот огнот се проширил и на други области, вклучително и одморалиштата во Ајдин и Мугла.

Со БМВ блокирала противпожарно возило, па добила лекција (ВИДЕО)

Несовесна жена возач можела да биде среќна поради трпението на пожарникарите.

Видеото објавено на Редит уште еднаш покажува колку краткото застанување на патот е непромислен потег. Вклучувањето на сите четири трепкачи не значи дека сте семоќен, особено на улиците каде што автомобилите се веќе паркирани странично, па паркираниот автомобил им пречи на возилата што се обидуваат да го поминат патот.

Оваа жена возач одлучила да го паркира БМВ -то на патот, веројатно мислејќи дека може да се паркира на неколку минути, бидејќи тоа никому нема да му пречи. Токму тогаш, минувале пожарникари, со вклучени сигнални светла и сирена.

Спротивно на очекувањата, пожарникарите одлучиле да почекаат некое време и да ја повикаат сопственичката со сирена, да го отстрани автомобилот и да им дозволат да поминат непречено. По околу една минута, сопственичката, оди спокојно за да седне во автомобилот. Пожарникарите одлучија да ја почестат со соодветна мелодија. Со оглед на сите работи, таа можела да биде среќна за минималното предупредување.

Патем, во претходните случаи, сопствениците на БМВ кои што биле неправилно паркирани и спречиле пожарникарите да пристапат до хидрантот,останале без стакло.

Полицијата се судри со демонстрантите во Париз на протест против ковид-пропусниците (ВИДЕО)

Илјадници луѓе во Франција протестираа денеска против воведувањето на специјални ковид-пропусници, при што дојде до судири со полицијата.

Демонстрантите маршираа низ Париз, а француската полиција, целосно опремена за немири, турна некои од демонстрантите со тупаници и употреби солзавец против некои од нив, објави АП.

Околу 3.000 припадници на безбедносните сили биле распоредени во француската престолнина за време на третата сабота од протестите.

Полицијата зазеде позиции долж Елисејските полињата за да ја заштити таа авенија од демонстранти.

Четири протести биле одржани во Париз, а маршеви имало и во други градови низ земјата.

Додека учесниците на маршот се движеле кон исток, полицијата истрелала солзавец врз толпата, а облаците чад го исполнија небото.

Во настанатиот хаос беше виден маж демонстрант со крвава глава.

Втората група демонстранти била предводена од лидерот на ултрадесничарската партија Национално собрание, Марин Лепен, додека третата група, која марширала кон Министерството за здравство, ја предводел Флоријан Филипо од партијата Патриот.

Пратениците донеле закон за коронавирусот според кој од 9 август ќе бидат потребни пропусници за движење на повеќето места, бидејќи бројот на заразени лица се зголемува, како и бројот на хоспитализации.

Анкетите покажуваат дека повеќето Французи го поддржувале усвојувањето на законот, но некои Французи се силно против.

За добивање на пропусниците е потребен доказ за вакцинација или брз негативен тест или доказ за неодамнешно закрепнување од „Ковид-19“.

Вакцинацијата на сите здравствени работници е наредено да заврши до средината на септември.

притисни ентер